Законските измени за недела неработен ден во матичната собраниска комисија

Post Views: 2 Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска треба да расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи во прво читање, со којшто се определува недела како ден на неделен одмор за сите, со одредени исклучоци кај работодавачи во дејностите каде работниот процес не дозволува да се направи прекин на работниот процес. –Многу истражувања го утврдуваат значењето на рамнотежата помеѓу професионалниот и приватниот живот, како неопходен елемент во животот на работникот, затоа што оваа рамнотежа придонесува работникот да...

Continue reading

Втора нелегална гинеколошка ординација откри ДЗСИ во Струга

Post Views: 9 Лекарка од Струга, вработена во општата болница, приватно, нелегално  работела  во ординација  на име на прензиониран лекар. Здравствените инспектори вчера  по двочасовно преговарање со сопствениците на објектот, заедно со полицијата влегоа во  објектот  каде затекнале опремена ординација за гинекологија и акушерство. „Објектот воопшто не бил обележан за дејноста. Просторијата во која се одвивала гинеколошко акушерската дејност е во сопственост на д-р З.П.Ш. доктор специјалист по гинекиологија и акушерство, вработена во ЈЗУ Општа болница Струга. При надзорот, приложен...

Continue reading

Две деца од Македoнија чекаат лек за нивната ретка болест

Post Views: 2 „Тешко е да си лекар на пациенти со ретки болести, а истовремено и да си родител кој сака да направи се за своето дете, а јас сум и во двете улоги“, вели д-р Нора Абази Емини од Детската клиника во Скопје. Таа како лекар и родител апелира да се олесни процедурата за пристап кон лековите кои носат надеж за пациентите и нивните семејства. Во моментов отпочната е процедура до Министерството за здравство за да се набави лек за две деца, брат и сестра, кај кои е дијагностицирана ретка болест. Еден на 100.000 луѓе е некој што има ултра ретко заболување на ниво на државата...

Continue reading

„СТОП НА ДОМАШНОТО НАСИЛСТВО. БИДИ ХРАБРА“

Post Views: 3 Во организација на сопругата на бугарскиот амбасадор во земјава, Билјана Ангелова, а со поддршка на Општина Охрид во недела (12.12. 2021) со почеток во 12 часот на плоштадот „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи настан кој е дел од кампањата „СТОП на домашното насилство. Биди храбра!“ Охриѓанки кои ќе бидат дел од случувањето преку порака која ќе ја напишат на својата дланка ќе дадат тивка поддршка на жртвите од семејното насилство. На настанот ќе присуствуваат претставнички од Здружението на ретки болести „Ретко е да си редок“, Здружение на жени „Бисера“, Здружение „Опција...

Continue reading

„Новиот светски поредок“ на австралиската министерка за здравство ги разбуди теоретичарите на заговор

Post Views: 7 Фразата нов светски поредок, употребена од здравствен функционер во Австралија, искористена на Фејсбук за пласирање дезинформација дека тоа е основата на целата пандемија со ковид 19. Објава на Фејсбук, пренесувајќи ја изјавата на шефицата на јавното здравство во Австралија, ја шири добро познатата теорија на заговор за нов светски поредок, која се актуелизираше со појавата на пандемијата на корона вирусот. Во објавата се наведува, меѓу другото, следново: Новиот светски поредок беше само теорија на заговор и во главите на забеганите, а сега е реалност која почнуваме...

Continue reading

Казни од 5.000 евра во Грција за лажен сертификат за вакцинација

Post Views: 3 Казни за работодавците во приватните здравствени центри во случај да имаат невакциниран вработен, но и казни за поседување или издавање лажен сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19, предвидува амандманот од Министерството за здравство на Грција доставен во грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Секој кој ќе се обиде или ќе успее да добие сертификат за вакцинација, а не е вакциниран, или потврда за прележан Ковид-19, а не бил болен, како и за секој вработен, кој на било каков начин учествува во издавањето лажен сертификат за вакцинација,...

Continue reading

Твитер го блокираше профилот на Венко Филипче

Post Views: 11 Твитер го блокираше официјалниот профил на министерот за здравство, Венко Филипче, поради „забележана необична активност од овој профил.“ Сепак, корисниците сѐ уште можат да пристапат на неговиот профил, но само откако ќе го прочитаат предупредувањето објавено од социјалната мрежа.

Continue reading

Конечно ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во Струга

Post Views: 12 Сопственикот на хидроцентралите во Горна Белица, Кочо Ангушев во договор со ЈП Водовод Струга се обврзал со заеднички тимови да ја скенираат состојбата на каптажите и да обезбедат чиста вода за граѓаните. Надлежните најавија и еднаш месечно чистење на резервоарите. „Составивме две групи тимови од наша и нивна страна за да се согледа каква е ситуацијата. Ќе се направи стратегија, се сложивме ако е тука проблемот со негови средства да го реши тој проблем . Петтата каптажа од каде земаат вода ако не е таму ке бараме низ цела линија да се реши проблемот еднаш засекогаш“...

Continue reading

Д-р Александар Петличковски нов претседател на Комисијата за заразни болести

Post Views: 0 Комисијата за заразни болести од денес во нов состав и со неа ќе раководи професорот и директор на Институтот за имунологија професор д-р Александар Петличковски, објави министерот за здравство, Беким Сали. Досегашниот претседател епидемиологот д-р Жарко Караџовски останува во нејзиниот состав, додека Д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом, Скопје е поставен за нов портпарол на Комисијата. Во новиот состав се и охриѓанката Др.Марија Димзова, специјалист инфектолог, која ќе биде научен соработник и Милена Стевановиќ од Инфективна клиника, Фадил Цана од Инфективна клиника...

Continue reading

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ОХРИД СОС

Post Views: 2 Денеска, градоначалникот Кирил Пецаков, оствари средба со претставници на „Охрид СОС“. Целта на средбата беше во насока на воспоставување подобра комуникација која ќе резултира со идеи и проекти кои ќе бидат во интерес на градот. На средбата градоначалникот ги информираше за тековните проекти што се реализираат, како и за идните проекти и за активностите кои се преземаат за заштита на животната средина во текот на нивната реализација. Дискутирани беа повеќе идеи и предлози кои претставниците на „Охрид СОС“ ги презентираа. Заеднички беше констатирано дека ваквите средби...

Continue reading

Вакцинираните мајки што дојат не си ги убиваат бебињата!

Post Views: 1 Врз база на анонимна пријава до системот ВАЕРС, дека починало бебе откако мајката се вакцинирала, се конструира невистинит заклучок дека мајките што дојат, а ќе се вакцинираат, си ги убиваат своите новороденчиња. Рецензираме објава на Фејсбук во која се тврди дека мајките кои се вакцинирани против ковид, се „убијци на своите бебиња“. Тврдењето се темели на пријава во американскиот онлајн систем за несакани ефекти од медицински средства и од лекови ВАЕРС. Оваа онлајн платформа како што веќе претходно имаме објаснето, дава можност секој, било да е граѓанин или пациент,...

Continue reading

Половина милион вакцини пристигнаа во Косово

Post Views: 5 Во Косово попладнево пристигна пратката од 503.100 дози анти-ковид вакцини „Фајзер”, кои се донација од Соединетите Американски Држави во рамки на програмата КОВАКС, јави дописникот на МИА од Приштина. Министерството за здравство на Косово објави дека истовремено со американската донација, во земјата стасале и 53.820 дози вакцини, како дел од билатералниот договор на косовската Влада со производителот „Фајзер”. Со вакцините кои ги прими денеска и со оние со кои веќе располага, косовското МЗ очекува масовната вакцинација против Ковид-19 да се зајакне понатаму, со цел...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top