НАБАВЕНИ ДЕСЕТ МОТОРНИ ЧИСТАЧИ НА СНЕГ

Post Views: 9 Општина Охрид набави десет нови моторни чистачи на снег со дувалка.Во ЈП „Охридски комуналец“ денес беа презентирани новите моторни чистачи на снег со дувалка, што ги набави општина Охрид. Во рамки на презентацијата беше извршена и обука на вработените од јавното претпријатие за ракување на новата механизација. Вкупната вредност на набавката изнесува 755 200 денари.Моторните чистачи ќе придонесат за полесно и поефикасно расчистување на снегот на пешачките и велосипедските патеки и тротоарите.

Continue reading

logo

Зголемен бројот на барањата за азил

Post Views: 3 Бројот на поднесени барања за азил во развиените западни земји се зголемил за 10 отсто во првите шест месеци оваа година, а 80 отсто од тие барања доаѓаат од Авганистан. „Вкупно 185.000 барања се поднесени од јануари до јуни оваа година, посебно поради лошата состојба во Авганистан и Сомалија“, се наведува во соопштението објавено во среда во седиштето на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци(УНХЦР) во Женева. Од тој број, околу 12.000 Авганистанци и 11.000 Сомалијци побарале азил во 40 индустриски развиени држави.И покрај тоа, Ирачаните и натаму поднесуваат...

Continue reading

НОВИ ИНФОРМАТИВНИ ТАБЛИ НА КУЛТУРНИТЕ ЗНАМЕНИТОСТИ ВО ОХРИД

Post Views: 0 Локалната самоуправа во соработка со НУ„Завод и Музеј“, како дел од своите програмски активности го реализираше проектот за поставување на информативни табли на објектите кои се означени како културно наследство во Охрид. Информативните табли се поставени за полесно информирање на бројните посетители за значењето и суштината на знаменитостите. Текстовите на таблите содржат важни информации за објектите и се во насока на афирмација и промоција на oхридската култура и развој на културниот туризам. Таблите се поставуваа во согласност со Одобрението издадено од Министерство...

Continue reading

За една година Велика Британија ќе падне во рецесија

Post Views: 0 Британија најверојатно ќе потоне во рецесија во рок од една година по минатонеделната одлука за излез од Европската унија, а ќе се успори и растот на светското стопанство, порачуваат аналитичарите од Goldman Sachs. “Очекуваме дека британското стопанство до почетокот на 2017 ќе потоне во блага рецесија”, ги предупредија своите клиенти од инвестициската американска банка Goldman Sachs. Тие проценуваат дека поради одлуката за излез на Британија од ЕУ стопанството во следните 18 месеци вкупно ќе изгуби 2,75% од БДП, а очекуваат и негативни последици по американското и европските...

Continue reading

zeleznicka nesreka

Тешка железничка несреќа во Индија

Post Views: 1 Меѓу 10 и 15 лица загинале во судар на два воза во близина до индискиот град Матура. Според CNN  и IBN од возовите биле извадени телата на 15 лица, а во смачканите вагони се приклештени меѓу 40 и 50 лица. Телевизијата NDTV соопштува за меѓу 10 и 12 загинати.Сударот се случил во 5.30 часот по локално време (на полноќ по Гринич).Портпаролот на индиските железници истакна дека едниот воз запрел на црвен семафор, додека другиот влетал во него одзади.Несреќата се случила во близина на областа каде се наоѓа мавзолејот Таџ Махал, на 210 километри југоисточно од Њу Делхи. {loadposition...

Continue reading

Трибина „Ги запознаваме ретките болести 2020“

Post Views: 0 Во организација на Форумот на жени при СДСМ Охрид и Струга, на 21ви февруари (петок), во големата општинска сала во Охрид, ќе се одржи трибина насловена „Ги запознаваме ретките болести 2020“.Пред присутните ќе говорат Гордана Лолеска, член на здружениео „Живот со предизвици“ и министерот за здравство, д-р Венко Филипче. Почетокот на трибината е закажан за во 19 часот.

Continue reading

tabla

Одбиени жалбите на СЈО

Post Views: 1 Дефинитивно нема притвор за Миле Јанакиески, Едмонд Темелко и уште две од вкупно деветте осомничени лица во случајот „Титаник“, пренесува „Телма“. Кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 попладнево одби четири од жалбите, кои Специјалното јавно обвинителство ги поднесе откако судиите во претходна постапка, по маратонските испитувања во петокот и во понеделникот, ги одбија сите барања за одредување мерка притвор на осомничените. Кривичниот совет составен од тројца судии, по секој поединечен предмет по жалба на обвинителството, во кој како членови на совет учествуваа...

Continue reading

John Fokner

Австралија размислува за повлекување на своите војници од Авганистан

Post Views: 0 Владата на Австралија размислува за повлекување на австралиските војници од Авганистан, најави денеска австралискиот министер за одбрана Џон Фокнер. Тој во изјава за радиото Еј-Би-Си рече дека побарал од експертите да проценат кој е најкусиот рок во кој Австралија ќе може „да го прекине својот исклулчитечно голем ангажман“ во Авганистан. Во составот на Меѓународните сили за поддршка на безбедноста (ИСАФ) во Авганистан се наоѓа и контингент од 1.500 австралиски војници. Од нив 450 беа испратени како засилување за време на претседателските избори во Авганистан и треба...

Continue reading

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ

Post Views: 1 Во одбележувањето на Денот на ретките болести 29-ти февруари, на иницијатива на граѓанскиот активист Гордана Лолеска, општина Охрид ќе се вклучи на уникатен начин. Од вечерва, од 19 часот, па се до 29- ти февруари, зградата на општина Охрид, секоја вечер во траење од 5 часа ќе биде осветлена со зелена, розева и сина, кои се заштитни бои на кампањата за Денот на ретките болести. За прв пат во земјава една јавна институција ке биде осветлена со боите на ретките болести. Овие 5 часа осветлување се симболика за 5% од пациентите со ретки болести низ целиот свет за кои има...

Continue reading

fzom

Фондот за здравство отвора аптекарска станица во струшкото село Ливада

Post Views: 7 Фондот за здравствено осигурување отвора аптекарска станица во струшкото село Ливада. Според зборовите на директорот на Фондот, Сашо Стефаноски оваа аптекарска станица со работа ќе започне од 1ви октомври со што жителите на ова населено место ќе имаат можност токму во местото каде што живеат да си ги набават потребните лекови. „Со овој проект, со проектот „Аптекарски станици“ заедно со Министерството за здравство се трудиме да ја доближиме достапноста на лекови до граѓаните кои живеат во руралните средини. До овој момент се отворени 66 аптекарски станици кои покриваат...

Continue reading

Dmitri Medvedev

Медведев во посета на Белград

Post Views: 5 Претседателот на Русија, Дмитриј Медведев треба да допатува во вторник во посета на Белград, што е прва посета на руски претседател на Србија. Над илјада полицајци ќе го обезбедува градот, а ќе бидат ангажирани и хеликоптерски единици, како и специјални и антитерористички единици. Претстојните средби на претседателот на Русија, Дмитриј Медведев во Белград треба да го потврдат „особено пријателскиот, взаемно корисниот и стратешкиот карактер на српско – руските односи“, соопштија во понеделник извори од Кремљ. Според најавите, за време на посетата ќе се одржи средба...

Continue reading

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ИЗРАЕЛ

Post Views: 2 Градоначалникот Константин Георгиески деновиве престојува во работна посета на Израел. Во текот на вчерашниот ден, градоначалникот оствари средба со Ран Куник, градоначалник на градот Гиватаим, на која се разговараше за продлабочување на соработката помеѓу двата града и потпишување на меморандум за соработка. Исто така се разговараше и за размена на искуства за искористување на иновациите и техничко технолошкиот развој за подобро функционирање на урбаните средини. Градоначалникот Георгиески ја посети и Опсерваторијата и Центарот за наука, а беше во посета и на едно од...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top