Post Views: 5
Најмалку седум лица загинаа во вооружен напад во среда врз објект на Обединетите нации(ОН) во Кабул.
Одговорноста за нападот, во кој загинаа и три лица на персоналот на ОН, го преземаа талибанците.
Портпаролот на талибанците Забиулах Муџахид изјави дека нападот е предупредување пред претстојните претседателски избори. Тој додава дека нападот го извршиле тројца самоубијци вооружени со експлозив и автоматски пушки.
Талибанците пред три дена преку официјално соопштение им се заканија на сите што работат на претседателските избори.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Утрово во 2 часот и 30 минути автомобил рено меган со голема брзина удрил во излезниот терминал на рампите кај поштата. Терминалот и рампите се целосно уништени, информираат од ЈП Билјанини извори. Поправката ќе биде завршена најдоцна до среда и граѓаните непречено ќе може да ги користат рампите. Дотогаш влезот и излезот ќе го контролираат вработените на паркинзите, објаснуваат од јавното претпријатие. Причините за сообраќајната незгода ќе ги утврдува полицијата.
Post Views: 7
Без струја, со рачно ѕвоно кое го означува почетокот на часовите, без неопходните компјутери и интернет конекција потребни за функционирањето на училиштата.
Струшките основни училишта продолжуваат со функционирање во овие отежнати услови. Основците од „Браќа Миладиновци“ според најавеното денес го бојкотираа првиот час од наставата, додека останатите часови ги држеа скратено со цел да се заврши пред да падне првиот мрак и со тоа да изчезне и последната надеж за нормална настава. Од таму велат дека се надеваат на скоро решавање на проблемот. Слична ситуацијата и во основното...
Post Views: 5
Германската канцеларка Ангела Меркел и нејзиниот кабинет во среда треба да положат свечена заклетва, пред германскиот Бундестаг.
Новата германска влада е составена од христијанските демократи (ЦДУ/ЦСУ) на Ангела Меркел и либералите (ФДП) на Гвидо Вестервеле, кој според коалициониот договор, потпишан во понеделникот ќе биде вицеканцелар и шеф на дипломатијата.
Германската канцеларка Меркел во среда вечер треба да отпатува на својата прва посета во странство и тоа во Франција, каде ќе се состане со шефот на државата Никола Саркози.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Во Охрид е најнизок процентот во цела држава на вакцинирани девојчиња од ХПВ вирусот. Иако вакцината е четириваленттна и заштитува од четири типови на карцином на грлото на матката , сепак родителите сеуште се скептични за нејзините позитивни дејства. Потребна е поголема информираност, едукација, но и поддршка од здравствените работници. „Многу од родителите одбиваат нивните деца да ја примат вакцината и тоа за жал по препорака на здравствените работници кои се против вакцинирањето на децата на 12годишна возраст.“ вели д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.
Најдобро...
Post Views: 2
Ирачкиот огранок на „Ал Каеда“ – Исламска држава Ирак, ја презеде одговорноста за двојниот напад во кој во неделата во Багдад загинаа најмалку 155 лица.
Ова во вторник го објави американскиот Центар за надзор на исламистичките Интернет страници СИТЕ.Соопштението на Исламска држава Ирак, во кое што се презема одговорноста за двојниот напад на зградата на покраинската управа и Министерството за правда во центарот на главниот ирачки град, објавено е на интернет страницата на Џихад.Ирачкото Министерство за внатрешни работи соопшти дека во два атентати се убиени 155...
Post Views: 9
Голема полициска акција претпладнево се одвива во населбата Диво Насеље во Куманово, а од Министерството за внатрешни работи ова го потврдија за МИА. Оттаму најавуваат повеќе детали за полициската акција во текот на денот.
Неофицијално станува збор за акција за спречување на трговија со наркотици.
Алсат објави снимка каде се гледа дека полициски службеници опколија куќа од сите страни.
Видеото погледнете го ТУКА.
Post Views: 1
Нема финансиски средства за енерегетска ефикасност за Центарот за култура „Григор Прличев“. Ресорното министерство не дало зелено светло за проектите со кои центарот аплицирал за подобрување на енергетска ефикасност на објектот. Станува збор за огромен простор кој во зимскиот период тешко се загрева и брзо се лади.
„Не добивме пари. Имавме аплицирано со проект да се замени дограмата во НУ. Не беше одобрена програмата, побаравме со проект да се сменат и влезно -излезните врати, во двете сали и тој проект беше одбиен. Во тој поглед не сум задоволен , но не се откажуваме...
Post Views: 7
Руските власти соопштија во вторник дека две жени починале од грипот Х1Н1, што се први смртни случаи во Русија.
„Дијагнозата на грипот А потврдена е кај две жени што имаа запаление на белите дробови“, изјави лекарот Генадиј Онишченко.
Една од жените била бремена и лекарите не успеале да го спасат плодот.
„Двете жртви, на возраст од 29 и 50. години, починале во Чита, во источен Сибир“, рече Онишченко.
{loadposition content9}
Post Views: 2
Министерството за здравство соопшти дека ќе го набави „молнупиравир“, единствениот лек за ковид-19.
Министерството стапи во контакт со производителот на лекот, компанијата МСД, и за кратко време ќе започнат преговорите за негова набавка – велат од МЗ.
Лекот Молнупиравир е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на ковид -19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50 отсто.
Првите апчиња против коронавирус ќе...
Post Views: 1
Петто членото семејство Хусоски од Охрид живеат во крајно субстандардни услови. Потстанари се во една изнајмена соба за која плаќаат месечно 3000 денари кирија. Покрај тешките услови во кои живее ова семејство, две од трите малолетни деца имаат сериозни здравствени потешкоити. Парите кои ги заработува сопругот и детскиот додаток за трето дете кое го зема Нермина не им стасуваат за купување лекови и патни трошоци за лекување во скопските Клиники , вели младата мајка. 36 годишната Нермина Хусоска апелира да и помогне заедницата нејзините три деца да добијат нормални услови...
Post Views: 3
Силен земјотрес со интензитет од 6,1 степени по Рихтеровата скала синоќа ја погоди Панама, соопшти Американскиот геолошки инстуитут.
Епицентарот на земјотресот регистриран е 194 километри јужно од градот Давид, на длабочина од 10 километри.Се уште нема информации за евентуалните човечки жртви и причинетата материјална штета.
{loadposition content9}