proakva

Различни ставови за исправноста на водата за пиење во Струга

Post Views: 7 Во Струга водата за пиење денес е исправна, тврдат од ЈП Пораква Струга. Оваа информација стигнува  по издадената наредба на Агенцијата за храна стружани да не ја користат водата за пиење од градскиот водовод, а врз основа на анализите на водата од Центарот за јавно здравје дека изминатиов викенд во струшката водоводна мрежа се откриени бактерии. Иако системот два дена останал без хлор,  веќе  од петокот хлорот е набавен и системот за водоснабдување се хлорира, тврди Аднан  Речи раководител за исправноста на водата за пиење во струшка Проаква. „Им препорачуваме да пијат...

Continue reading

logo

Судот во Милано осуди агенти на ЦИА

Post Views: 8 Италијанскиот суд прогласи за виновни 23 американски и двајца италијански тајни агенти на ЦИА, за киднапирање на египетски духовник во 2003. година. Тогашниот раководител на централата на ЦИА во Милано Роберт Шелдон Лејди беше осуден на осум години затвор, а останатите Американци добија по пет години. Сите осудени беа отсустни од процесот. Двајцата Италијанци заработија тригодишни казни. Директорот на ЦИА за Италија Џефри Кастели и директорот на италијанското воено разузнавање Николо Полари се повикуваат на заштита на државните закони за безбедност, соопшти судијата...

Continue reading

Кабелските оператори ќе го прекинат реемитувањето на домашните и странските ТВ канали

Post Views: 2 Прекинато ќе биде реемитување на сите домашни и странски ТВ канали преку македонските кабелски оператори. Тие ќе го пренесуваат само јавниот сервис – МТВ1, МТВ2 и Собранискиот канал. Ова едногласно го одлучи Здружението на информатичко – комуникациски технологии. Во соопштението упатено до медиумите се вели дека здружението се одлучило на овој чекор заради новите измени на Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги што Собранието го донесе на 16.02.2020 година, на денот на распуштањето, по скратена и нетранспарентна постапка и без претходна јавна расправа....

Continue reading

Phor i Kosor

Словенија и Хрватска го потпишуваат арбитражниот договор

Post Views: 1 Словенија и Хрватска би требало во среда во Шведска да го потпишат арбитражниот договор за границата. Ова на словенечката државна телевизија го изјави премиерот на Словенија Борут Пахор, при тоа додавајќи дека договорот ќе биде потпишан без хрватската изјава за тоа дека текстот на договорот не прејудицира решение. Пахор претходно рече дека Хрватска има суверено право во постапката на ратификација на договорот да донесе и изјава, но дека таа може да има политичко, но не и правно значење и дека не може да влијае на содржината. Пратениците во хрватскиот Сабор во понеделник...

Continue reading

Омикрон предизвикува откажувања на летови ширум светот

Post Views: 2 Продолжуваат откажувања на летови бидејќи се повеќе пријавени на заразени има во екипажите на авиокомпаниите ширум светот. Според FlightAware, кој ги следи доцнењата и откажувањата, имало вкупно 2.395 откажувања на летови ширум светот во понеделникот, од кои 869 влијаеле на летовите во или надвор од САД. Околу 6.342 летови се одложени ширум светот, а 1.602 доцнења влијаеле на летовите во САД. За време на божиќниот викенд, уште илјадници летови беа откажани, оставајќи ги патниците заглавени на аеродромите. Сезоната на празници е најпрометниот период од годината за авионски...

Continue reading

ИНТЕНЗИВНИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА УЛИЦАТА „15-ТИ КОРПУС“

Post Views: 8 Во тек се интезивни градежни активности од правата фаза за поставување на атмосферска канализација на улица „15-ти Корпус“ на потегот од Здружение на возачи до мостот на реката Сушица. Се работи за канализациона мрежа со вкупна должина од 610 метри и тоа со дијаметар Ф400 со должина од 220 метри и со дијаметар Ф315 со должина од 390 метри. Според планираното, предвидено е да бидат поставени 21 ревизиона шахта и 37 сливници. Активностите на терен ги изведуваат екипи на ЈП „Нискоградба“ и истите се очекува да завршат за околу две седмици. По поставување на атмосферската...

Continue reading

Michael Blumberg

Мајкл Блумберг по третпат избран за градоначалник на Њујорк

Post Views: 0 Градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг по трет пат е избран на оваа должност на вчерашните делумни локални и државни избори во САД. Според 91 отсто од преброените гласови, поранешниот републиканец Блумберг, кој сега настапи како независен кандидат, освоил 50 проценти од гласовите, додека неговиот главен противкандидат, демократот Бил Томпсон 47 отсто.Сепак ваквите изборни резултати претставуваат изненадување, од причина што според предизборните анкети, се очекуваше Блумберг да победи со над десетпроцентна предност.Според американските медиуми, за изборната кампања...

Continue reading

Модуларна болница Охрид

17 новозаболени од Ковид-19 во Охрид

Post Views: 1 Во изминативе 24 часа се евидентирани нови 490 случаи на заразени со Ковид-19 од направени 3.073 тестирања. Речиси половина од нив се во Скопје. Според податоците кои ги објави Министерството за здравство, во Скопје има нови 223 случаи, во Куманово 38, Прилеп 33, Велес 32, Штип 24, Битола 20, Кавадарци 19, Охрид 17, Крива Паланка 16 и Кочани 10. Во Кичево има осум нови случаи, Македонска Каменица шест, Гевгелија пет, Струмица, Радовиш и Пробиштип по четири, Тетово, Делчево, Виница, Валандово, Кратово и Демир Хисар по три, Гостивар, Струга и Неготино по два и Свети Николе,...

Continue reading

Доцнат работите околу изградба на новото спортско игралиште кај касарната

Post Views: 7 Жителите на населбата „Радојца Новичиќ“ сеуште чекаат да добијат нов уреден простор за спортување. Тие години наназад реагираат дека младите, но и повозрасните кои сакаат да се занимават со некакви спортски активности немаат во близина никаков спортски терен. Потенцираат дека во оваа населба се наоѓа и училиштето „Кочо Рацин“, па навистина повеќе од потребно е да се реализира еден ваков проект. Јавното претпријатие „Градски гробишта“ уште пред речиси една година започна со уредување на две спортски игралишта во склоп на некогашната касарна на АРМ, и на едно детско игралиште...

Continue reading

logo

Самит ЕУ – САД

Post Views: 0 Лидерите на Европската унија и САД ќе се сретнат во вторник на самитот во Вашингтон посветен на климатските промени, финансиската криза и ситуацијата во светот, првенствено во Авганистан и Иран. Делегацијата на ЕУ на состанокот со американскиот претседател, Барак Обама ќе ја предводи шведскиот премиер Фредерик Рајнфелт, чија што држава во моментот е претседавач со Унијата. Според најавите, на самитот во Вашингтон ќе учествуваат шефот на шведската дипломатија , Карл Билт, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и високиот претставник на ЕУ; Хавиер Солана. Станува...

Continue reading

Филипче: Граѓаните, ако немаат итни потреби, да ги одложат патувањата во критичните региони во Италија

Post Views: 1 Со бесконтактен пиштол за мерење на телесната температура ќе се прави скрининг на патниците кои ќе пристигнат на од ризични дестинации и на аеродромот во Охрид. Ова е една од одлуките на Комисијата за заразни болести, која заседаваше денес по новонастаната состојба со корона вирусот и проширувањето на вирусот во Италија.Степенот на подготвеност се подигнува на повисоко ниво, а Комисијата донесе и нови, зајакнати мерки за превенција од и справување со евентуални заболени, кои дополнително ќе бидат координирани на денешниот состанок со Центарот за управување со кризи (ЦУК)...

Continue reading

Лондон

Лондон, а не Њујорк сега е главен финансиски центар во светот

Post Views: 0 Лондон го замени Њујорк како главен финансиски центар во светот, објави во најновиот број магазинот Њузвик, кој се повикувана анализа на Светскиот економски форум (СЕФ). Во листата на 55 држави СЕФ анализирал 120 фактори како клима, размер на берзи, степен на развој на техничка инфраструктура, човечки капитал и пристап до потрошувачки и трговски кредити. И покрај економските проблеми, Велика Британија води на таа листа. Втора е Австралија, а САД се трети. Според анализата, Австралија е девет места повисоко поради висока финансиска стабилност, низок државен долг и лесен...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top