Post Views: 1
Во базиликата Св. Петар во Рим, пред почетокот на божиќната миса, една жена ја прескокна заштитната ограда и го сруши на земјата папата Бенедикт XVI.
Папата бил нападнат додека се движел кон олтарот. Според првичните информации, жената која го нападнала најверојатно е ментално пореметена личност. Таа била веднаш уапсена од полицијата во Ватикан.Папата по нападот веднаш станал и продолжил со мисата.Ова не е прв ваков инцидент. Минатата година, повторно жена тргна кон папата, по што тој се сопна и малку фалеше да падне од балконот на базиликата Св.Петар.
{loadposition...
Post Views: 8
Граѓаните деновиве многу почесто од вообичаено го вртат бројот на Итната медицинска помош. Зголемениот број на повици се однесуваат на здравствени проблеми од кои граѓаните креваат паника, вели д-р Ајсел Зејноска, директорот на Здравствен Дом.
„Дуплирани се повиците затоа што граѓаните паничат викаат за обична настинка, зголемена температура, вртат на 194, тимовите на итна медицинска помош се должни да дојдат на повик, ги смируваат пациентите. Апелирам да сите да се смират, трезвено да се придржуваат на сите препораки на министерството за здравство и се ќе биде во ред,...
Post Views: 8
До информативната редакција на ТВМ ТелевизијА стигна соопштение од Советот на месната заедница Радожда јавно во кое стои дека оттаму јавно бараат од МВР поголемо присуство на полицијата поради се почестите случаи на криминал кои се случуваат во селото во изминатиот период.
„Селото кое е познато по туризмот почнува да станува познато по криминал.Селото кое е на самата граница со Албанија криминалците го користат за шверц и меѓуграничен криминал. Црквите се на постојана мета на крадците, остануват празни без икони, иконостаси кои се од непроценета вредност и се дел од...
Post Views: 2
Осумнаесет лица загинаа во силното снежно невреме, проследено со леден дожд, кое во пресрет на Божик го зафати централниот дел на САД.
Невремето предизвика проблеми во патниот сообраќај и го отежна движењето на луѓето за време на Божик. Портпаролот на Националната метеоролошка служба ги посоветува граѓаните да се откажат од плановите за патување и да не се доведуваат во опасност.Невремето го зафати централниот дел на САД од канадската граница до Тексас.Во северните делови снежната бура може да предизвика формирање на 60 сантиметарска снежна покривка, додека на југ беше...
Post Views: 5
Согласно оперативните мерки кои ги презема Општина Охрид за превенција од ширењето на Корона вирусот Ковид-19, во текот на изминатите денови се изврши дезинфекција на основните училишта: „Григор Прличев“, „Братство Единство“, „Методи Патче“, „Живко Чинго“, „Кочо Рацин“ и „Христо Узунов“, како и на ОУТУ „Ванчо Питошески“ заедно со ученичкиот дом.
До крајот на оваа седмица ќе се изврши дезинфекција и на преостанатите основни и средни училишта на подрачјето на општината.
Post Views: 5
Италијанскиот производител на автомобили “Фиат” потпиша договор со српската влада за купување на автомобилски фабрика “Застава”, откако ја плати првичната сума од 100 милиони евра, соопшти радио Б92.
“Фиат” ќе поседува 67 отсто од компанијата, а српската влада – останатите 33 отсто. Фабриката “Застава” се наоѓа во Крагуевац и е со производствен капацитет од 200 илјади автомобили годишно. Се очекува италијанскиот автомобилски гигант да плати уште 100 милиони евра во 2010 година.
Договорот во среда го потпишаа потпретседателот...
Post Views: 5
На 16.02.2022 година во 14.30 часот во стовариште на деловен објект на улицата „15 корпус” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од В.А.(31) врз вработениот Т.Б.(42), двајцата од Охрид.
Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 1
Деновиве започна чистењето на секундарната канализациона мрежа на улицата „7ми Ноември“ на потегот од кружниот тек кај ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ до кружниот тек кај „Охридска Банка“.
Овие активности се дел од санацијата на главниот копнен канализациски колектор од населбата Лагадин до Охрид и на делот на главниот копнен канализациски колектор од Охрид до Струга.
Инвеститор на работите е ЈП „Колекторски систем“ Охрид, а работите ги изведува компанијата „ЕКО Теам“ ДОО од Скопје и „ИНД ЕКО“ ДОО од Ријека, Хрватска.
Post Views: 0
Повеќе од 11.500 лица починале во светот од последиците на свинскиот грип, од откривањето на вирусот во април, па си до сега, соопшти Светската здравствена организација(СЗО).
Според истиот извор, вирусот го достигнал својот врв во последните месеци, најмногу на северната полусфера на планетата со настапувањето на зимата.
Од СЗО додаваат дека според официјални податоци од 208 земји во светот, бројот на жртвите од опасната болест до 20. декември изнесува 11.516 лица.
{loadposition content9}
Post Views: 1
По повод 23 октомври – Денот на Македонската револуционерна борба, градоначалникот Константин Георгиески упати честитка до граѓаните на Охрид.
– Во овој датум и во овој ден, содржани се сите наши борби, стремежи и идеали за самостојна македонска држава. Генерации наши револуционери и борци ги вградиле своите животи, водени од идеалот за самостојна држава, за праведен живот и социјална еднаквост. Денес, ние им се поклонуваме на сите кои придонеле да ја имаме нашата дражава, која ја градиме како заеднички дом за сите граѓани. Пред нас денес стојат нови искушенија и предизвици,...
Post Views: 19
Наќе Чулев, техничкиот министер за внатрешани работи инфромира за 14 нелегални обиди на граѓани да го напуштат кризното подрачје во Дебар и Центар Жупа . Тие се обиделе да ги напуштат Дебар и Центар Жупа без лекарска согласност и биле спречени од полицајците кои го обезбедувале реонот.
„Од страна на одделот за Специјални полициски операции, има 14 обиди за напуштање на кризното подрачје без лекарска согласност тоа е на подрачјето на општина Дебар и Центар Жупа. Извршено е обезбедување и придружба на 22 дотури на намирници на територија на кризното подрачје. Овозможено...
Post Views: 9
Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала го погоди изутринава индонезискиот остров Суматра, а засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета, соопшти индонезискиот Геофизички институт.
Потресот е регистриран во 8:11 часот по локално време (1:11 по Гринич) на 56 километри југоисточно од островите Ментаваи, на длабочина од десет километри. Половина час подоцна е регистриран и втор потрес со интензитет од 5,3 степени.Земјотрес со интензитетот од 7,6 степени според Рихтеровата скала на 30 септември го погоди западното крајбрежје...