Post Views: 2
Министерот за здравство д-р Венко Филипче на утринска координација со членови на Комисијата за заразни болести разговараа за епидемиолошката состојба во Тетово и се договорија до ГККШ на Владата да предложат нови мерки за овој регион, како би се спречило рапидното ширење на вирусот Ковид 19.
Состојбата во Тетово е крајно сериозна и новиот бран е веќе пристигнат, а тоа беше за очекување бидејќи состојбата е слична секаде во регионот. Летните одмори донесоа голема фреквенција на движење и тоа беше очекувано, оттука мора да се вратат одредени мерки на сила за да се спречи...
Post Views: 5
Во Струга епидемиолошката слика е стабилна. За разлика од други градови во земјава каде се бара болнички кревет повеќе, во струшката болница има само 13 хоспитализирани пациенти на Интерното одделение. Модулараната болница со капацитет од 35 легла со централен довод на кислород засега е празна, не е отворена бидејки се` уште нема потреба. Во болницата се лекуваат повозрасни пациенти над 60 години и повеќето не се со тешка клиничка слика.Надлежните велат будно се следи состојбата и подготвени се и за наплив на заболени.
„Подготвени сме и за други сценарија и од...
Post Views: 2
ЈП „Охридски Комуналец“ уште еднаш покажа дека се грижи за своите вработени.
Надлежните на Јавното претпријатие обезбедија топли оброци за сите 92 лица кои беа вклучени синоќа во расчистувањето на снегот од охридските улици и околината на Охрид. Беше поделен и топол чај кој беше обезбеден од кафе барот „Инстинкт“.
Post Views: 1
Со петнаесет точки на дневниот ред, од кои дванесет беа посветени на разрешување на старите и избор на нови членовите во Управните и надзорните одбори на јавните претпријатија, денес се одржа петтата седница на Советот на Општина Охрид.
Со мала дискусија, мнозинството сооветници ги донесе одлуките за избор на нови членови во управните и надзорните тела.
Другите четири точки од дневниот ред кои се однесуваа за определување на надоместок за членовите на Општинската изборна комисија и избирачките одбори и усвојување на елаборати за проценка на штети од временски непогоди,...
Post Views: 3
Наспроти тврдењето во постот дека коронавирусот не постои, тој е изолиран во лабораторија како вирус на 7 јануари 2020 година. Вирусот се шири од устата на инфицирано лице или од течноста во носот кога инфицирано лице кашла, кива, зборува, пее или дише. Овие честички се мали респираторни капки или аеросоли. Тековните докази наведуваат дека вирусот се шири главно меѓу луѓе што се во близок контакт, типично во опсег од 1 метар. Никако преку авиони, стотици метри над површината на земјата. ПЦР тестот којшто се споменува во овој пост, не детектира некакви „токсични наночестички“,...
Post Views: 0
Бројот на екстремно топли денови, во кои температурата достига 50 степени целзиусови, се дуплирале од 1980-тите години, покажува глобална анализа на Би-Би-Си.
Истовремено ваквиве денови се случуваат во многу повеќе места од светот отколку претходно, што претставува предизвик по здравјето и по начинот на живот како никогаш досега.
Вкупниот број денови преку 50 степени се зголемувал секоја деценија од 1980-та година. Во просек, помеѓу 1980-та и 2009-та температурите преминале 50 степени околу 14 денови во годината. Оваа бројка е зголемена на 26 денови во периодот меѓу...
Post Views: 6
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна (увозник и дистрибутер) АЛМА М, врз основа на издадено решение од АХВ, од пазарот врши итно повлекување и отповикување на небезбедни производи – сладолед, поради утврдено зголемено присуство на етилен оксид.
Од пазарот се повлекуваат и отповикуваат:
1. Сладолед KIT KAT стапче 20х90 мл
Сериски број/лот- PL1048
Рок на употреба: до 28.02.2023
Причина за отповикување:-небезбеден производ поради присуство на Етилен оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.
Потекло :...
Post Views: 0
Здравствените домови во струшко подготвени за старт на вакцинација на населението. Во Струга пристигнаа 400 вакцини на „Астразенека“, а веќе од петок стартува имунизација на постарите лица над 77 годишна возраст. Во Здравствениот дом Д-р Светозар Чочороски во Вевчани пристигнаа првите 100 вакцини, имунизацијата почнува од задутре.
Термините за првиот вакцинален ден се веќе пополнети, ќе се имунизираат по 20 пациенти дневно.
„Процесот на имунизација ќе продолжи, со тоа што ќе го зголемиме бројот на вакцинални пунктови . Во моментот сме само во Вевчани од идната...
Post Views: 0
Од денес до крај на месецов подмладокот (младинска и пионерска категорија) на белградскиот фудбалски клуб „Црвена Звезда“ ќе биде на подготовки во Охрид, информираат од ЈП „Билјанини извори“.
За време на зимските подготовки, тимовите на ФК „Црвена Звезда“ ќе одиграат и неколку пријателски натпревари со соодветните категории на нашите фудбалски второлигаши.
Post Views: 2
На плоштадот „Св. Климент Охридски“ се одржа настан кој е дел од кампањата „СТОП на домашното насилство. Биди храбра!“ со кој се дава поддршка на жртвите од семејно насилство.
На настанот присуствуваа претставнички од Здружението на ретки болести „Ретко е да си редок“, Здружение на жени „Бисера“, Здружение „Опција Охрид“, Црвен Крст- Охрид, претставнички од Советот на Општина Охрид и од политичките партии. Охриѓанки кои беа дел од случувањето преку напишана порака на дланките тивко ги подржаа жртвите.
Организатор на настанот е сопругата на бугарскиот амбасадор во земјава,...
Post Views: 7
Ниту имињата на фармацевските компании кои ги произведуваат вакцините против ковид-19, „Фајзер“ и „Модерна“, ниту нивните читања од позади или на кој било друг начин некако се поврзани со некаква пандемија, особено не со моменталната пандемијата на коронавирусот.
Фејсбук објава шири теорија на заговор заснована на наводното значење на имињата на два од производителите на вакцини против ковид-19, а со цел да се внесе сомнеж во овие вакцини и да се убедат луѓето да не се вакцинираат.
Во објавата се тврди дека имињата на фармацевтските компании „Фајзер“ и „Модерна“, всушност,...
Post Views: 1
Фармацевтската компанија Модерна објави дека развива нова вакцина против ковид во една доза, која комбинира засилувачка доза со експериментална вакцина против грип.
Веруваме дека имаме голема можност пред нас, доколку би можеле да ставиме на пазарот високо ефективна, општа годишна вакцина против респираторни патишта – изјави извршниот директор на Модерна, Стефан Бансел, пренесе Ројтерс.
Компанијата веќе спроведува клинички испитувања на вакцини против респираторни заболувања за возрасни.
Модерна веќе развива неколку вакцини против вирусот, се додава.