presuda

Две и пол години затвор за Чауш

Post Views: 1 Основниот суд Скопје 1 донесе пресуда со која обвинетиот Захир Бекири познат во јавноста како Чауш за кривичните дела фалсификување на документи доби казна затвор од 2 и пол години, додека неговиот брат Имер Бекири доби казна од 1 година затвор. За кривичните дела изработка и набавка на оружје и двајцата добија ослободителна пресуда. Браќата Захир и Имер Бекири беа обвинети за фалсификување на лични карти, пасоши како и за изработка и набавка на оружје. Случајот во јавноста е познат како „Фабрика за афери“ и предизвика бурни реакции на политичката сцена. Протворот за...

Continue reading

putin

На Путин помила му е украинската сланина

Post Views: 1 Рускиот премиер Владимир Путин, познат по својот остар јазик , му рекол на украинскиот  претседател Виктор Јанукович, во Русија да испрати  украинска сланина место  украински политичари.Јанукович вчера, прв пат по преземањето на претседателската функција, беше во државна посета на Москва. За време на средбата со Путин отценил дека политичката состојба во Русија е далеку подобра отколку во Украина.„Можеби рускиот народ не ја цени доволно стабилноста во Русија. Да ви испратиме малку украински политичари ќе сватите што е политиканство“-изјавил Јанукович, на што Путин одговорил...

Continue reading

Нова динамика на подигање комунален отпад

Post Views: 7 Врз основа на мерките на Владата за спречување на ширењето на COVID – 19 и Одлуката за забрана на движење на граѓаните на целата територија на државата донесена на 36.тата седница на Владата на Република Северна Македонија, јавното претпријатие „Охридски комуналец“ го измени распоредот на подигање на сметот на неколку улици во градот. Вo сабота, на 11 април, ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид нема да врши подигање на комунален отпад од домаќинства од следните улици: “Јане Сандански” , ”Даме Груев”, “Прва Македонска Ударна Бригада”, ”Марко Цепенков”, “Андрија Јованоски”, “Момчило...

Continue reading

свр

Едно лице го загуби живото во реката Црн Дрим

Post Views: 5 Едно лице го загуби животот во сообраќајната незгода што вчера во 17 часот и 10 минути се случи на кеј „8 ноември“ во Струга во близина на реката Црн Дри, информираат од СВР Охрид. На лице место починал Невзат М. (48) од Струга. Незгодата се случила во момент кога сега починатиот, управувајќи моторно возило марка „Даеву Нексија“ со струшки регистарски таблици, на кејот започнал да го придвижува возилото наназад. Притоа, се приближил до реката по што возилото излетало и паднало во водите на Црн Дрим. Поради брзината на водата во реката, возилото веднаш било завлечено...

Continue reading

Kondoliza Rajs

Чавес: Хилари Клинтон е „русокоса“ верзија на Кондолиза Рајс

Post Views: 1 Претседателот на Венецуела Уго Чавес изјави дека американската државна секретарка Хилари Клинтон е „русокоса“ верзија на својата претходничка Кондолиза Рајс, со која тој често разменуваше груби зборови. – Таа за мене е како Кондолиза Рајс, русокоса Кондолиза, рече Чавес и додаде дека Клинтон е исто толку агресивна колку што беше Рајс. – Таа доаѓа во Бразил да не провоцира, да се обиде да внесе раздор меѓу нас и нашите браќа, рече тој. Клинтон минатата недела за време на посетата на Латинска Америка рече дека политиката на администрацијата на американскиот...

Continue reading

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД КРИЗНИОТ ШТАБ НА ОПШТИНА ОХРИД

Post Views: 7 Од последниот состанок на Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција и справување со Корона вирусот Ковид 19, во согласност со мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија за ограничено движење, беа донесени следните заклучоци: Се упатува известување до сите маркети и економски оператори на територијата на Општина Охрид кои се регистрирани за он-лајн продажба, дека ќе може да вршат достава на намирници за итни и неодложни потреби за време на Полицискиот час во текот на викендот. Истите задолжително мора да испратат барање до Кризниот штаб на Општина...

Continue reading

gay

Ватикан го тресе хомосексуален скандал?!

Post Views: 2 Службеник задолжен за државен црковен протокол во Ватикан а воедно и член на елитниот одбор во Базиликата Свети Петар е обвинет за наводна вмешаност во хомосексуална проституција. Наводниот скандал во Ватикан е откриен откако италијанскиот весник Ла Република објави транскрипти со аудио материјал, до кои полицијата случајно стигнала со прислушкување во рамките на истрага поврзана со корупцијата во Италија. Според податоците на аудио снимките станува збор за монахот Ангел Балдучи кои и нигериецот Чинеду Томас Ехием кои биле фатени додека разговарале за сексуални односи...

Continue reading

Зимското сметање на времето почнува ноќта меѓу 30 и 31 октомври

Post Views: 0 Македонија и остатокот од Европа, со исклучок на Русија, Белорусија и Исланд, ноќта меѓу сабота (30 октомври) и недела (31 октомври) ќе почнат со зимско сметање на времето. Во три часот по полноќ, часовниците се враќаат еден час наназад, односно времето во три ќе се смета како два часот. Специфика за земјава е што промената на времето ќе се случи во предвечерието на вториот круг од локалните избори. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. Европскиот...

Continue reading

Нова порака од денес го краси Веселиот ѕид во ООУ ” Григор Прличев” Охрид

Post Views: 0 „Да бевме во можност ќе се соберевме сите 85 вработени, сите 1071 дете и нивните родители и ќе дојдевме на сите поединченo да ви кажеме дека сте хероите кои го чуваат нашето здравје“ стои во соопштението на ООУ „Григор Прличев“ од Охрид. Во име на сите нас, #ВиБлагодариме за вашата несебична пожртвуваност. Затоа ние сме #cool и #СедимеДома и со тоа ви ја покажуваме нашата почит кон вас – сите медицински лица и персонал кој работи во здравството и кој деноноќно будно се борат на првата линија од фронтот “ Освен тоа, заедно со Ученичкиот парламент и нивниот...

Continue reading

novcanik

Продолжува „љубовта“ меѓу Германија и Грција

Post Views: 1 Германија нема да и даде ниту цент на Грција, изјави германскиот министер за економија Рајнер Брудерле, неколку часа пред средбата на германскиот канцелар Ангела Меркел со грчкиот премиер Јоргос Папандреу. – Премиерот Папандреу изјави дека не сака ниту цент, а германската Влада и нема да даде ниту цент, изјави германскиот министер по средбата со еврокомесарот за индустријата Антонио Тајани. Брудерле со оваа изјава го коментираше интервјуто на Папандреу за денешниот број на „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, во кое тој уверува дека Грција не бара пари. – Не...

Continue reading

Општа Болница Охрид се реорганизира

Post Views: 1 Состојбата со корона вирусот во охридско будно се следи. Медицинскиот персонал во моментов е еден од најдобрите кои ги имал регионот. Ќе одговориме на сите предизвици кои ги наметнува состојбата со корона вирусот, вели директорот на Општа Болница Охрид Д-р Горан Балевски.  Новоназначениот директор и формира дека за една недела бил формиран кризен штаб од началници на одделенијата и најдобрите и најискусни доктори, формиран е  тријажен центар во кој се упатуваат сите пациенти пред да влезат во болницата. „ Во тој тријажен центар работат двајца специјализнати кои ги...

Continue reading

mobilen

Во Северна Кореја погубен човек поради тоа што користел кинески мобилен телефон

Post Views: 2 Еден жител на Северна Кореја јавно бил погубен затоа што разговарал на кинески мобилен телефон со бегалец од Северна Кореја кој живее во Јужна Кореја. Севернокореецот, кој е идентификуван само како Јунг бил погубен кон крајот на јануари откако бил пронајден кинескиот мобилен телефон во неговата куќа, пренсува радиото ОРНК, повикувајќи се на извор од Северна Кореја. Јунг е обвинет дека разговарал со бегалецот за условите за живот во Северна Кореја, како на пример висинатата на цената на оризот, пренесува радиото. Властите во Северна Кореја неодамна ги засилија акциите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top