Две и пол години затвор за Чауш

Основниот суд Скопје 1 донесе пресуда со која обвинетиот Захир Бекири познат во јавноста како Чауш за кривичните дела фалсификување на документи доби казна затвор од 2 и пол години, додека неговиот брат Имер Бекири доби казна од 1 година затвор.

 |   | 
presuda

За кривичните дела изработка и набавка на оружје и двајцата добија ослободителна пресуда.

Браќата Захир и Имер Бекири беа обвинети за фалсификување на лични карти, пасоши како и за изработка и набавка на оружје.

Случајот во јавноста е познат како „Фабрика за афери“ и предизвика бурни реакции на политичката сцена. Протворот за Имер Бекири ќе биде укинат додека неговиот брат Захир Бекири наместо укинување на притвор ќе се врати на оддржување на стара казна во времетраење на еден месец.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top