ССМ : Невакцинирате не можат да бидат избркани од работа

Post Views: 0 На работниците им укажуваме да ги следат препораките и упатствата на здравствените власти во поглед на процесот на имунизација, но потсетуваме дека пријавувањето за вакцинација е доброволно, велат од ССМ. Не постои законска или каква било друга можност поради одбивање наредба од работодавач за некаква присилна вакцинација, да се загуби работното место, а на работниците им укажуваме да ги следат препораките и упатствата на здравствените власти во поглед на процесот на имунизација – реагира Сојузот на синдикатите на Македонија. Оттаму потсетуваат дека ССМ во изминатиот...

Continue reading

Започна со работа модуларната болница во Струга

Post Views: 6 Во модуларната болница во Струга моментално се сместени  11 ковид пациенти и има централен довод на кислород.  Дополнително 13  болни од корона се лекуваат на Интерното одделение во струшката болница,   кое функционира како ковид  1 центар. Половината од пациентите се со тешка клиничка слика и на кислородна поддршка.  „Повеќето од пациетите се на 60 годишна возраст во двата ковид центри кои што хоспитализирани.  Со потешка клиничка слика имаме двајца пациенти за кои што веќе се преземени и други мерки за справување“, Арменд Арслани директор на Општа болница Струга. Во...

Continue reading

Започнува постапката за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата

Post Views: 6 Министерството за животна средина и просторно планирање започна постапка за донесување на Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк за природата. Додека трае постапката за прогласување на локалитетот Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природата, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, согласно Законот за заштита на природата, донесе Решение за негова привремена заштита. Привремената заштита на подрачјето ќе се применува до денот на влегувањето во сила на Законот со кој ќе се прогласи Студенчишко...

Continue reading

Пандемијата удри врз работата на книжарниците

Post Views: 5 „Издавачките куќи, книжарниците и печатниците поради пандемијата се наоѓаат во економска криза. Пандемијата силно не погоди“, се огласи Конзорциумот на издавачки куќи, книжарници и печатници. Апелираат до Министерството за култура и Владата да се погрижат за книжарниците и книжарите. „Книжарството кај нас со години беше во криза, преживуваше и не се развиваше и напредуваше (со ретки исклучоци кога материјалната поддршка беше добиена од државни извори), па сега книжарниците се наоѓаат во катастрофална положба, пред колапс и трајно бришење од регистарот на трговски фирми...

Continue reading

Лажно се тврди дека цитокинската бура кај пациент настанала поради примена вакцина

Post Views: 2 Тврдењето во постот дека цитокинската бура кај момчето е последица на вакцината е лажно. Младиот човек при прераскажувањето на своето лично искуство на ниту едно место не тврди дека цитокинската бура настанала како последица на вакцина против ковид-19, туку како последица на самата болест ковид-19. И мајката на момчето во друг пост на Фејсбук, во делот на коментарите под постот, кажува дека тој бил вакциниран со една доза „Синовак“ вакцина и непосредно после тоа се заразил од ковид. Рецензираме пост на Фејсбук во којшто личното искуство на млад човек со прележување...

Continue reading

Речиси 8.000 новозаразени во Србија, починаа 26 пациенти

Post Views: 8 Коронавирусот во Србија е потврден кај 7.723 луѓе во последните 24 часа, а во исто време, 26 пациенти починале како последица од овој вирус. Тестирани се 27.927 луѓе. На респиратор се приклучени 156 пациенти. Најмногу новозаболени се во Белград-1.728. Следуваат Нови Сад со 445, Крагујевац со 308 и Ниш со 302 заболени.

Continue reading

Жолта и портокалова фаза денес во Македонија

Post Views: 5 Времето денеска, како што соопшти Управата за хидрометеоролошки рабови (УХМР), ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 42 степени. УВ индексот ќе достигне 9. Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, поради што ќе биде активирана жолта, а во југоисточниот дел од земјата портокалова фаза за опасност од високи температури. Во Скопје и околината ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен...

Continue reading

Ја убил сопругата на гости кај пријатели и се обидел да се самоубие

Post Views: 0 Битолчанец со неколку убоди од нож ја усмртил сопругата, а потоа се обидел да се самоубие.   Крвавиот астан се случи синоќа, во стан на улицата „Ристо Крле“ во Струга, додека сопружниците биле на гости кај пријатели.  Во еден момент дошло до  жестока  расправија,  која заврши фатално за младата  жена на возраст од 34 години, мајка на две малолетни деца.  По убиството  39-годишниот  сопруг  се обидел да побегне но бил спречен од пријателите. Тој посегнал по својот живот нанесувајќи убодни рани во стомакот. Од екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт кај...

Continue reading

Јордан Пуроски ВД директор на ООУ „Климент Охридски“ Охрид

Post Views: 3 Со одлука на градоначалникот Кирил Пецаков за ВД директор на ООУ „ Климент Охридски“ е именуван Јордан Пуроски кој доаѓа на местото на Наташа Танеска. Пуроски е магистер по информатички технологии и професор по предметот информатика. Новоименуваниот директор упати благодарност до градоначалникот Пецаков за дадената доверба. Пуроски беше директор на гореспоменатата образовна институција во периодот од 2013 до 2017 година.

Continue reading

Снегот остави без струја повеќе планински села во Дебрца и Струга

Post Views: 3 Голем број планински села во охридско струшкиот регион и понатаму без електрична енерија по снегот и дождот кои наврнаа викендов и предизвикаа проблеми со напојувањето во југозападниот регион. Најдолго без струја останаа селата во Горна Дебрца, Годивје, Лактиње, Арбиново, Мраморец, Турје и Сливово, информираат од Центарот за управување со кризи. Од Евн Македонија информираат дека екипите на Електродистрибуција без прекин работат во многу лоши временски услови и непристапен терен. Во моментот работат на санација на дефект на 10 кВ далекoвод и очекуваат да се нормализира...

Continue reading

Ензим од отровна змија-ѕвечарка не е пронајден во вакцините против ковид-19

Post Views: 1 Во вакцината против ковид нема ензим од змија отровница, односно ѕвечарка. Студијата што се споделува во постот не е спроведена на вакцинирани пациенти, туку на пациенти со ковид, кои биле хоспитализирани неколку месеци пред да почне процесот на имунизација. Пронајдените наоди во самата студија воопшто не се однесуваат на вакцината, така што постот што го оценуваме како невистинит. Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека ензим од змијата ѕвечарка, која инаку е змија отровница, бил пронајден во вакцините против ковид (без да се наведе на која вакцина од кој...

Continue reading

Тешка сообраќајна несреќа во Турција

Post Views: 7 Едно лице загина, а најмалку 49 се повредени во тешката сообраќајна несреќа во Турција, кога патнички автобус се судрил со училишен автобус. Несреќата се случила на автопатот Мугла Денизли околу 7.30 часот по локално време, јавуваат турските медиуми. Патничкиот автобус, како што пренесуваат тамошните медиуки, удрил во училишен автобус и се превртел. Возачот на автобусот со туристи починал на лице место. Според првичните информации непосредно пред несреќата претрпел срцев удар. Меѓу повредените има 42 туристи од Украина, седум ученици, како и возачот на училишниот автобус....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top