Post Views: 0
Во текот на изминатото деноноќие (29/30.05) на територијата на Република Северна Македонија на 264 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и евидентирани се по едно лице кое не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
Исто така, по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 562 прекршоци.
Post Views: 11
Деценискиот лов на научниците од универзитетот во Калифорнија конечно резултираше со откривање на планетата наречена Gliese 581g, лоцирана во “Голдилокс зоната” во која условите не се ни премногу жешки ни премногу студени за течната вода да формира океани, езера и реки.“Нашето откритие нуди неспорен доказ за планета со потенцијални услови за живот. Фактот што можевме да ја откриеме толку бргу и толку блиску, укажува на тоа дека планетите како неа мора да се навистина чести. Ако детектираме живот, ова ќе биде најзначајното откритие на сите времиња”, објаснува астрономот...
Post Views: 6
Грчката хакерска група која се нарекува Моќна Грчка Армија и која неодамна упадна во сајтовите на Владата и низа државни институции и медиуми, вчера ја нападнала Народната Банка на Македонија и низа комерцијални банки.
Групата на Твитер објави дека упаднала во НБРМ, НЛБ, Комерцијална Банка, Шпаркасе, Стопанска Банка – Битола, ТТК, Уни Банка и низа други банки во Македонија.
Сите банки под лиценца на Народната Банка на Република Северна Македонија / сите банки во Северна Македонија ќе паднат. Наскоро – напиша групата на твитер, додавајќи „операција крај на Македонија“.
НБРМ...
Post Views: 0
За период од 23 до 29 мај 2020 г.- Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 39 лица итоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 26 лица, во општина Струга и Вевчани 10лица, а во општина Дебар и Центар Жупа 3 лицa.
„Од вкупно земените материјали, 19 се земени по епидемиолошки индикации (лица коиисполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 13, Струга и Вевчани 3, Дебар иЦентар Жупа 3), а 20 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈТЕРМИН (Охрид и Дебрца 13, Струга...
Post Views: 0
Ал Каеда планирала грабнување на заложници низ повеќе градови на Западна Европа и нивно егзекутирање на начин сличен на нападите во Мумбаи, стои во извештаите на западните разузнавачки агенции, објавени само еден ден по евакуирањето на Ајфеловата кула.
Планот предвидувал организирање на мали, добро вооружени тимови на командоси, составени од џихадисти, кои симултано би нападнале цели во Лондон и други градови низ Европа.
Еден од најсериозните планови на Ал Каеда во изминатите неколку години бил организиран од водството на организацијата, кое се претпоставува дека моментално...
Post Views: 0
Драги мои охриѓани, промените започнаа, ги донесовте вие. Нашите вистински хеори од секојдневието кои ги живеат храбро препреките и ги надминуваат храбро предизвиците на нашето време. Нашите соседи, пријатели, како и сите околу нас кои имаат срце за оваа земја и надеж за големи победи, истакна на денешната прес конференција Кирил Пецаков, Кандидат за Градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“.
Знам дека ви е доста од лошото владеење со градот и изневерени очекувања и неисполнети ветувања. Доста е со црните кампањи, уцените, заканите,...
Post Views: 9
После 11 дена од отпочнувањето на активностите на локалната за отстранување на нелегалниот бетонски ѕид во Градиште, срушени само 5-6 метри од фамозното парапетче. Друг ѕид од 200 метри остана недопрен , обвинија денеска од здружение на граѓани “ Оревче “. Бараат надлежните итно, повторно да реагираат и дивоградбата целосно да биде отстранета.
„Сеуште немаме ништо, чекаме разврска. Ветено ни е и бараме да прекинат сите активности. Бараме да се руши и ресторанот којшто е дивоградба пред една и пол година и воедно бараме да се прекине со стопанисување со авто кампот...
Post Views: 3
Малезијската астрофизичарка Мазлан Отман ќе стане првата претставничка на ОН за вселената.Нејзина задача ќе биде да ја координира комуникацијата на Земјаните со вонземјаните во случај да дојде до остварување на близок контакт.Со други зборови, кога би се спуштил на Земјата вонземјанин и би побарал контакт со официјален претставник, тогаш тоа би била Отман. Потребата за назначување на вакво лице се појави по неодамнешното откривање на стотина планети кои кружат околу ѕвездите со што се зголеми веројатноста за појавување на други форми на живот.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Министерот за здравство Др. Венко Филипче на денешната прес конференција информира дека е спроведен надзор во Тетово и во Штип, каде се анализирани сите случаи. Од увидот во Тетово е констатирано дека не се почитува самоизолацијата и има генерално непочитување на сите мерки.Од увидот во Штип е утврдено непочитување на правило за транспорт, истакна Филипче посебно во конфекциите, од кои една е затворена од инспекторатот, со оглед на тоа што има 17 заболени во истата. Епидемиолозите се соочуваат со одбивање на соработка да даваат точни податоци новозаболените и тешко може...
Post Views: 1
Во Србија, според Законот кој стапи во сила на почетокот на оваа година, забрането е убивање на мравки, бубамари и глувци, за што е предвидена казна до десет илјади евра или до три години затвор. Согласно Законот за заштита на животната средина, односно правилникот со кој одредени видови животни се заштитени во Србија, од почетокот на оваа година казниво е убивањето, но и одгледувањето на мочуришни полжави, крастави жаби и медицински пијавици.
Татјана Бабиќ, шеф на одделението на инспекцијата за заштита на животната средина на прашањето дали е казниво да се убие бубамара,...
Post Views: 1
Со 13 гласови за и 7 против градските советници го донесоа Ребалансот на Буџетот на Општина Охрид тежок околу 21 милион денари кратење на непродуктивни трошоци. За советниците од опозицијата со ребалансот се крати од туризмот, образование, спорт , култура , ПП заштита. Несфатливо е за Охрид кој живее од туризам наместо помош за туризмот и локалниот економски развој да се кратат средствата за ТЛЕР во вкупен износ од 6.580.000 денари, кажа советничката од ВМРО ДПМНЕ, Лидија Петкоска.
„Со овај ребаланс ги уништувате туристичките работници, станоиздавачи, хотелиери, туристичките...
Post Views: 2
Северна Кореја потврди дека извршила нуклеарна проба. Атомскиот тест е „успешен“, јави државната телевизија. Армијата на Јужна Кореја зборува за досега најсилна експлозија при нуклеарен тест на соседот.
Нуклеарната проба на Северна Кореја е петта по ред и мина „успешно“, јави јужнокорејската агенција Јонхап, повикувајќи се на севернокорејски државни медиуми. Како што се вели, во текот на тестот експлодирала „нова атомска боева глава“. Нуклеарната проба, според севернокорјеската државна агенција КЦНА, е доказ дека Северна Кореја е во состојба да монтира атомска боева...