Post Views: 0
Кај што има сила, нема правда. Жив доказ е мексиканското гратче Гвадалупе со пет илјади жители, на границата со САД, каде нема ниту еден полицаец.
До минатиот викенд единствен спроведувач на законот била 28 – годишна девојка која била киднапирана од вооружени разбојници, најверојатно припадници на многубројните наркобанди, по што и се губи трагата.На листата на градови без спроведувачи на законот наскоро може да се придружи и соседниот град Гвадалупе Гуерерор каде во моментов шеф на полицијата е 20 годишна студентка, бидејќи поради страв никој не се пријавил на...
Post Views: 0
Во текот на изминатото деноноќие (18/19.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 702 лица им се издадени решенија за изолација, а 210 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека три лица не ја почитувале мерката заизолација, а едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација. Исто така по однос на мерката за неносењелична заштита на лице регистрирани се 705 прекршоци.
Post Views: 3
Шпанската полиција уапси една жена која исценирала сопствено киднапирање, со цел да провери дали нејзиниот маж ќе плати откуп.
Жената од непознат мобилен телефон му испратила на својот сопруг фотографија, на која и биле врзани рацете и нозете, заедно со порака во која се бара откуп од 20.000 евра. Парите биле побарани во уште неколку текстуални пораки, а сопругот е предупреден да не ја информира полицијата, но тој сепак тоа го направил.
Полицијата покренала истрага и го забележала нејзиниот автомобил пред трговски центар во градот Гандија, на брегот на Средоземното Море.
–...
Post Views: 0
Ненадејно почина новинарот и портпарол на компанијата ЕВН Атанас Ковачевски.
Од ЕВН потврдија дека Ковачевски починал рано утринава, а претходно немал посериозни хронични и здравствени проблеми.
Ковачевски имаше 50 години. Долги години беше новинар во неколку медиуми меѓу кои и во Македонската радио телевизија. Последните 10 години беше портпарол на австриската компанија.
„Ковачевски со својата исклучителна професионалност и колегијалност даде огромен придонес во отвореноста на компанијата и нејзината комуникација, а со тоа генерално и во развојот на енергетскиот сектор...
Post Views: 7
Верен навивач на белгискиот фудбалски клуб Бриж доживеал незаборавен срам кога кратко пред натпреварот со клубот Стандард, пред преполниот стадион, ја запросил својата девојка.
Откако офциијалниот водител на натпреварот изговорил неколку воведни реченици, му го дал микрофонот на вљубеното момче кое извадило лист од џебот и почнало да чита пред девојката. Таа, пак, цело време збунето се обидувала да сфати што се случува.
На крај, момчето паѓа на колена и го поставува судбоносното прашање, но на негово големо изненадување девојката речиси панично го одбива и бега од стадионот....
Post Views: 10
Во државава има 40 кластери како резултат на непочитување на мерките посебно забраната за групирање. Голем број од заразените од овие кластери не ги даваат контактите, кажуваат грешни податоци или пак одбиваат да ги примат решенијата за самоизолација. кажа директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Сотирова-Бухова. Директорката на новинарско прашање се осврна на зголемениот број случаи во Охрид.
„ Податоците кои ги добивме за позитивни случаи, за случаите од вчера, сеуште за тие случаи се водат епидемиолошки анкети во однос на контактите затоа...
Post Views: 1
Италијанскиот нафтен гигант Eni, некогашен Agip, и рускиот Novatek се избрани за најдобри понудувачи на тендерот со кој ќе ја истражуваат површината од 1,2 милиони километри во територијалните води на Црна Гора. Тие се обврзале дека ќе направат три обврзувачки и една услужна бушотина. Во рамките на оваа програма во првиот период на истражување има вредност од 85 милиони, а во вториот 12 милиони евра, соопштено е од владата на Црна Гора.
Концесијата е издадена на 30 години, а доколку бидат пронајдени гас и нафта, Eni и Novatek на Црна Гора ќе бидат обврзани да и даваат...
Post Views: 1
Градските власти во Рим одлучија од 1 јануари да воведат такса за престој од едно до три евра за секој ден престој во италијанскиот главен град.
Висината на таксата ќе зависи од категорија на хотел, апартман или камп и ќе им се наплатува не само на странски туку и на туристи од други италијански региони со тоа што ќе бидат изземени деца до десет години.
Во Рим годишно престојуваат околу 12 милиони туристи. Властите се убедени дека новата такса нема да ја намали заинтересираноста за „вечниот град“. Проценките се дека во градската каса ќе влезат годишно околу 80 милиони...
Post Views: 9
Убавините на Канео, белите едрилици, манастирскиот комлекс Свети Наум, Галичица ќе бидат дел од промотивниот спот на кампањата „Дома си е дома“, што денес се снимаат во Охрид. Во спотот ќе бидат вметнати и Вевчанските извори , мостовите на Струга, реката Црн Дрим и гастрономските специјалитети од регионот.
„Во план се 10 дестинации каде што ќе бидат прикажани повеќе од 60 тина атракции кои што ќе може да се посетта во Македонија и се надеваме веќе дека следната среда ќе го имаме и промовирањето на првиот спот. Кампањата ќе оди освен на социјалните медиуми и по...
Post Views: 10
Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар, а цената на дизелот останува непроменета.Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС 95 ќе биде 62 денари, а на Еуросупер БС 98 ќе изнесува 64 денари. За половина денар се зголемува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 37 денари, додека мазутот ќе се продава за 23,008 денари за килограм.
Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 47,88 долари за барел, а курсот на...
Post Views: 12
Во изминатите неколку дена десетици илјади верници се упатија кон родното место на Исус Христос, Витлеем, на Западниот брег за да учествуваат во прославата на големиот христијански празник.
Почетокот на празнувањето ќе биде означен со биење на камбани во Латинската патријаршија во христијанскиот кварт од стариот град во Ерусалим. Оттаму ќе почне и традиционалната божиќна процесија од Ерусалим кон Витлеем предводена од духовниот лидер на Римокатоличката црква во Светата земја.
Латинскиот патријарх Фуад Туал ќе се движи по јужниот пат околу осум километри придружуван...
Post Views: 3
Градоначалникот Константин Георгиески денеска изврши увид на тековните градежни активности на повеќе локации во општина Охрид, кои се финансирани од општинскиот буџет.
На улица „15-ти Корпус“ во тек е отстранувањето на стариот асфалт и се вршат подготвителни работи за поставување на новиот асфалтен слој на коловозот. Во рамки на проектот за реконструкција на оваа улица, се врши и изградба на четири потпорни ѕидови, а во завршна фаза е поставувањето на тротоарските рабници.
Градоначалникот беше во посета и на градежните активности за реконструкција на улицата „Прва Македонска...