Гужва на патиштата, 30 минути се чека на „Табановце“

Post Views: 2 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На г. п. Табановце, времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони....

Continue reading

„Мини саем на книгата“ во Струга

Post Views: 4 Во организација на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ и издавачките куќи „Матица“, „Македонска“ и „Нобел“ од Тетово, на 23.06.2021г.(среда), со почеток од 11 часот во Паркот на поезијата пред градската библиотека во Струга ќе се одржи „Мини Саем на книгата“, каде што сите љубители на пишаниот збор ќе можат да си ги набават омилените бестселери по саемски цени. Овој настан е финансиски помогнат од Министерството за култура на РМ, а неговото одржување е во знакот на патрониот празник на Националната установата „Браќа Миладиновци“ – Струга. На 24-ти јуни е годишнината...

Continue reading

Изведен сложен гинеколошки зафат на одделот за гинекологија и акушерство при Општа Болница Охрид

Post Views: 2 На одделот за гинекологија и акушерство при Општа Болница Охрид, беше изведен сложен гинеколошки зафат на абдоминална хистеректомија со билатерална салпинго – офоректомија, кај пациентка со двојни мочоводи. Утерусот кај пациентката беше енормно наголемен и целосно туморозно променет. Пациентката пред повеќе од 20 години имала царски рез при што дополнително го комплицираше случајот.Предоперативно, за овозможување на сигурно изведување на оперативниот зафат, беа поставени уретрални сонди. Оперативниот тим беше предводен од Спец. Др Мимоза Влаши и Спец. Др Горан...

Continue reading

Зголемен водостојот на Охридското и Преспанското Езеро, се намалуваат нивоата на реките

Post Views: 8 За по еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро, а нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, и покрај тоа, водостојот на Преспанското Езеро е понизок од просекот за декември и тоа за 1,55 метри со што е три сантиметри под апсолутниот минимум од 842,25 (мнм), додека нивоата на Охридското и Дојранското Езеро се повисоки од повеќегодишниот просек за овој период од годината и тоа за два сантиметри кај Охридското, односно за...

Continue reading

Училиштата не се отворија за да се собере генетски материјал

Post Views: 7 Тврдењето дека училиштата се отвораат за „да се собере генетски материјал“ се коси со законите кои се однесуваат на тајноста на здравствените податоци и заштита на правата на пациентите. Споделувањето на ставови со сомнеж за „собирање на генетски материјал“ не е ново и често е присустно кога се споменува вакцинацијата против ковид-19. Овие сомневања доаѓаат во пресрет на најавениот скрининг за присуството на коронавирусот меѓу училиштата. Министерството за образование и наука (МОН) информира дека на дневна основа бројот на новозаразени ученици се движи од 0,01 до 0,03...

Continue reading

Вакцини Фајзер за Ковид 19

Вакцината на Фајзер е безбедна за деца од 5 до 11 години

Post Views: 1 Компанијата Фајзер објави дека нејзината вакцина против корона вирусот е ефикасна кај деца од 5 до 11 годишна возраст и дека наскоро ќе бара одобрување од американските власти за употреба. За деца на училишна возраст тестирана е помала доза од вакцината, односно една третина од дозата што ја примаат возрасните. Сепак, било заклучено дека децата на возраст од 5 до 11 години развиваат иста количина на антитела како тинејџерите и младите возрасни. Ако Фајзер го достави својот документ ЕУА до крајот на септември, а податоците ја потврдат безбедноста за употреба, одобрувањето...

Continue reading

Граѓаните од денеска ќе можат да проверат дали ги има во Избирачкиот список

Post Views: 1 Јавниот увид на избирачкиот список за локалните изборите ќе започне денеска и ќе трае до 9-ти септември, кога Државната изборна комисија (ДИК) на увид ќе ја стави новата состојба на податоци што ќе се користи на денот на изборите. Граѓаните во овој рок треба да го достават писмено барањето за запишување, бришење или дополнување во избирачкиот список, до подрачните единици или канцеларии на ДИК, или пак, електронски да се обратат до Комисијата и притоа да достават соодветни докази. Граѓаните своите податоци во избирачкиот список можат да ги проверат преку веб-страницата...

Continue reading

Рај за очи и душа-Црн Дрим блесна во различни бои

Post Views: 1 Реката Црн Дрим блесна во неколку бои, коритото од синоќа се прелева во сина, црвена, зелена и виолетова боја. Проектот вклучува инсталацијана арматура изработена од не’рѓосувачки челик. Светилки се поставени од двете страни на коритото во должина од 1800 метри. Според градоначалникот Мерко, Дрим е нова туристичка атракција. -Заслужува Дрим да биде осветлен ноќе бидејќи тука доаѓаат гости, а тука сме и ние стружани кои се гордееме со езерото, посебно реката Црн Дрим која врви низ Струга, вели Рамиз Мерко градоналник на општина Струга.  Екологистите со експресна реакција....

Continue reading

Екипите на „Паркови и зеленило“ со низа активности денес низ Охрид

Post Views: 1 Екипите на „Паркови и зеленило” денеска спроведоа активности за тековно одржување на јавното зеленило во стариот дел од градот. Се отстрануваше дива вегетација и се поткаструваа гранки за да се овозможи непречено движење на пешаци и возила покрај Булевар ,,Туристичка”, во стариот дел на Охрид и покрај тесни пристапни патеки во овој дел од градот. Екипите на ЈП ,,Охридски Комуналец” Охрид го уредија дворното место на НУ Центар за култура ,,Григор Прличев” во склоп на програмата за ,,Прличеви беседи” која ќе се одржи на 05.02.2022 годин...

Continue reading

ПРЕЗЕНТИРАН ПРОЕКТОТ „ЗАШТИТА НА НАШИОТ БИСЕР, ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“

Post Views: 8 Градоначалникот Кирил Пецаков, присуствуваше на презентацијата на проектот „Заштита на нашиот бисер, Охридското Езеро“. Проектот е финансиран во рамки на програмата за поддршка на граѓанското општество „ЦИВИКА – мобилитас“, а имплементатор е Граѓанската организација „КАБ“ – Струга. Проектот има за цел на заедничка маса да ги седне сите засегнати страни во заштитата на Охридското Езеро, подобрување на комуникацијата и координацијата помеѓу Локалните самоуправи, централните институции и граѓанското општество. Градоначалникот Пецаков во своето излагање истакна дека Општина...

Continue reading

СЗО препорачува кога пациентот со придружни болести и ковид ќе почине, смртта да се води од ковид

Post Views: 3 Во препораките на СЗО пишува дека секоја смрт што настанала од ковид-19, дури и веројатните случаи кои имаат неодреден резултат, или, пак, сомнителните случаи кои не можеле да се тестираат, да се водат во статистиката како смртни случаи од ковид-19. Тврдењето дека вакцината е експериментална е лажно. „Фајзер“ доби дозвола за целосна употреба, нешто што се очекуваше да ја зголеми довербата кај антиваксерите, но не се случи – тие продолжија како и во овој пост, да ја повторуваат старата мантра.  Рецензираме пост на Фејсбук во којшто паушално се наведени тврдења кои не...

Continue reading

Силен земјотрес го погоди Мелбурн

Post Views: 3 Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска југоисточниот дел на Австралија во близина на Мелбурн, објави Геолошкиот завод на САД, а на социјалните медиуми се емитуваат сцени на жители во паника кои излегуваат од своите домови. Земјотресот, кој бил на длабочина од само десет километри, ги потресе зградите во Мелбурн, вториот по големина австралиски град. Австралискиот премиер Скот Морисон во реакција од Њујорк рече дека нема жртви или поголема штета во земјотресот. Сепак, премиерот ја посочи „многу вознемирувачката“ страна на земјотресот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top