Post Views: 1
Откако минатата недела беше затрупан од лавина снег, холандскиот принц Јохан Фрисо, син на кралицата Беатрикс, има сериозни оштетувања на мозокот.
Лекарите задолжени за неговото лекување денеска соопштија за неговата состојба и велат дека постои можност никогаш да не дојде при свест.
Првично беше објавено дека неговата здравствена состојба е стабилна, но се здобил со оштетувања на главата и подолго време бил без кислород.
Понатамошни испитувања покажале дека несреќата предизвикала „сериозни оштетувања на мозокот“.
Прнцот Фрисо (43) ќе биде префрлен на приватна клиника...
Post Views: 0
Според најновото исражување направено од страна на Центарот за граѓански комуникации, Општина Охрид меѓу првите три општини со најголем број вработувања.
Најмногу вработени или ангажирани луѓе меѓу единиците на локална самоуправа има Градот Скопје, 747 луѓе, а од другите општини следна е Карпош која има 312 луѓе, иако во анализираниот период го намалила бројот на вработени или ангажирани за 124 луѓе. Над 300 вработени има уште само и Општина Охрид, 308.
По одделни општини, рекордер и според апсолутниот и според процентуалниот износ на зголемување на бројот на нововработени...
Post Views: 3
Едната страна од струшкиот кеј на реката Црн Дрим, во очајна состојба. Испокршени плочки стрчат насекаде. Покрај што ја нагрдуваат сликата за туристичка Струга истите претставуваат и опасност за минувачите, посебно за оние од понежниот пол. Овие мермерни плочки повеќе од една деценија се поставени на кејот, но по се изгледа се покажа дека не им е местото тука, бидејќи во зима од мразот се лизгави, а исто така и во лето, посебно кога капачите водени излегуваат од реката. Стружани се револтирани, велат дека никој од надлежните досега години наназад не преземаат ништо...
Post Views: 1
Алберт Ајнштајн изгледа бил во право со својата теорија за релативитет, додека научниците од Европскиот центар за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) направиле грешка, тврдејќи дека субатомските честички се побрзи од светлината.
Резултатите од истражувањето на ЦЕРН “Опера“, кои на крајот на септември го потресоа научниот свет покажувајќи дека субатомските честички се побрзи од светлината, се покажа дека се неточни заради лошата конекција.
“Лошата конекција меѓу системот за глобално позиционирање ГПС и компјутерите како последица имало грешка“, објави американското списание...
Post Views: 3
Од секторот за комунални дејности, патишта и улици при Локалната самоуправа поставиле прелази на автопатот Кичево-Охрид кој е во изградба. При изработката на автопатот по наше барање и на барање според потребите од ЈП Водовод и Нискоградба се договоривме со изведувачите да се направат 5-6 прелази на автопатот, информира Томе Нанески, раководител на Секторот за Комунални дејности, патишта и улици.
„Поставивме цевки кои можат да се искористат за повеќе намени. Може да се искористат за менување на електрични кабли и кабелски оператори. Кога ќе се заврши автопатот да не...
Post Views: 1
Според иницијативата наречена Програма за развој на комуникациските можности (Communications Capabilities Development Programme), податоците ќе се чуваат една година и ќе им бидат достапни на тајните служби.
Сигурносната шема ќе бара од интернет-провајдерите, операторите на фиксна и мобилна телефонија да ги следат своите клиенти, и сето ова поради борбата со терористите.
„Британија веќе е една од најшпионираните нации надвор од Интернет-мрежата, а ова е обид на истиот начин да се следи и нашиот онлајн-живот“, изјави директорот Ник Пиклс на организацијата Биг брадр воч...
Post Views: 1
Во текот на изминатиот период активно се работеше на конструкција на склад и централна хранилка за потребите на функционирањето на Репродуктивниот центар за Европски елен во Национален Парк Галичица.
Репродуктивен центар е распространет на стотина хектари, во кој се донесени 24 женки и шест мажјаци, од овие елени и е опремен со модерна инфраструктура: карантин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници, а елените ќе се користат исклучиво за активно управување и одржување на уникатните екосистеми на Галичица, а не како ловиште.
„Главната цел на овој проект е да...
Post Views: 0
Граѓани пријавуваат до полиција малолетници кои го нарушуваат јавниот ред и мир во ноќните часови со бучно возење на моторцикли и трки по улиците. Подолго време, се ремети јавниот ред во населбата Билјанини извори и во Бараки. Кај градскиот полигон се забележува собирање на малолетници кои се бучни и конзумираат алкохол. Покрај конзумирањето алкохол малолетниците посегнувале и по наркотици во парковите и школските дворови, но и на други места низ градот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски за досегашната работа на полициските службеници од Полициската...
Post Views: 6
Далеку поопасен од нормалниот вирус, вештачки создадената верзија на Х5Н1 би можел да убие речиси половина од глобалната популација, со овие зборови пред неколку месеци беше објаснето откритието од заедничката студија на група холандски и американски научници. Новата верзија на вирус, може да се пренесува преку кашлање и кивање.Засега уредникот на Science Journal, др. Брус Албертс се воздржува од објавување на детали, бидејќи за тоа интервенираа и властите од американскиот Национален советнички борд за биобезбедност.
Иако, властите предупредуваат од ризикот вирусот да...
Post Views: 13
Во склоп на редовните посети со граѓаните на Народниот Правобранител, Заменик Народниот Правобранител Илбер Руфати -НП Подрачна Канцеларија Кичево на ден 24,09,2020 (четврток) ќе биде во посета на Охрид.
Средбите со граѓаните Заменик Народниот Правобранител ќе ги одржи во просторите на Општина Охрид од 09 ;00- 15;30 часот. Според распоредот секој последен четврток во месецот е резервиран за дирекни средби со граѓаните па така, до крајот на годинава вакви средби со охриѓани ќе се одржат и на 29ти Октомври, 26ти Ноември и 31 Декември.
Post Views: 3
Пишува Мирослава Бурнс
Лажна е веста дека екс директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев е приведен или уапсен како што објави Лидер. Со бомбастичен наслов „ЕКСКЛУЗИВНО Приведен Ден Дончев на распит во полиција“ лажно се тврди дека Дончев бил уапсен и тоа од секторот за организиран криминал.
Како што официјално соопштија од МВР, Д.Д. бил уредно поканет со покана за разговор во полициската станица Карпош. Тој уредно самиот се пријавил и по извршениот разговор си заминал.
Оттука неточно е и тврдењето изнесено во текстот што го рецензираме, дека Дончев ,,се...
Post Views: 7
Германската опозиција претходно денеска го повика Вулф да се повлече од функцијата, откако обвинителството побара од Парламентот да му го одземе имунитетот поради обвиненијата за корупција.
Од средината на декември минатата година 52-годишниот Вулф е подложен на жестока критика во германските медиуми, кои го обвинуваат за обид за прикривање на аферата со приватниот кредит, добие од сопругата на пријател индустријалец, додека бил регионален премиер, посочуваат агенциите. Оттогаш не минува ниту една недела а да не се појави нов скандал околу името на претседателот.Досега...