Post Views: 1
Регулаторната комисија за енергетика денеска ја објави својата најнова одлука за цените на горивата, со кои бензинот во следните две седмици ќе се продава за два денари помалку од денешните цени, а дизелот ќе поевтини еден и пол денар.
Така, цените на „еуросупер-95“ и на „еуросупер-98“ ќе изнесуваат 60,5 денари, односно 62,5 денари. Цената на „еуродизел“ се намалува за еден и пол денар и еден литар дизел-гориво од вечерва ќе чини 46,5 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.
Post Views: 22
Благодатниот Светиот оган, кој го симболизира неракотворената светлина на Воскресението Христово, за кого зборувал уште апостолот Петар му рече, влезе во храмот на Светиот гроб во Ерусалим.
Сите свеќи и светилки во црквата претходно биле згаснати, пренесуваат агенциите. Огнот се појавил по молитви за чудо на ерусалимскиот патријарх Теофил III, а илјадници верници во саботата пред Велигден го исполниле храмот на Светиот Гроб, црквата којашто всушност е низа од споени простории коишто наликуваат на спили, но богато украсени, со скалила коишто водата до галеријата и исчезнуваат...
Post Views: 7
Во последните 24 часа се направени 1694 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 96
-Куманово 8
-Штип 7
-Прилеп 8
-Тетово 15
-Струга 3
-Велес 5
-Битола 8
-Охрид 2
-Кавадарци 6
-Гостивар 2
-Гевгелија 1
-Струмица 11
-Крива Паланка 7
-Радовиш 1
-Кочани 17
-Пехчево 1
-Берово 10
-Валандово 3
-Виница 1
-Делчево 2
-Кратово 1
-Свети Николе 6
-Кичево 4
Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 71 и 83г), по еден од Прилеп (78г), Тетово (63г) и Битола (59г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 96 оздравени пациенти од:
-Скопје 33
-Куманово...
Post Views: 5
Рачно изработена, импровизирана бомба експлодира два часа по полноќ во зграда во атинскиот кварт Неос Космос, каде се наоѓа главниот секретаријат на Министерството за административна реформа.
Експлозијата предизвикала пожар, кој целосно ги уништил канцелариите, како и еден автомобил кој бил паркиран во близина.
Во гаснење на пожарот учествувале 21 пожарникар и седум противпожарни возила, пренесуваат грчките медиуми. Нема информации за евентуални жртви и повредени во инцидентот.
{loadposition content9}
Post Views: 5
ТАВ Македонија , подружница на ТАВ Аеродроми , го назначи Метин Батак за Генерален директор , ефективно од 1 октомври 2020. Алпер Ерсој ќе ја напушти позицијата на генерален директор и ќе биде назначен за генерален директор на ТАВ Грузија, компанија која управува со аеродромите Тбилиси и Батуми.
„ За време на мојот мандат во ТАВ Македонија , успеавме тројно да ги зголемиме бројките на патници на двата македонски аеродрома. Заедно со нашиот извонреден тим на вработени и блиската соработка со сите чинители во авиосообраќајот, продолживме во поставувањето на македонските...
Post Views: 7
Во извештајот на европската агенција Eurofound минималната плата во земјите членки на Европската Унија за 2017 година варира од 235 евра во Бугарија, до 2.000 евра во Луксембург.Во Романија минималната плата е 322 евра, во Франција и Белгија е 1.500 евра, во Германија и Британија минималната надница за еден работен час е 9 евра, а во Австрија, Италија, Данска и Финска нема минимална плата.
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, неодамна изјави дека секоја земја во ЕУ треба да воведе минимална плата, како значаен инструмент во борбата против социјалната...
Post Views: 8
Иако има пари да си купи стан или куќа каде што ќе посака на земјината топка, сепак реши да не вложува пари во вакви работи и да шета низ светот, да ги зацврстува службените контакти и да не го покажува своето богатство преку поседување скапи објекти. Овој 50-годишен бизнисмен пред 12 години ги продаде станот во Њујорк и приватниот остров. Оттогаш постојано патува низ светот, се дружи со убави жени, остварува нови бизни-контакти и ги зацврстува досегашните професионални пријателства. Во текот на еден месец Николас менува и по 14 града и остварува бројни контакти. Притоа...
Post Views: 0
Во текот на изминатото деноноќие (01/02.10.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 874 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
Post Views: 11
Со целовечерен концерт викендов во Вилнус, Литванија, КУД „Дримкол“ од Вевчани го презентира македонскиот фолклор и традиција. Овој концерт беше дел од проектот „Денови на македонската култура во Литванија“ во организација на Европскиот универзитетот за хуманистички науки од Вилнус.
Македонскиот фолклор во Вилнус беше презентиран преку Вевчански изворни кореографии и преку сценски обработки од различни етнички предели на Македонија. Во рамките на овој проект свои настапи имаше и соло пеачот Викторија Чочороска, апсолвент на Академијата за музички уметности во Скопје...
Post Views: 2
Поради назив за колбаси, а не поради словенечкото малцинство, меѓу Австрија и Словенија може да се случи ново влошување на односите.
Словенија сака да го заштити називот за колбасите Krainer (Крањска) врз основа на потекло, а тоа име се користи и во Австрија за одредување вид колбаси. ЕК како што соопшти Заводот за патенти, веќе добил барање од Словенија.
Прифаќањето на барањето на Словенија би значело дека во Австрија нема да може да се користи називот Krainer.
Австрија најави дека на барањето на Словенија ќе вложи жалба.
– Забраната за користење на називот Krainer...
Post Views: 6
Денеска започнаа градежни активности за поставување на првиот асфалтен слој на улицата која минува низ поранешната касарна „Михајло Апостолски“.
Согласно проектот за реконструкција во текот на изминатиот период беше извршено поставување на атмосферска канализација и се изврши уредување и поплочување на тротоарите од двете страни на коловозот. Исто така според планираното, на улицата ќе биде поставена соодветна сигнализација и осветлување.
Реконструкцијата на улицата е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште и за оваа намена од општинскиот буџет се издвоени...
Post Views: 2
Српскиот претседател Борис Тадиќ поднесе оставка на функцијата, со што се отвора патот за одржување на предвремени претседателски избори на 6 мај. Тадиќ, на прес-конференцијата во Белград, рече дека решил „да го скрати својот мандат“ и да овозможи на 6 мај да се одржат избори на сите нивоа на власта. „Ќе се кандидирам на тие избори со многу оптимизам поради позитивните трендови во нашата земја“, рече Тадиќ. Според него, изборите ќе бидат тешки, но и дека ќе претставуваат можност граѓаните да се определат по кој пат ќе сакаат да одат. „Јас го предлагам патот на европските...