Post Views: 1
Македонија е рангирана меѓу првите 20 реформатори, односно меѓу 10-тото и 20-тото место во извештајот на Doing Business 2009 на Светска банка.
Во периодот од јуни 2007 до јуни 2008 година Македонија бележи и скок од осум места на генералната позиција и од 79. место лани годинава е рангирана на 71. помеѓу 181 земја во светот во подобрувањето на вкупната бизнис клима.
„Република Македонија е рангирана подобро скоро од сите земји во регионов – од Албанија (86), Црна Гора (90), Србија (94), Грција (96), Хрватска (106), Црна Гора (90), БиХ (119) и Словенија (54). Влеговме...
Post Views: 0
Во текот на изминатото деноноќие (08/09.10.2020) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 608 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.
Post Views: 4
Приватната компанија SpaceX соопшти дека ќе превезува двајца туристи околу Месечината следната година, објави денес нејзиниот директор Elon Musk.
Две лица кои се познаваат побарале од компанијата да ги превезе на една седмица на долг лет околу месечината, а Musk не сакал да ги наведе имињата на идните вселенски туристи, ниту колку ќе чини нивното патување. Тој рекол дека тие веќе платиле “значаен” депозит.
Musk рекол и дека SpaceX е на пат да лансира астронаути до Меѓународната вселенска станица за потреби на американската вселенска агенција NASA до средината...
Post Views: 3
Државниот секретар на САД, Хилари Клинтон ќе се повлече од политичкиот живот.
Таа во интервју за американската телевизија Ен-Би-Си изјавила дека веќе и доста од брзото и тензично темпо.
“Со нетрпение очекувам да излезам од тензичниот ритам, во кој се наоѓам. Излегувам од политиката како државен секретар. Не планирам да се вратам во политиката“ изјавила таа.
Иако вели дека не планира да се врати во политиката, 65-годишнта Хилари, која му десна рака на претседателот Барак Обама, не ја исклучи можноста дека сака да го наследи по истекот на неговиот последен мандат. Иако...
Post Views: 6
Во Њујорк денеска ќе биде одржана нова рунда македонско-грчки разговори за надминување на разликите околу употребата на уставното име на Република Македонија.
Медијаторот на ОН Метју Нимиц ќе има одделни средби со претставниците на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Адемантиос Василакис. Во македонската делегација е и Мартин Протоѓер, шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски. Не е исклучено да биде одржан и заеднички состанок на претставниците на двете земји, а разговорите да продолжат и в петок.
Засега нема официјална потврда за медиумските најави во Атина...
Post Views: 0
Советот на општина Охрид, денес, ја одржа четириесет и деветтата седница со единствена точка на дневен ред Предлог одлука за намера за реализација на проекти по пат на долгорочно домашно задолжување на општина Охрид во рамки на вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2). Советниците едногласно ја прифатија одлука.
По исцрпување на дневниот ред заврши четириесет и деветтата седница на Советот на општина Охрид.
Post Views: 0
Граѓански буџетски форум во Струга. Продолжува сесијата на презентации на буџетските форуми, во организација на Центарот на заедниците на општина Струга. Денес во хотел Мираж Струга беше презентирана реализацијата на општинскиот буџет за 2016 како и презентацијата на предлог буџетот за 2017. Катерина Талеска Скепароска, проект координатор од центарот, пренесе дека ваквиот вид на настани каде присуствува граѓанскиот сектор се од исклучителна важност, бидејќи на истите граѓаните добиваат право на глас со свои предлози да укажат кои проекти се според нив важни и каде...
Post Views: 3
Иако 60,6 отсто од излезените на референдумот ја поддржаа изградбата на нуклеарката Белене, сепак според официјалните податоци премалку за референдумот да биде обврзувачки.
Бугарската влада ќе го искористи мнозинството што го има во парламентот за да ја наметне својата одлука во оваа земја да не се гради нова нуклеарна централа, и покрај тоа што во неделата мнозинството Бугари што излегоа на референдумот, само еден месец пред националните избори, се изјаснија за, проценуваат аналитичарите.
Затоа конечната одлука ќе ја донесе парламентот, во кој доминираат коалициските...
Post Views: 9
Трошоците на живот во август годинава во однос на јули биле пониски за 0,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во август 2008, во однос на претходниот месец, намалување на цените е забележано во групата Сообраќај за 2.7%, Покуќнина, мебел и др за 1.0%, храна и безалкохолни пијалаци за 0.9% и облека и обувки за 0.4%. Пораст на индексите е забележан во групите – централно греење за 43.4%, Алкохолни пијалаци и тутун за 0.5%, Здравје за 0.3% и хотели и ресторани за 0.2%.
Македонските граѓани...
Post Views: 11
364 нови случаи на Ковид 19 во нашата земја, нов неславен рекорд од почетокот на епидемијата. Министерот за здравство, Венко Филипче, соопштувајќи ја денешната бројка на позитивни на вирусот кажа дека состојбата се уште е стабилна но дека лесно може да ескалира.
Соопшти дека врз основа на анализите здравствените власти донеле одлука за препорака на нови мерки со цел спречување на ширење на вирусот.
„Забрана на семејни поголеми собири, прослави и забави во домашни услови, односно, се забранува групирање на граѓаните во домовите, слави. Во едно живеалиште стан...
Post Views: 6
Продолжува потрагата по американскиот борбен авион Ф16 од италијанската база Авиано, кој од понеделникот навечер се смета за исчезнат во близина на брегот на Јадранското море.
Траги од гориво се пронајдени во поморската зона меѓу Лидо ди Савио и Церива, каде сега е насочена потрагата, јави Кориере дела Сера.Авионот, што бил на вежба заедно со уште три летала, ја изгубил радио врската со базата и исчезнал од радарот, јавуваат италијанските медиуми.
Пилотот сигнализирал за проблем во последната радио врска. Пилотот пак на авионот што летал заедно со исчезнатиот авион го...
Post Views: 12
Над 600 слависти од 40 земји од светот ќе земат учество на 14. Славистички конгрес што од 10. до 16. септември за прв пат ќе се одржи во Охрид, а на поканата на организаторот единствено не се одзвале славистите од Грција.
Во Охрид во полноправни членки на Меѓународниот славистички комитет ќе бидат промовирани Турција, Босна и Херцеговина, Шпанија и Кина.
Во рамки на Конгресот ќе биде организирана и изложба на преку три илјади научни дела од областа на славистиката кои ќе останат во трајна сопственост на Република Македонија.
„Конгресот во Охрид ќе има позитивно влијание...