СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ СО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА КЕЈТ МАРИ БРНЗ

Post Views: 7 Градоначалникот Кирил Пецаков, денес, оствари протоколарна средба со Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Кејт Мари Брнз. На средбата се разговараше за веќе воспоставената добра меѓусебна соработка, но и за можностите за продлабочување на соработката. Во разговорот, амбасадорката ги пренесе искуствата од државата Вермонт во развојот на екотуризмот кои целосно може да се применат и во Охрид. Исто така, амбасадорката истакна дека постои можност и за соработка во областа на образованието со оваа држава, информираат од Локалната самоуправа. Градоначалникот...

Continue reading

НОВА ДОГРАМА ВО ПОДРАЧНОТО УЧИЛИШТЕ ВО ДАЛЈАН

Post Views: 3 Со средства обезбедени од Општина Охрид, во текот на изминатиот викенд беше извршена промена на дограмата во училишниот објект на ОУ „Свети Климент Охридски“ во населба Далјан. Поставени се нови енергетски ефикасни прозорци во сите 5 училници и во наставничката канцеларија. Исто така поставени се и нови пвц врати на двата влеза од објектот и на тоалетите. Претходно во овој училиштен објект беа реконструирани подовите во сите училишни простории.

Continue reading

lista

Британија, омилена дестинација за имигрантите

Post Views: 7 Од сите земји во ЕУ, Велика Британија привлекува најмногу имигранти, веднаш по неа е Шпанија, Италија, Германија. Од сите земји во ЕУ, Велика Британија привлекува најмногу имигранти, веднаш по неа е Шпанија, Италија, Германија, покажуваат најновите податоци што ги објави Еуростат, агенција за статистика при Европската комисија.Последната година за која има достапни податоци е 2010, кога во Велика Британија се доселиле околу 591 илјади луѓе, што е повеќе од два пати во однос на Франција, која истата година примила околу 251 илјада имигранти.На второ место е Шпанија, во...

Continue reading

Сакаме во НАТО, ама не по цена на името

Post Views: 7 Влезот на Македонија во НАТО го поддржуваат 85,2  отсто од македонските граѓани, покажува телефонската анкета што ја спровел Институтот за демократија во соработка со Министерството за надворешни работи во периодот од 7 до 10-ти септември годинава. На евентуален референдум, против членството на Македонија во НАТО би се изјасниле 6,1 отсто од граѓаните. Сепак, и покрај големата поддршка за влезот на Македонија во НАТО најголем дел од испитаниците, дури 69,9 проценти, се изјасниле дека не се за промена на името за сметка на македонското членство во Алијансата. Околу 23...

Continue reading

СЗО: Вакцините против коронавирус ќе бидат достапни во декември или почетокот на 2021

Post Views: 1 Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека вакцините против Ковид-19 најверојатно ќе бидат достапни во декември или почетокот на 2021 година за доставување до регулаторите за одобрување. „Многу е охрабрувачки да се види напредок во клиничките испитувања што се случуваат низ целиот свет. Како што знаете, имаме околу 40 кандидати за вакцина во одредена фаза на клинички испитувања, а десет од нив се во трета фаза, а тоа се клинички испитувања во доцна фаза, што ќе ни дадат информации за ефикасноста и безбедноста“, изјави Сумја Сваминатан, главен научник на СЗО. Таа...

Continue reading

Охрид не мирува, серија нови земјотреси

Post Views: 1 Силен земјотрес го потресе Охрид пред полноќ, чија магнитуда беше 4.1 степен според Рихтер. Пред и по него имаше помали потреси со магнитуда помеѓу 2 и 3 степени. И утрово во 6.30 Охрид и околината почуствуваа силен земјотрес со магнитуда од 3.8 степени според Рихтер, а епицентарот бил помеѓу селата Косел и Јанкоец, ресенско. Вознемиреноста кај граѓаните е голема. Изминатата ноќ многумина решија да ја поминат на отворено, а се бројат и штетите на објектите кои засега се од помал обем и најчесто се работи за обрушувања на оџаци, доградби, оштетени балкони, ѕидови и слично....

Continue reading

Skyfall

Koj e филмот на годината?

Post Views: 0 Последното филмско издание за Џејмс Бонд „Skyfall“ е прогласен за филм на годината, одлучи британската публика во рамките на доделувањето на Бритиш Филм Авард. „Skyfall“ ја освои и наградата за најдобра филмска фотографија. – Лондон Ивнинг Стандард Бритиш Филм Авардс го слави успехот на британските филмови. „Skyfall“ е вистински британски филм на кој Холивуд може да му позавиди. Прикажа креативност, визија и талент на новата генерација на британски режисери и актери, рече Сара Сандс, уредник на Ивнинг Стандард. Саша Барон Коен, познат и како Али Г. Борат и Бруно,...

Continue reading

Гурмански викенд со пиво

Post Views: 2 Под покровителство на Град Скопје од денеска до 21 септември на скопското Кале прв пат ќе се одржи фестивалот „Пиволенд“ – Гурмански викенд со пиво. Официјалното отворање на манифестацијата е закажано за 18 часот, а влезот за сите граѓани е бесплатен. Според програмата, почетокот на настанот треба да го означи градоначалникот на Скопје Трифун Костовски. Предвидено е учество на 50-тина ресторани од Македонија кои ќе нудат македонска храна, но и кинеска кујна, лесковачки роштиљ, вегетаријанска храна, а пред се пиво.Сите фестивалски денови ќе бидат исполнети и со...

Continue reading

615 прекршоци по однос на мерката за носење лична заштита на лице

Post Views: 0 Во текот на изминатото деноноќие (12/13.10.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 615 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

Continue reading

zemjotres

Земјотрес и цунами ги погодија Соломонските острови

Post Views: 2 Најмалку пет лица загинаа во цунами предизвикано од земјотресот со интензитет од осум степени според Рихтер кој доцна синоќа ги погоди Соломонските острови. Сите загинати се од островот Санта Круз, кој е најтешко погоден од цунами брановите, високи еден метар. Разурнати се три села, во кои живееле околу 700 лица. Можно е бројот на жртвите да се зголеми. Потресот бил со епицентар на околу 580 километри од Хониара, главниот град на Соломонските острови, и на околу 60 километри од градот Лата, на истоимениот остров, кој е дел од архипелагот Санта Круз. Веднаш по силниот...

Continue reading

Грција сепак пречка за членство на Македонија во ЕУ

Post Views: 0 Амбасадорот на Унијата во Македонија Ерван Фуере пак вели дека правилата се базираат на објективни и ригорозни проценки.Македонскиот вицепремиерот за европски прашања Ивица Боцевски смета дека извештајот на европската комисија во ноември ќе биде објективен и дека ќе ја даде вистинската слика за тоа што се случувало изминатата година, но не изостави да ја спомне и Грција. „Извештајот за прогрес на Европската Комисија за нас ке биде реален одраз на состојбите и основа за годишната работа на Македонија врзана за евроинтегративниот процес. Она што јасно го кажуваме е дека...

Continue reading

ЗАВРШНИ АКТИВНОСТИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА ВО ПОРАНЕШНАТА КАСАРНА

Post Views: 1 Со поставување на вториот асфалтен слој на коловозот деновиве се изведуваат завршните градежни активности за реконструкција на улицата која минува низ поранешната касарна „Михајло Апостолски“. Согласно проектот, во текот на изминатиот период на оваа улица беше извршено поставување на атмосферска канализација и се изврши уредување и поплочување на тротоарите од двете страни на улицата. Според планираното, наскоро ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација и осветлување.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top