Post Views: 6
Човекот од Американската морнарица кој беше одговорен за убиството на поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, вели дека е запоставен од страна на американската влада.
Екс командосот сега вели дека крпи крај со крај и дава надчовечки напори за да го прехрани своето семејство, како и да им плати здраствена заштита.И покрај убиството на најбараниот човек во Америка, американскиот војник кој бил наведен под името „Shooter“ повторно се врати во цивилниот живот. „Стрелачот“ кој остана анонимен се повлече од војската во септември 2012 година, 36 месеци пред 20 годишниот...
Post Views: 10
Вкупно 320 милиони долари странски директни инвестиции влегле во Македонија во 2007 година, при што биле регистрирани девет гринфилд вложувања.
Ова се наведува во извештајот на Конференцијата на Обединетите Нации за трговија и развој (UNKTAD), објавен доцна синоќа во Женева.
Македонија се наоѓа во групата земји кои во 2007 година имале прилив на странски директни инвестиции меѓу 100-900 милиони долари, заедно со Црна Гора, Албанија, Туркменистан, Таџикистан, Узбекистан, Киргизија, Ерменија и Молдавија.
Вкупниот прилив на странски директни инвестиции во Македонија се...
Post Views: 8
Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески престојуваше во официјална посета на Општина Корча, Република Албанија.
Како една од главните теми на кои се разговараше на работниот состанок со градоначалникот Сотираќ Фило беше процесот на утврдување на програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија во рамките на ИПА III програмата на Европската Унија за периодот од 2021 до 2027 година.
На состанокот се разговараше за потребата од дефинирање на заедничка стратешка визија за развој на општините Охрид и Корча која ќе биде во насока на...
Post Views: 4
Тлото во Охрид и Охридско не мируваше ниту ноќеска. Во текот на ноќта беа почувствувани седум земјотреси, од кои најсилниот со јачина од 4,2 степени според Рихтер ги вознемири жителите на охридското епицентрално подрачје четири минути по полноќ.
Епицентарот бил на 9 километри источно од селото Косел на длабочина од 2 километри. По овој потрес следеа уште неколку земјотреси во 00.37 со магнитуда 2.7, во 00.54 часот со јачина 3.5, во 1.02 часот со интензитет од 2.9 степени и во 1.10 часот со јачина од 3.3 степени по Рихтер.
Во 23.45 часот измерен е земјотрес со јачина...
Post Views: 3
Новинарите на британската медиумска куќа “Би-Би-Си“ најавиле дека во понеделник на 18-ти февруари ќе стапат во штрајк поради најавеното отпуштање на работници.
Националната унија на новинари потврдила дека штрајкот ќе биде одржан ширум Велика Британија, доколку Би-Би-Си не се согласи да го оконча принудното отпуштање на работници.Оваа организација најавила дека на крајот на неделата во знак на протест поттикнале мерка забавување на работата.
{loadposition content9}
Post Views: 9
Медијаторот Метју Нимиц во наредните десетина дена ќе свика нова рунда разговори за да ги слушне финалните оценки на Македонија и на Грција за неговите идеи за решавање на спорот за името што ги изнесе на последната средба со преговарачите на двете земји.
Нимиц по средбата со претседателот Бранко Црвенковски што се одржа доцна синоќа по македонско време во Њујорк, не прецизира дали на следната рунда разговори ќе излезе со формален предлог. „Ќе разговарам со претставниците на двете земји и ќе решиме што ќе правиме. Ако има нов предлог ќе бидете известени“, рече медијаторот....
Post Views: 4
На оваа седница е разгледана и усвоена Информацијата за склучување на Договор за преземени обврски помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) (GAVI ALLIANCE), за набавка на вакцини за КОВИД-19 преку COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини за КОВИД-19, потврдени и регулирани од Светската здравствена организација, и е прифатен текстот на Обврзувачкиот договор за набавка на вакцините.
Владата побара од Бирото за јавни набавки да предложи најсоодветен начин за остварување на оваа...
Post Views: 0
Во масовна паника на најголемиот празник на Хиндусите загинаа повеќе од 30 луѓе, а повредени се десетици. Паниката настанала на железничка станица во градот Алахабад.
Според локалните власти, загинатите верници дојдени да „ги измијат гревовите“ на реката Ганг, биле прегазени од толпата. Полицијата соопшти дека десетици луѓе се повредени. Властите наведоа дека несреќата се случила откако попуштила оградата на еден мост за пешаци. Роднини на жртвите ги обвинија полицајците за настанатата паника. Според други пак, до пристигнување на екипите за спасување минале часови....
Post Views: 1
Владата на Република Македонија денеска ќе потпише договор со турската компанија „ТАВ“ за давање под концесија на аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Свети Апостол Павле“ во Охрид и за изградба на карго аеродром во Штип.
„ТАВ“ беше единствената компанија што се пријави на владиниот тендер за давање под концесија на македонскиот аеродромски систем.
Во наредните 20 години, колку што треба да стопанисува со аеродромите во земјава, „ТАВ“, како концесионер, е обврзана комплетно да ги реновира скопскиот и охридскиот аеродром и да изгради карго аеродром во Штип...
Post Views: 6
Владата на Република Северна Македонија на денешната 11-та седница ги разгледа препораките на Комисијата за заразни болести за задолжително носење заштитни маски или заштитна опрема (бандана, шал или друг вид прекривка на носот и устата), секаде при престој на отворено, на затворено во јавни објекти, на работно место и во јавен и приватен транспорт, со исклучоците кои опфаќаат спортување на отворен простор и на затворено со почитување на протоколите за заштита, при транспорт со приватно моторно возило ако сите лица во возилото се од едно семејство или живеат во заедничко...
Post Views: 3
Се менуваат односите на пазарот, се менуваат сопственици на поедини марки, па така и Волво, но во едно не се менува оваа шведска компанија која е позната по безбедноста и која го задржува континуитетот.
Волво не отстапува од зацртаната цел дека од 2020 година нема никој да загине во автомобил на Волво.
Во склад со тој план, Волво Карс објави дека новиот модел ХС60, кој премиерно беше претставен на саемот на автомобили во Женева, ќе биде опремен со три напредни функции со кои возачите ќе можат да ги извлечат од потенцијални опасности. Новите функции се осмислени за да...
Post Views: 0
Во јамата во моментот на експлозијата се наоѓале 22 рудари, од кои четворица успеале да излезат надвор.
Несреќата се случила во рудникот Воркутинсјака во руската Република Кома недалеку од истокот во оваа земја. Се стравува дека 18 рудари се заробени во рушевините по утринските експлозии. Во јамата во моментот на експлозијата се наоѓале 22 рудари, од кои четворица успеале да излезат надвор изјавила претставникот на Министерството за вонредни состојби на Русија, Елена Смирних.Во време на експлозијата во рудникот имало 259 рудари, од кои 23 биле во делот каде се случил...