Post Views: 8
Охридското Езеро денес беше порибено со околу 30 000 парчиња подмладок од јагула. Во текот на 2016 година езерото три пати се пориби со подмладок од јагула, а тоа го врши АД ЕЛЕМ.
Порибувањето се вршеше од неколку локации почнувајќи од пред ресторанот „Ревиера“, Струга, па Радожда, Калишта, Сатеска, Андон Дуков, Охрид и во подлабокиот дел од езерото.
„Битно е дека рибата е здрава, набавена е од Грција, проверена е автентичноста и автохтоноста на типот, нема паразити тоа е проверено во институтот за ветеринарство и сточарство го помина периодот на карантин, рибата...
Post Views: 0
Шеесет и четиригодишниот кардинал Петер Турксон од Гана, во медиумите во последните денови најчесто се споменува како кандидат за нов папа.
Тој нагласува дека кој и да го наследи Бенедикт XVI ќе има мошне тешка задача.
“Премногу би ми значело да станам нов папа. Доколку ме изберат тоа за мене ќе значи пред се’ лична промена. Иако како надбискуп имам голема одговорност ова се размери кои тешко може да се замислат“, рекол Турксон, додавајќи дека доколку биде избран ќе се држи цврсто до католичката доктрина, но и во исто време ќе се потруди на луѓето да им покаже како...
Post Views: 4
Министерството за одбрана соопшти дека колона од контингентот на АРМ вчера во Таџи, Ирак, во раните утрински часови по локално време налетала на импровизирана експлозивна направа.
Притоа, направено е незначително оштетување на едно моторно возило од колоната, без никакви последици по животите и здравјето на припадниците на АРМ.
Експлозивната направа била поставена на работ на патот по кој се движела колоната борбени моторни возила од типот HMMWV – М114 („хамви“). По извршување на увидот и известувањето на претпоставената команда, колоната безбедно се вратила ...
Post Views: 2
Охриѓани не знаат каков воздух дишат. Нема официјални податоци и анализи за квалитетот на амбиенталниот воздух во поглед на загадување со ПМ честички. Во Охрид нема мерна станица во рамки на Државната мониторинг мрежа за квалитетот на воздухот со која управува Министерството за животна средина и просторно планирање. Во декември минатата година беа поставени 11 мерни сензори за квалитет на воздух на неколку локации во Охрид. Тоа беше направено во рамки на проектот Interreg Airthings финансиран од Европскиот фонд за регионален развој кој завршува денес. Од државниот...
Post Views: 7
Денеска се слави светскиот ден на радиото, прогласен од страна на УНЕСКО.
Неговата цел е да се подигне свесноста за значењето на радиото меѓу јавноста и медиумите, да се охрабри вмрежувањето и меѓународната соработка меѓу радиодифузерите и да се промовира пристапот до информациите и слободата на изразување преку брановите на овој медиум.Радиото, како универзален медиум кој досега до различни заедници и маргинализирани групи, нудејќи притоа забава, едукација, користење на правото на слобода на изразување, јавни дебати, е составен дел од секојдневието на многумина. Со...
Post Views: 1
Дваесет и деветтиот Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ вечер свечено ќе биде отворен во Центарот за култура во Битола.
Дваесет и деветтиот Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ вечер свечено ќе биде отворен во Центарот за култура во Битола, со врачување на Специјалната награда „Златна камера 300“ на израелско-американскиот продуцент и режисер од Холивуд Менахем Голан, кој е и член на фестивалското жири. Надвор од натпреварувачката програма вечер ќе биде прикажан британскиот филм „Другата Болејн сестра“.
Годинава фестивалот...
Post Views: 7
Околу 400 килограми кокаин вчера попладне биле откриени во дистрибутивниот центар (ЛДЦ) на компанијата Воли Трејд, која е во мнозинска сопственост на бизнисменот Драган Бокан.
Кокаинот бил спакуван во кутии од банани од Еквадор. Според неофицијални податоци, сомнителниот бел прашок го пронашле работниците на таа фирма, по што била известена полициската управа и другите надлежни државни органи.
Според податоците до кои дојде порталот ПРЕСС, компанијата Воли Трејд со години увезува банани од Латинска Америка. Компанијата увезла дури 211 бродски пратки од Еквадор, а 14...
Post Views: 2
Министерот за здравство Венко Филипче, на својот фејсбук профил објави дека веќе е потпишан е договор од 36 земји, меѓу кои и Северна Македонија преку ЕУ добива пристап до лекот Ремдесивир.
Ова е шеста успешно имлементирана заедничка постапка за набавка. Заедничката набавка е инструмент на Европската Комисија од почетокот на годината со кој на земјите им се обезбеди и дополнителен пристап до лична заштитна, респиратори, тестови и друга неопходна медицинска опрема.
Преку Клиничката студија на СЗО веќе го имаме лекот Ремдесивир, а со ова обезбедуваме дополнителни количини...
Post Views: 2
Конечно некоја добра вести на тема екологија: озонската дупка над јужниот пол се намалува. Моментално е најмала во последниве десет години.
Сателитските снимки на Антарктикот покажуваат закрепнување на озонскиот слој на Земјата. Неговото тенчење започна во 80-тите години на минатиот век и понекогаш беше проретчено и до 70 проценти.Снимките покажуваат дека 2012-та била најдобра во изминатата деценија. Антарктикот е поранлив од Арктичкиот круг поради силните ветришта кои се претвораат во циклони кои ја намалуваат температурата. А фреоните прават поголема беља на озонот...
Post Views: 4
По повод Светскиот ден на туризмот – 27 септември, Факултетот за туризам од Скопје организира дводневен Меѓународен симпозиум на тема „Туризмот во 21-от век“.
Симпозиумот е прв од ваков вид што се организира во Македонија и на него ќе учествуваат професори и експерти од областа на туризмот од странство и од Македонија.Целта е размена на знаења и искуства со оние земји кај кои туризмот има огромно позитивно влијание на севкупното стопанство.
Post Views: 21
На подрачјето на Нaционалниот парк Галичица има околу 18 видови лилјаци од вкупно 30 вида колку што досега се регистрирани во Македонија. Од нив позначајни се медитеранскиот потковичар, големиот потковичар, долгокрилестиот лилјак и долгопрстиот ноќник. Иако нашата земја има ратификувано повеќе конвенции како што се Бернска и Бонска Конвенција и Договорот за зачувување на видовите на европски лилјаци, во Македонија лилјаците немаат некој посебен статус на заштитени видови.
Наспроти верувањата на повеќето луѓе, лилјаците не се опасни за човекот и не напаѓаат. Сите лилјаци...
Post Views: 0
Во текот на изминатото деноноќие (13/14.10.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 624 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.