Post Views: 2
Филмот „Стела“ премиерно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид и тоа во деновите 29-ти, 30-ти и 31-ви Октомври 2020 година, со почеток во 20.00 часот, цена на карта 150 денари.
По обид за самоубиство на едно десетгодишно дете, кое е жртва на малтретирање во училиште, Стела(шарпланинка) е единствената која може да го спаси и да му ја обнови верата во животот.
Оригинален наслов: СТЕЛА
Траење на филмот: 91 Минути
Земја / година: MKD/2019
Жанр: Драма, Семеен
Глумци: Дејан Лилиќ, Тони Михајлоски, Петар Маниќ, Симеон Дамески, Христина...
Post Views: 8
Во најновиот извештај на SDSN за 2017 година, глобална иницијатива покрената од страна на Обединетите нации во 2012 година, Норвешка изби на првото место и ја престигна Данска во изборот на најсреќни земји на светот.
До сега најсреќна беше Данска, а треба да се истакне дека во топ 10 најсреќни се воглавно нордиските земји:
1. Норвешка2. Данска3. Исланд4. Швајцарија5. Финска6. Холандија7. Канада8. Нов Зеланд9. Австралија10.Шведска
Од 155 земји, Македонија е во долниот дел (92.место), а спрема ова истражување најтешко за живеење е во Средно афричката република, Бурунди,...
Post Views: 1
Секс сцените кои се сметаа за „нормална“ појава во скоро секој холивудски филм, можеби ќе заминат во историјата, бидејќи продуцентите сметаат дека сексот повеќе „не се продава“ толку добро.
На местото од разголени сцени, страсни прегратки и жешки, сензуални допири, директорите на филмските студија, ни нудат филмови со многу специјални ефекти и акции, кои треба да ја забавуваат публика.
Според една анализа, последниот голем блокбастер во кој се нашла сцената со секс бил „Титаник“ од 1997 година. Сите се сеќаваме на сцената кога Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет водат...
Post Views: 4
Во рамки на вежбовните активности на „МАКЕДОНСКИ БЛЕСОК – 04“, утринава во селото Криволак, ќе се изведе вежба на која ќе биде прикажано практично справување со уфрлени терористички групи во урбана средина.
Како што соопшти прес – службата на армиската вежба, активностите на пазарот во сeло Криволак ќе ги изведуваат припадниците на декларираниот среден пешадиски баталјон од составот на Првата механизирана пешадиска бригада (мпбр.) и четата на Воената полиција.
Согласно сценариото за решавање на „инцидентот“, учесниците на вежбата ќе треба да спречат недозволени...
Post Views: 0
Заврши дислокацијата на спомен – бистата на Григор Прличев на новиот простор помеѓу двете национални установи што го носат неговото име.
По налог на Општина Охрид градежните работи за уредување на просторот и постаментот ги изведоа вработени на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид.
Идејата за дислокација е уште од мигот кога до поранешната локација на бистата беа поставени подземните контејнери а јавноста излезе со бурни реакции.
Сега следува хортикултурно уредување на просторот околу бистата, зафат на кој ќе биде ангажирано ЈП „Охридски комуналец“. Како крајна фаза според...
Post Views: 5
Во Струга се гради. После реконструкцијата на едната страна од кејот на реката Црн Дрим, Локалната самоуправа продолжува со градежни зафати. Во моментов, долниот дел од кејот на реката Црн Дрим од двете страни е раскопан и се очекува да почне поставувањето на нови плочки. Стружани велат дека општина Струга со овие зафати покажува дека е одговорна Локална самоуправа која се грижи за изгледот на градот и потребите на граѓаните.
„Супер е …добро е тоа што се гради. Добро е …но споменици не ни требаат, потребна е работа за младите..убо е што се реновира но...
Post Views: 0
Бил Гејтс со својата фондација се бори против ширењето на сидата.
Но основачот на Мајкрософт е незадоволен со сегашните кондоми, поради што и отвори конкурс.
Тој смета дека кондомите би можеле да се користат на поедноставен начин и дека им недостасува подобра амбалажа. Неговата фондација Gates Foundation нуди 100.000 долари за оној кој ќе смисли подобро решение.
Доколку некој има идеја, условите на конкурсот може да ги види на веб страната на Grand Challanges in Global Health.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Ивица Боцевски денеска и утре ќе престојува во посета на Естонија и Латвија.
За време на престојот во Талин, вицепремиерот Боцевски ќе се сретне со премиерот на Естонија Андрус Ансип, со министерот за финасии Ивари Падар, со министерот за економија и комуникции Еинари Кисел, со министерката за социјални работи Марет Марипу, со потсекретарот за надворешни работи Каја Таелк, како и со други функционери кои работат на прашања од областа на ЕУ, надворешните работи и економијата.
Во Естонија, јави известувачот на МИА, вицепремиерот...
Post Views: 1
Функционирањето на голем дел од занаетчиските дејности во услови на ширење на заразна болест е скоро невозможно. Целиот занаетчиски сектор има финансиски потешкотии. Побарувачката е намалена, занаетчиите не можат да одржат ликвидност , фирмите згаснуваат.
„Лоша е состојбата со занаетчиите. Сами можете да видите каква е атмосферата во старата охридска чаршија. Во однос на уписите и престанокот на занаетчии, оваа година се запишани 10 нови занаетчии од кои 8 се преку проектите на УНДП а загрижувачка е бројката од 7 занаетчии кои престанале да вршат занаетчиска дејност...
Post Views: 0
Од Универзитетот во Тексас порачаа дека не е компромитиран безбедносниот систем и не веруваат дека некој ја украл епруветата со вирусот. Велат дека најверојатно истата е уништена за време на чистењето, но истрагата продолжува.
Минатата недела од Истражувачкиот центар во Галвестон исчезна епрувета со опасниот вирус Гванарито, кој предизвикува потенцијално смртоносна хеморагична грозница. Велат дека истата најверојатно е уништена за време на чистењето, но истрагата во секој случај ќе продолжи како би се утврдиле вистинските причини за тоа што се случило.
Вирусот Гуанарито...
Post Views: 1
Заменик помошникот на државниот секретар на САД Стјуарт Е. Џонс денеска ќе престојува во посета на Македонија.
Во рамки на посетата, предвидено е Џонс да има одвоени средби со премиерот Никола Груевски и со претседателот Бранко Црвенковски.
Се очекува македонскиот државен врв да дискутира со американскиот гостин за повеќе прашања, како и да им биде пренесен ставот на американската администрација во врска со претстојните локални и претседателски избори во Македонија.
Post Views: 9
Со теоријата на заговор за „кемтрејлс“ користена во постот, се инсинуира дека авионите нè трујат со хемиски супстанци односно отрови кои предизвикуваат симптоми карактеристични на ковид-19. Ова, се разбира е неточно. Направени се истражувања од научната заедница и не е дојдено до ниту еден доказ дека наводните хемиски патеки се нешто различно од нормалните, вообичаени траги од кондензација кои ги оставаат авионите кои летаат на голема височина под одредени атмосферски услови. Неточно е и тврдењето во постот дека пандемијата со коронавирусот е измислена и дека вирусот...