Jack Dorsey

Првиот твитерџија сака да биде градоначалник

Post Views: 2 Ко-основачот на Твитер, Џек Дорси ќе се обиде да земе гриз од Големото Јаболко, кандидирајќи се за градоначалник. Тој во интервју за СиЕнЕн изјавил дека го обожава Њујорк и „електрицитетот кој го чувствува секој пат кога доаѓа таму“.Дорси е основач на системот за мобилно плаќање „Square“ и ко-основач на социјалната мрежа Твитер.Изборите за градоначалник на Њујорк треба да се одржат во ноември оваа година, а ако сака да победи, Дорси ќе мора да се соочи со многу предизвици. Најпрво ќе мора да докаже дека е способен да го замени сегашниот градоначалник Мајкл Блумберг кој...

Continue reading

nema struja

ЕВН со акција за легализирање на „дивите“ корисници

Post Views: 1 Акција за легализирање на нелегалните приклучоци во електроенергетската мрежа воведува од денеска ЕВН Македонија. Со ова им се дава шанса на сите кои се нелегално приклучени на мрежата, или поради било кој начин имаат проблем со броилото да се пријават во еден од корисничките центри на компанијата. Поради нелегалните приклучување големи штети трпи ЕВН, но и останатите граѓани, бидејќи се губи во квалитетот и се нарушува стабилноста на дистрибутивната мрежа, велат претставници на компанијата. Тие на вчерашниот брифинг информираа дека субјектите кои доброволно ќе се пријават...

Continue reading

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ НА КРСТОСНИЦАТА ПОМЕЃУ УЛИЦИТЕ „ЖЕЛЕЗНИЧКА“, „ЕГЕЈСКА“ И „БУДВА“

Post Views: 2 Се известуваат жителите на Општина Охрид дека утре 27.10.2020 година (вторник) ќе се врши хоризонтално обележување на кружната крстосница помеѓу улиците „Железничка“, „Егејска“ и „Будва“. За реализација на овие активности, во временскиот период од 08:30 часот до 12:00 часот, улицата „Железничка“ на потегот од клучката за влез во Охрид од насока на Струга до кружната крстосница кај „Здружение на возачи“ ќе биде целосно затворена за сообраќај. Возилата ќе се пренасочуваат кон булевар „Туристичка“ од една страна и улицата „ 7-ми Ноември“ од друга страна. За останатиот сообраќај,...

Continue reading

Во Струга има поле за работа и унапредување на младите

Post Views: 0   Во Струга постои почва за младинско вклучување во носење одлуки како и големо поле за работа и унапредување на младите. Регионалниот проект „Средиште на младински банки на западен Балкан и Турција“, точно има за цел да ги стави во фокусот младите, младинските организации во решавње на одредени општествени прашања и проблеми, вели Марија Матовска проектниот координатор. „Денеска разговаравме заедно со експертите во областите економија, како младите повеќе да се вклучат во пазарот на трудот како повеќе да имаме младинско вработување, политичката инклузија односно како...

Continue reading

erusalim

Католиците го слават Велики Петок

Post Views: 3 Огромен број христијани од католичка вероисповест го одбележуваат денеска Христовото распнување во Светата земја. Верниците се упатуваат во црквата на Божјиот гроб во источен Ерусалим за утрешната миса, со која почнуваат настаните поврзани со Велики петок. Римокатолиците и протестантите ќе учествуаат подоцна денеска во процесии по стапките на Исус во Стариот град. Вечерва ќе биде отслужена света литургија во црквата во Витлеем, каде се родил Исус Христос. {loadposition content9}  

Continue reading

Gordana Jankulovska

Јанкулоска на министерски состанок во Молдавија

Post Views: 12 Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, денеска ќе учествува на состанок на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите на процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP). На состанокот што ќе се одржи во главниот град на Молдавија, Кишинау, главни теми ќе бидат од областа на незаконското користење на личните податоци и од областа на компјутерскиот криминал. Министрите за внатрешни работи од процесот за соработка во Југоисточна Европа ќе потпишат и заедничка декларација за соработка во насока на целосна имплементација на Конвенцијата на ОН...

Continue reading

697 прекршоци по однос на мерката за носење лична заштита на лице

Post Views: 0 Во текот на изминатото деноноќие (25/26.10.2020) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 697 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.

Continue reading

Nelson Mandela

Мендела повторно во болница

Post Views: 1 Поранешниот претседател на Јужноафриканската Република Нелсoн Мандела повторно е примен во болница во Преторија со белодробна инфекција. Првиот претседател на Република Јужна Африка (РЈА) со црна боја на кожата, Нелсон Мандела, повторно е примен во болница со белодробнаинфекција, соопшти бирото на шефот на државата, Јакоб Зума. Мандела (94) бил хоспитализиран непосредно пред полноќ. Повеќе детали не се дадени, а само се уверува дека историскиот лидер на борбата против апартхејдот во РЈА го добива најдоброто можно лекување. Мандела и претходно овој месец на кратко беше...

Continue reading

Aleksandra Papadopulu

Пападополу – Владата не сака или не се осмелува да ги чуе грчките аргументи

Post Views: 8 Владата не сака или не се осмелува да ги слушне грчките одговори и аргументи, изјави денеска грчката амбасадорка Александра Пападополу. Таа реплицираше на прашањата на новинарите, по денешната прес конференција на заменик министерот за надворешни работи Зоран Петров, на која тој ги осуди вчерашните извици на грчките специјалци за време на воената парада во Солун. „МНР смета дека ваквиот чин на демонстрација на сила и непријателство кон Македонија е во директна спротивност со јавните заложби на државниот врв на Грција за добрососедство“, изјави заменик министерот за надворешни...

Continue reading

Синдикатите утре излегуваат на протест

Post Views: 4 Сојузот на синдикати на Македонија утре со почеток од 13 часот ќе излезат на протест. Својата сериозна намера дека не отстапуваат од барањето минималната плата да е 18.000 денари ќе ја искажат така што ќе го сопрат сообраќајот на улицата „Димитрие Чуповски“ каде всушност се наоѓа и Организацијата на работодавачи и Стопанската комора. Излегување на протест го потврди за Телма, претседателот на ССМ, Дарко Димовски. Пресметките на ССМ покажале дека со новата методологија која вчера ја понудиле работодавачите минималната плата би била 16.164 денари што за нив се неприфатливи....

Continue reading

Филипче го мобилизира целото јавно здравство за лекување на пациенти со Ковид 19

Post Views: 0 Министерот за здравство, д-р Венко Филипче заедно со претседателот на Комисијата за заразни болести др Жарко Караџовски одржа  работни состаноци со директорите од Универзитетските клиники, Клиничките и општите болници ширум државата, како и со главните медицинските сестри од Клиниките во Скопје со цел дополнително зајакнување на сите здравствени капацитети во земјава во периодот кој претстои. „Правиме целосна мобилизација на здравствените работници од јавното здравство, кои ќе бидат вклучени во лекувањето на пациентите со коронавирусот, а исто така ќе им бидат помош...

Continue reading

seriski ubiec

Најстрашниот сериски убиец во историјата

Post Views: 0 Раководителката на една бразилска болница била обвинета за смртта на најмалку седум, а постои сомнежот и дека е виновна за смртта на околу 300 пациенти, на кои, со помош на останатиот медицински персонал, ги исклучувала апаратите за кислород. Светот веројатно ќе заборави на Џек Трбосјек, Тед Бундиј и сите останати познати сериски убијци затоа што, според информациите кои што пристигнуваат од Бразил, сите тие би можеле да останат во сенката на докторка која, засега се товари за убиството на седум свои пациенти, а под истрага е за смртта на уште најмалку 300 лица. Раководителката...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top