Филипче го мобилизира целото јавно здравство за лекување на пациенти со Ковид 19

Спремаме дополнителни капацитети во интерните одделенија низ државата со цел подобро справување со овој непредвидлив вирус во зимскиот период“, објави министерот.

 |   | 

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче заедно со претседателот на Комисијата за заразни болести др Жарко Караџовски одржа  работни состаноци со директорите од Универзитетските клиники, Клиничките и општите болници ширум државата, како и со главните медицинските сестри од Клиниките во Скопје со цел дополнително зајакнување на сите здравствени капацитети во земјава во периодот кој претстои.
„Правиме целосна мобилизација на здравствените работници од јавното здравство, кои ќе бидат вклучени во лекувањето на пациентите со коронавирусот, а исто така ќе им бидат помош и на колегите во инфективните одделенија. Спремаме дополнителни капацитети во интерните одделенија низ државата со цел подобро справување со овој непредвидлив вирус во зимскиот период“, објави министерот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top