Post Views: 0
Состојбата со здравствената криза со Ковид 19 во Охрид , членовите на општинскиот кризниот штаб засега ја отценуваат како стабилна. Општинскиот кризен штаб денеска на барање на градоначалникот Константин Георгиески одржа он-лајн состанок на кој беа донесени неколку заклучоци. Доколку се јави зголемена потреба од хоспитализација на пациенти, покрај капацитетите наменети за третман на пациенти позитивни и суспектни на вирусот во Општа болница Охрид каде во тек е реорганизација за проширување на капацитетот, кризниот штаб смета дека би можеле да бидат искористени и останатите...
Post Views: 0
Од ден на ден расте бројот на депонии на патот кој води до струшкото село Калишта. Се зголемува и количството на шут кој се одлага на самиот брег од езеорото, а жителите од овој крај само им останува да се надеваат дека инспекциските служби ќе бидат поактивни на терен и што поскоро ќе го решат овој проблем.
„Депониите кои се во Калишта ги има насекаде. Тоа не личи на ништо и дава една лоша слика за нашето место и го нарушуваат амбиентот. Ако еден фрла нешто и другите фрлаат и депониите се зголемуваат“.
„Голем проблем е ова за Струга. Компетенциите се во општината. Општината...
Post Views: 3
Сите руски политичари се обврзани до 1 јуни да ги затворат сметките во странските банки, ако имаат, и да го продадат имотот којшто им е надвор од Русија.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, со најновиот указ одреди точен рок до кога политичарите на федерално ниво, и тие пониските, сѐ до градските, мораат да одлучат дали сакаат да останат во своите фотелји или сакаат да си одат, и на тој начин да си ги зачуваат своите банкарски сметки и недвижности во странство.
Путин, исто така, потпиша и указ со којшто се обврзуваат државните службеници, но и членовите на нивните...
Post Views: 5
Според најавите од Брисел, во документот ќе биде нотирано дека Македонија има направено одреден прогрес, особено во економскиот дел, борбата против корупцијата и визната либерализација, но се уште не ги исполнува политичките критериуми. Во извештајот ќе нема препорака за одредување датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
Генерално, ЕК ќе констатира прогрес во економските, судските, полициските реформи, во борбата против корупцијата, имплементацијата на Охридскиот договор и други области, но и сериозни забелешки за исполнувањето на политичките критериуми....
Post Views: 0
Во текот на изминатото деноноќие (26/27.10.2020) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 747 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.
Post Views: 3
Делегациите на Србија и на Косово предводени од премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи ни по над 12-часовните разговори во Брисел не постигнаа договор за заедницата на српските општини на северот на Косово.
Според посредникот во дијалогот, високата претставничка на Европската унија Кетрин Ештон, јазот меѓу двете страни бил тесен, но длабок.
Претседателот на српската влада Ивица Дачиќ изјавил дека засега нема договор во дијалогот со Приштина и дека остануваат разликите во ставовите околу надлежностите на идната заедница на српски општини – полицијата и правосудството, јавува...
Post Views: 1
Амбасадорот Никола Димитров не е веќе претставник на Македонија во разговорите за надминување на разликите за името, што со Грција се водат под покровителство на Обединетите Нации.
Македонскиот претседател Бранко Црвенковски ова го соопшти синоќа во парламентарната расправа за резолуцијата за името.
Црвенковски образложи дека одлуката за престанок на мандатот на амбасадорот, ја донел за да се надминат разликите што постојат меѓу него и премиерот Никола Груевски, во приодот кон прашањето за името, што исто така се злоупотребува и од страна на Грција.
Претседателот рече...
Post Views: 5
Професорот, кој во декември минатата година со метален боксирач нападна ученик во струшкото училиште „Ибрахим Темо“, доби пресуда за издржување казна затвор во времетраење од четири месеци.
Основниот суд во Струга го прогласи за виновен за сторено кривично дело насилство, а во изречената казна ќе му биде пресметан и периодот поминат во притвор до правосилноста на пресудата.
Осудениот професор Ерол Спахо, на единственото судско рочиште што се одржа пред една недела, кажа дека инцидентот се случил по вербална расправија со негова колешка, мајка на повредениот ученик....
Post Views: 5
Министерството за образование и наука (МОН) информира дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта се заразени со COVID-19.
-Согласно овие податоци, може да се заклучи дека протоколите се ефикасни во намалување на ризиците за ширење на вирусот. Наставата продолжува да се одвива непречено, следејќи ја веќе утврдената динамика и организација. Според извештаите кои училиштата секојдневно ги доставуваат до МОН, од вкупниот број 259.235 ученици на ниво на држава процентот на заразени изнесува само 0,06%, а од вкупниот број 27.955 наставници...
Post Views: 1
Американскиот претседател Барак Обама побара од ќерката на Џон Фицџералд Кенеди, некогашниот претседател кој беше убиен во Тексас во 1963 година, да ја преземе важната функција, амбасадор на САД во Јапонија.
Керолајн Кенеди (56), активно го поддржуваше Обама на изборите во 2008 и 2012 година, но потоа се повлече од политичкиот живот.Таа размислувала и да се кандидира за сенаторско место во државата Њујорк, кога Хилари Клинтон стана државен секретар во 2009 година. Сепак, се откажа од кандидатурата наведувајќи дека се повлекува од лични причини.
Еден извор во Демократската...
Post Views: 4
За резолуцијата синоќа гласаа 93 пратеници, а еден беше против. Во документот како една од главните точки се акцентира сочувувањето на македонскиот национален идентитет. Во изработката на стратегијата е предвидено да се вклучат сите парламентарни партии и експертите.
Претседателот Бранко Црвенковски рече дека е потребна нова стратегија за решавање на прашањето на името, по насилничкото прекршување на времената спогодба од страна на Грција на самитот на НАТО во Букурешт, кога го блокираше приемот на Македонија.
Во однос на двојната формула, Црвенковски рече дека Македонија...
Post Views: 8
Граѓаните од утре ќе може да посетуваат објекти од затворен и отворен тип само со сертификат за целосна имунизација или со потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена.
Ваквата одлука беше донесена од страна на Владата на седницата одржана на 26 октомври.
– Се дозволува влез во секаков вид на објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти (кафетерии, ресторани, барови, ноќни клубови-дискотеки), во угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици,...