erdogan i obama

Телефонски разговор помеѓу Обама и Ердоган

Post Views: 10 Американскиот претседател Барак Обама во телефонски разговор со неговиот турски колега, Реџеп Таип Ердоган, зборувал за важноста на слободата на говор, соопштува Белата куќа. Во соопштението се наведува дека Ердоган на Обама му ја објаснил ситуацијата во Турција, каде од 31-ви мај се одржуваат масовни протести кои биле мотивирани од планот за преуредување на еден паркот Гези во Истанбул, но тие набрзо прераснаа во демонстрации против 10-годишното владеење на Ердоган. „Двајцата лидери разговараа за важноста да нема насилство, како и право на слобода на говор и собирање...

Continue reading

Evropa

15 години дипломатски односи со 13 европски држави

Post Views: 4 Со централна свеченост во Домот на АРМ под мотото „Петнаесет години европско пријателство и партнерство“, македонското Министерството за надворешни работи и повеќе странски дипломатско конзуларни претставништва, денес се одбележуваат 15-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи на Република Македонија со 13 европски држави. Како што истакна на денешната прес конференција заменик министерот за надворешни работи Зоран Петров предвидено е на свеченоста да се обрати македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, а во име на странските дипломати ќе...

Continue reading

Поддршка од ГИЗ за јавните комунални претпријатија во време на Ковид-19

Post Views: 4 Како одговор на пандемијата со Ковид-19 и имајќи ги предвид специфичните потреби и предизвици со кои се соочуваат јавните комунални претпријатија во регионот, Отворениот регионален фонд на ГИЗ за модернизација на општинските услуги, во соработка со партнерските организации, подготви неколку мерки на помош, финансирани од Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (БМЗ). Меѓу акциите што имаат цел градење на капацитетите и подобрување на состојбата на општините и јавните комунални претпријатија, ГИЗ обезбеди и пакети за итни случаи кои содржат средства...

Continue reading

izbori albanija

Поизвесна победата на левицата во Албанија

Post Views: 3 Коалицијата за Европска Албанија која ја преводи Социјалистичката партија на Еди Рама, од вкупно 70 отсто од пребројаните гласачки места во 12 изборни региони во земјата, има освоено засега 83 мандати додека Коалицијата за вработување, благосостојба и интеграции предводена од Демократската партија на Сали Бериша има 52 мандати. Засега мандати во албански парламент, кој има 140 места, освоија и две партии кои се надвор од коалициите, партијата Нов демократски дух на екс претседателот Бамир Топи, и Партијата „Црно Црвена Алијанса“ на Крешни Спахиу. Левицата од вкупно 12...

Continue reading

logo

Стартуваат новите рецепти

Post Views: 2 Во сите аптеки од денеска наместо белите рецепти за лековите што се на товар на државата, ќе важат нови, во розова и во зелена боја. Розовите рецепти се наменети за антибиотици и за други препарати за акутни болести, како и за лекови за хронично болните. На зелените рецепти ќе се препишуваат лекови што содржат опојни дроги, како што се фенобарбитон, морфиум, метадон. Со рецептите во боја ќе стартува и долгонајавуваниот рецепт за хроничните пациенти, кој исто така ќе биде розов. Предвиден е преоден период за важноста на старите бели рецепти додека не се потрошат залихите. Новите...

Continue reading

Кризниот штаб од општина Вевчани повика да се затворат угостителските објекти на една недела

Post Views: 10 Кризниот штаб од Вевчани одржа он лине состанок на барање на вработените во Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“ и дел од угостителите. Во општината има неповолен развој на корона пандемијата и расте бројот на инфицирани од вирусот, информира градоначалникот Сашо Јанкоски. На состанокот се разгледаа сите опции како да се сопре пандемијата. Се упати апел до вевчанци да ги почитуваат строго сите мерки од Комисијата за заразни болести. Исто така, угостителите да ги затворат угостителските објекти на една недела, вели градоначалникот Јанкоски. „Таму има најмногу дружење,...

Continue reading

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА И САНАЦИЈАТА НА ДЕЛ ОД КУЛТУРНИОТ ДОМ ВО ЗЛЕСТИ

Post Views: 1 Согласно договорот за изведување на градежните работи предвидено е да се изврши санација на дел од Културниот дом во селото Злести, каде ќе се изврши, замена на кровниот покривач, целосна замена на надворешната столарија од објектот, изведување на нова армирано бетонска плоча, обработка на внатрешните ѕидови, изведба на нов спуштен плафон и замена на електричната инсталација во тој дел од објектот. Со реконструкцијата и предавањето во употреба на овој простор од Културниот дом жителите на селото Злести, ќе добијат простор каде што ќе можат меѓусебно да се дружат, да...

Continue reading

edvard snouden

Каде е Едвард Сноуден?

Post Views: 0 Во последниве 24 часа, судбината на Едвард Сноуден е предмет на интерес на сите светски медиуми. Кога се рашири веста дека Сноуден отпатувал за Москва, од каде ќе отпатува за Куба, новинарите го букираа летот со кој Сноуден требаше да замине, но ги дочека изненадување. Сноуден не беше во авионот. Околу триесет новинари купиле билети за летот со кој Сноуден требало од Москва да отпатува за Хавана, но тој не се појавил.Новинарите од Guardian ситуацијата ја опишаа на следниов начин: „Едвард Сноуден не се наоѓа на летот на Аерофлот за Хавана. Но, затоа тука се еден куп новинари“. Вчера,...

Continue reading

logo

Рецепти во боја од среда

Post Views: 6 Лековите што се на товар на државата, од среда наместо на бели како досега, ќе се препишуваат на рецепти во розова и во зелена боја. Согласно новиот правилник, розовите рецепти ќе бидат наменети за антибиотици и за други препарати за акутни болести, како и за лекови за хронично болните. На зелените рецепти ќе се препишуваат лекови што содржат опојни дроги, како што се фенобарбитон, морфиум, метадон. Со рецептите во боја ќе стартува и долгонајавуваниот рецепт за хроничните пациенти, кој исто така ќе биде розов.Според најавите на надлежните, меѓу новите и старите рецепти...

Continue reading

568 санкции за неносење маска

Post Views: 0 Во текот на изминатото деноноќие (15/16.11.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 568 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.

Continue reading

Nelson Mandela

Здравствената состојба на Мандела, критична

Post Views: 1 Мандела веќе 24 часа се наоѓа во животна опасност, соопшти јужноафриканското претседателство синоќа. Претседателот Јакоб Зума, претседателот на владејачката партија Африкански национален конгрес, Сирил Рамафоса и сопругата на Нелсон Мандела, Граса Махел, се сретнале во болницата за да разговараат за ситуацијата. „Лекарите го прават она што е можно за подобрување на состојбата. Тој е во добри раце“, изјави Зума. Минатата недела Зума и најблиските на Мандела соопштија извесно подобрување на болниот поранешен претседател. Мандела, кого во Јужна Африка го нарекуваат со традиционалното...

Continue reading

Mile Janakievski

Министерот Јанакиески ќе се сретне со хрватскиот колега Божидар Калмета

Post Views: 1 Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска во Загреб ќе се сретне со хрватскиот министер за море, транспорт и инфраструктура, Божидар Калмета. На средбата, министерот Јанакиески и неговиот хрватски колега ќе разговараат за продолжување на меѓусебната соработка и реализација на идни заеднички проекти од областа на транспортот и врските. Во текот на посетата на Загреб, делегацијата предводена од македонскиот министер Јанакиески ќе се сретне и со претставници од „Хрватски патишта“.     {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top