Post Views: 9
Оппштина Охрид од буџетот на државата ќе добие шест милиони денари за спроведување на препораките од УНЕСКО.
На последната 24та седница на Владата на република Северна македонија донесена е одлука и за распределба на средства обезбедени во потпрограма 30-Урбанизам и градежништво за капитални дотации во единиците на локалната самоуправа од Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2020 година во износ од 46.170.000,00 денари за реализација на неколку проекти низ државава.
Во нив е и исполнуваето на препораките од УНЕСКО за справување со дивоградбите, за што се...
Post Views: 3
Силното невреме што ја зафати Британија однесе два човечки живота. Поради невремето проследено со силни ветрови заробени се 400 лица на два фериботи во каналот Ла Манш.
Не можеме да стигнеме до брегот и да ги истовариме патниците. Ќе треба да почекаме ветерот да се намали, соопшти компанијата оператор.
Според метеоролозите бурата ќе почне да се намалува во следните неколку часа, по што се очекува отворање на пристаништата.
Инаку, во Франција поради невремето над 75 илјади луѓе се без електрична енергија.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Адвокатскиот тим на единствениот осуден за време на конфликтот во 2001 година, Јохан Тарчуловски, денеска ќе поднесе жалба за 12-годишната затворска казна.
Одбраната на Тарчуловски се надева дека ќе успеа сепак да добие ослободителна пресуда, а оптимизмот е дополнително зголемен, откако во тимот се приклучи и познатиот адвокат Ален Дершовиц.
„Пресудата е обжалена по повеќе основи така што основна цел во жалбената постапка ќе ни биде да докажеме и дека трите преостанати жртви во селото Љуботен биле членови на ОНА“, изјави деновиве Антонио Апостолски, адвокат на Тарчуловски.
Тој...
Post Views: 2
Согласно законските обврски кои ги има Ј.П.„Охридски Комуналец„ околу одржувањето на јавните површини во зимски услови и „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид” на повеќе локации во градот и руралните места депонирани се вреќи со сол и ризла.
Согласно законските обврски кои ги има Ј.П.„Охридски Комуналец„ околу одржувањето на јавните површини во зимски услови и „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид” на повеќе локации во градот и руралните места депонирани се вреќи со сол и ризла кои нашите служби и жителите можат да...
Post Views: 0
Општина Дебрца набави ново специјализирано комунално возило за собирање и транспорт на цврст комунален отпад. Се работи за набавка на специјализирано возило за собирање на комунален отпад со капацитет од 8 метри кубни.
Со набавката на специјализираното возило за собирање на комунален отпад, ЈКП „Дебрца“ ќе се стекне со можност да го подигне степенот на комунални услуги на повисоко ниво. Со тоа ќе се подигне квалитетот на услуги што претпријатието ги дава на населението на Дебрца во смисла на навремена достапност до нив, достапност до сите места каде што претходно имаше...
Post Views: 3
Јованка Броз, сопругата на некогашниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито, почина вчера после тешка болест во Ургентниот центар на 89-годишна возраст. И покрај вложениот труд и залагањето на целокупниот персонал на Клиничкиот центар за пациентката примена на 23-ти август оваа година во исклучително тешка состојба, во недела во 11:45 часот, дошло до прекин на работата на срцевиот мускул – стои во соопштението на Клиничкиот центар на Србија.
Дека била тешко болна, никој не знаел точно. Дури кога и’ се слошило на крајот од август, јавноста дознала дека Јованка боледува...
Post Views: 9
Државната изборна комисија (ДИК) денеска треба да одржи седница на која ќе бидат утврдени роковите за изборните дејствија за претседателските и локалните избори.
ДИК заседава откако во саботата претседателот на Собранието на Македонија Трајко Велјановски ги распиша изборите за претседател, за градоначалници и советници за 22 март годинава.
Деновиве беше најавено дека ДИК ќе покрене и прекршочна постапка против одредени партии и поединци кои што влегле во кампања пред да бидат распишани изборите.
ДИК денеска треба да донесе и одлука за висината на благајничкиот максимум,...
Post Views: 1
Деновиве во Општина Вевчани ЈП „Еремија“ врши дезинфекција на улиците, шеталиштата, урбаната опрема, контејнерите и корпите за отпадоци на подрачјето на општината.
Дезинфекцијата се спроведува од просторот пред Здравствен дом Вевчани, потоа основното училиште, детската градинка, центарот на Вевчани и улиците.
Градоначалникот на општината Сашо Јанкоски на својот Фејсбук профил истакна дека Борбата со ова зло пандемијата со вирусот ковид, кој го зафати целиот свет, треба сите заеднички да ја водиме почитувајќи ги мерките за спречување на ширењето на вирусот препорачани...
Post Views: 8
Компанијата „Тепко“, која управува со јапонската нуклеарка Фукушима, соопштила дека силниот дожд предизвикал истекување на радиоактивна вода, која содржи канцедроген изотоп, во морето.Водата, која на едно место ја пробила бариерата, е контаминирана со стронциум-90 за 70 пати повеќе од законско дозволеното.
Стронциум -90 се создава во текот на нуклеарните реакции, се акумулира во коските и е активна со години, предизвикувајќи различни видови на рак.
Ова го соопштила компанијата „Тепко“ откако експертскиот тим на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија го заврши својот...
Post Views: 8
Нема да има електронско гласање на претстојните претседателски и локални избори, е заклучокот од денешната лидерска средба, на која 22 март е посочен како потенцијален датум за одржување на изборите.
Воведувањето електронско гласање на претстојните избори не го поддржа Социјалдемократскиот сојуз, чии што претставници сметаат дека нема доволно време до изборите да се воведе ваквото гласање, како и тоа дека во некои земји каде имало електронско гласање при изборите се појавувале одредени проблеми.
Сугестијата ја прифати и ВМРО ДПМНЕ, од каде најавуваат дека електронското...
Post Views: 3
Денес преку Zoom платформата се одржа консултативна работилница со засегнатите страни по Нацрт планот за управување со Споменикот на природата на Охридското Езеро. Овој документ е подготвен во рамките на проектот „Постигнување на зачувување на биолошката разновидност преку создавање и ефективно управување со заштитените подрачја во планирање за користење на земјиштето“, со експертска поддршка од Меѓународната унија за заштита на природата. Целта на работилницата е да обезбеди пошироко вклучување на засегнатите страни, да се добие препораки и коментари за предлогот и...
Post Views: 14
На Сатеска нелегално изграден насип за механизацијата, која работи на автопатот Охрид Кичево. Речното корито е затрупано нема проток на вода. Жителите стравуваат од поплави и бараат отстранување на браната.
На реката Сатеска нелегално изграден насип за движење на механизацијата на автопатот Охрид Кичево. Жителите на Дебарца реагираат, коритото на реката во месноста Ново село е потполно затрупано , нема проток на водата, а тоа ќе има еколошки последици врз живиот свет во неа.
Случајот го пријавиле и кај надлежните инспекциски служби, но немало никаква реакција.
-„Реката...