Post Views: 5
Денеска започнаа предвидените работни активности за санација и ревитализација на единечното дрво – Чинар (Platanus orientalis) лоцирано во Охридската чаршија на плоштадот „Чинар“.
Активностите се дел од овогодинешната Програма за заштита на животната средина и природата и се финансирани од буџетот на Општина Охрид. Санацијата и ревитализацијата на стеблото се очекува да заврши за околу десетина дена и истата ќе се одвива под надзор на стручни лица од Шумарскиот факултет од Скопје.
Единечното дрво – Чинар (Platanus orientalis) кое е од големо природно, културно и историско...
Post Views: 2
Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски во работна посета во село Волино каде што се одвиваат градежни активности околу Санацијата и реконструкцијата на фудбалското игралиште за голем фудбал.
Моментално градежните работи се одвиваат со засилено темпо, поради почетокот на новата полусезона од Третата македонска фудбалска лига каде екипата на ФК “Сатеска” од Волино успешно се натпреварува. Градоначалникот информираше дека во рамките на овој проект ќе се изврши санација и реконструкција на објектот со соблекувални и простории за судии и делагати, изградба на кабини...
Post Views: 4
Бројот на жртви при колапс на покривот на супермаркетот „Максима ХХ” во предградието на Рига се искачи на 21, а триесетина лица се здобиле со повреди, пренесе Би-Би-Си.
Меѓу загинатите се и тројца пожарникари кои работеле на спасување на повредените.
Според летонската државна новинаска агенција „ЛЕТА“ спасувачката мисија се’ уште трае, имало повеќемина затрупани под рушевините, бидејќи во моментот на несреќата маркетот бил полн со купувачи.
Според нивните проценки околу 70 лица биле заробени под рушевините.Причините за несреќата се’ уште не се познати, но официјални...
Post Views: 0
На Гумење во Крушево денеска ќе биде поставен камен-темелник за спомен-куќа на Тоше Проески, ден пред неговиот роденден – 25 јануари. Во неа ќе бидат сместени сите значајни работи поврзани со животот и кариерата на најголемата македонска музичка ѕвезда, ќе биде пренесена собата на Тоше во Крушево, музичкото студио, сите предмети од куќата во скопско Злокуќани, неговиот омилен автомобил „буба“, облеката, музичките албуми, фотографии, награди, икони…
Изградбата ја финансира Владата и Министерството за култура и на поставувањето на темелникот денеска во 13...
Post Views: 2
Каменувано амбулантното возило на Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“ во Вевчани. Вчера попладне непознати сторители ги искршиле стаклата на возилото, случајот е пријавен во полиција. Причините засега не се познати, дали се работи за незадоволен пациент или револт кон врвот на здравствената установа, но вандалскиот чин во време на пандемија, кога здравствените работници даваат се` од себе да спасат живот повеќе е за секаква осуда.
„Беше оштетено амбулантното возило на Здравствениот дом , чинот е срамен момент , материјалната штета е мала, но не сакам...
Post Views: 4
Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала беше регистриран денеска во Франција, соопшти Европскиот сезмолошки институт.
Потресот е регистриран во 10 часот и 53 минути по локално време. Епицентарот бил на 10 километри од градот Ван во областа Бретања. Длабочината на подземните флуктуации изнесува пет километри.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Ако во пресметката за цела плата за јануари има грешка за само еден вработен, не ќе може да се исплати плата за целата фирмата, предупредуваат од Управата за јавни приходи (УЈП).
Како што пишува весникот „Дневник“, УЈП препорачува за да се избегне ризикот од доцнење со платите, работодавците да поднесат тест пресметка за интегрирана наплата на давачките за јануари, при што ќе се утврдат евентуалните грешки.
Управничка на Дирекцијата за големи даночни обврзници Елена Петрова, вели дека има ризик за работодавците што не плаќале придонес за пензиско и инвалидско осигурување...
Post Views: 16
ТВМ телевизија изминатиот период врши засилена промоција на рубриката „Ти си твојот град“. Рубрика во која централното место го имаат граѓаните на општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца. Лесно и едноставно пријавуваат проблеми со кои се соочуваат, а екипата на ТВМ истите тематски ги обработува во информативната програма.
Во рубриката огромен број граѓани ни испраќаат фотографии за убави нешта или критики, за што добиваат и наградни ваучери. Младите се интелектуалната маса која треба да ја гради иднината во општеството. Па затоа со овие промотивни активности, сакаме...
Post Views: 0
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 104 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-34, Струга-23, Кичево-28, Дебар-19).
Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле 17 контроли врз угостителски и други објекти.
Post Views: 1
Нов остров со пречник од околу 200 метри се појави во Тихиот океан во близина на ненаселениот јапонски остров Нишиношима, по ерупцијата на подводен вулкан.
Јапонската метеоролошка служба, огромен облак од чад се дигнал над морето, по што се појавил островот.
Агенцијата не ја исклучува можноста ерупцијата да трае подолго време, па издаде предупредување до авионскиот и бродскиот сообраќај во тој регион. Островот се појавил на 1000 километри јужно од Токио.
{loadposition content9}
Post Views: 3
Семинар на тема „Вовед во правото за бегалци:суштинска анализа и процедурални гаранции кај барањата за азил“ ќе се одржи денеска во Скопје.
Со свои излагања ќе настапат Карлос Малдонадо, претставник на претставништвото на УНХЦР во Скопје, Мирјана Лазарова-Трајковска, судија на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, како и Анета Арнаудовска, директор на Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Македонија.
Основна цел на оваа програма е размена на искуства и продлабочување на знаењата на претставниците на правосудните функции од областа на националното...
Post Views: 2
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.К.(51) од струшкото село Џепин, поради постоење основи на сомнение дека сторил казнено дело „ширење на расиситички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Тој, на својот Фејсбук профил, објавил пишан материјал кој помага, промовира и поттикнува омраза, дискриминација и насилство.