Младите вевчанци денес се запознаа со „Ти си твојот град“

ТВМ телевизија продолжува со засилена промоција на рубриката „Ти си твојот град“. Целта е младите во општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца  да се запознаат со можноста што им ја нуди нашата ТВ куќа, а тоа е да бидат активни граѓани, да се вклучат, да ни испраќаат фотографии, да ги пополнуваат прашалниците, да ни пријавуваат проблеми, да бидат наши партнери во креирањето на информативната програма. 

 |   | 

ТВМ телевизија изминатиот период врши засилена промоција на рубриката „Ти си твојот град“. Рубрика во која централното место го имаат граѓаните на општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца. Лесно и едноставно пријавуваат проблеми со кои се соочуваат, а екипата на ТВМ истите тематски ги обработува во информативната програма.

Во рубриката огромен број граѓани ни испраќаат фотографии за убави нешта или критики, за што добиваат и наградни ваучери. Младите се интелектуалната маса која треба да ја гради иднината во општеството. Па затоа со овие промотивни активности, сакаме да ја анимираме помладата популација, во општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца да биде поактивна. Избравме повеќе угостителски објекти, кои што претежно ги посетуваат младите и со директна комуникација со посетителите им делевме промотивни флаери и ги запознавме со нашата рубрика.

Во последните четири недели ги посетивме општините Охрид, Струга, Дебрца, денес сме во Вевчани. Ги охрабруваме младите да се вклучат во нашиот проект да бидат активни и да ги искажат нивните проблеми да испраќаат фотографии од нашите градови – вели Даниел Рилковски, промотор на рубриката „Ти си твојот град“.

Граѓаните се заинтересирани за соработка, сакаат да се вклучат во рубриката „Ти си твојот град“.

Младите малку беа запознаени со рубриката „Ти си твојот град“, но со делење фалери сакаме да ги поттикнеме да се вклучат и да бидат активни – вели Марија Шипинкоска, промотор на рубриката „Ти си твојот град“.

Првиот викенд промоција имавме во градот Охрид, вториот во општина Дебрца, третиот во градот Струга, а последниот во општина Вевчани. Целта на рубриката „Ти си твојот град“ е граѓаните да бидат наши партнери во креирањето на информативната програма.

 

Новинар : Соња Рилковска

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top