Најновите изданија промовирани на Прличевите беседи достапни за читателите

Post Views: 9 Годинашното издание на манифестацијата „Прличеви беседи“ организирана од институциите чиј патрон е познатиот поет и преродбеник Григор Прличев и координирана од Општина Охрид помина во знакот на три промоции на книги. Од денеска на пултот за издавање во НУ Библиотека „Григор Прличев“ можете да ги зајмите и следниве наслови: „Прличеви беседи ( 1952 – 2022) хроника на еден културен настан од авторите Милчо Јованоски и Гордана Змејковска, „Охридски раскажувачи“ приредена од Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски и најновата наградена поема „Цветко“ од поетот Трајче Кацаров....

Continue reading

Северна Кореја истрела неидентификувана ракета

Post Views: 3 Северна Кореја денеска истрела неидентификуван проектил во правец на исток, соопшти јужнокорејската армија. Јапонската крајбрежна стража наведува дека испуканиот проектил би можел да биде балистичка ракета, јавија некои светски агенции. Ова е трето лансирање што Северна Кореја го изврши оваа година. Претходно беа истрелани проектили на 5 и 11 јануари, а Пјонгјанг соопшти дека успешно е тестирана хиперсонична ракета.

Continue reading

Тепачка пред угостителски објект во комплексот „Парк“

Post Views: 15 На 19.12.2021 година во 01:15 часот пред угостителски објект лоциран во комплексот „Парк” во Охрид, А.Ј. (36) од Охрид со уште неколку други лица, физички го нападнале М.Ј. (25) и неговата сопруга А.Ј. (25), двајцата од Охрид. По целосно расветлување на настанот, СВР Охрид против напаѓачите ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Фејсбук објава дезинформира дека спортисти починале од срцев удар поради примена ковид вакцина

Post Views: 9 Постот произволно тврди дека има смртни случаи од срцев удар кај спортисти поради примена вакцина против ковид-19, но не се наведени нивните имиња. За ниту еден од посочените случаи нема конкретни и точни информации, нема никаква официјална потврда дека тие навистина примиле две дози на вакцина и дека тоа резултирало со срцев удар. Вакви фабрикувани објави кои се дел од поширока антиваксерска кампања, имаат за цел да ја убедат јавноста дека вакцините се штетни и да предизвикаат страв и недоверба кон нив. Фејсбук објава ударно, сензационалистички, но, лажно, ја информира...

Continue reading

СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ВОЈНИЦИ СО ГЛАВА КРШАТ БЕТОНСКИ БЛОКОВИ

Post Views: 0 Севернокорејските државни медиуми објавиле видео на кое се прикажани тамошните војници како со глава и со раце кршат бетонски блокови, виткаат челични шипки. Видеото е направено за време на егзибициjата на одбранбените способности на војската која е одржана во Пјонгјанг, а меѓу гледачите бил и севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун. На снимката се гледа како војници со раце и глава уништуваат цигли и плочки, лежат на искршено стакло и клинци додека други војници со чекани кршат бетонски плочи на нивните тела. Големото финале на егзибицијата е кога двајца војници со...

Continue reading

Владата ќе спречува злоупотреба на службените возила преку нов систем за следење

Post Views: 6 Владата на денешната седница донела одлука со која ќе го дефинира и регулира користењето на службените возила за да се спречи нивна злоупотреба, информираа од кабинетот на вицепремиерот за антикорупција Љупчо Николовски, по чија иницијатива била донесена одлуката. Одлуката е направена така што ги елиминира потенцијалните злоупотреби на службените возила, односно користењето на јавните ресурси за приватни цели. Новиот систем за следење на користењето на службените возила и начинот на кој ќе обезбедуваат дозволите за користење овозможува лесно детектирање на неправилностите и нивна...

Continue reading

Струга бара одлагање на почетокот на учебната година

Post Views: 14 Кризниот штаб на општина Струга бара одлагање на почетокот на учебната година. На синоќешната средба од страна на директортите на основните и средните училишта со претставници од здравствените установи и градоначалникот заклучија дека епидемиолошката состојба во општината е неповолна. Состојбата е полоша од претходната година и затоа бараат почетокот на учебната година да биде пролонгиран, односно наместо на 1-ви наставата да започне на 20 септември. Сметаат дека почеток на наставата преку on-line предавања е невозможна бидејки училиштата не се подготовени. Со оглед...

Continue reading

Ковачевски: Минимална плата 18.000 денари

Post Views: 9 Минималната плата што ќе започне да се исплатува од месец април за 80.000 граѓани во нашата земја ќе биде во висина од најмалку 18.000 денари.Ова е резултат од договорот што вечерва го постигна Владата со синдикатите и со работодавачите. Со ова најново покачување на минималната плата, трето по ред во последните 4 години, 80.000 граѓани ќе бидат извлечени над прагот на сиромаштијата. Постигнавме уште една важна согласност, истакна премиерот Ковачевски во својата изјава за медиумите по повод најновото зголемување на минималната плата, да ги промениме критериумите за методологијата...

Continue reading

Возило се запалило во движење во струшкото село Селци

Post Views: 0 На 12.01.2022 во ОВР Струга е пријавено дека во атарот на струшкото село Селци настанал пожар во патничко возило во движење „Лада”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ч.(44) од селото Нерези. Пожарот, во кој нема повредени лица, е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Струга. Увид извршија полициски екипи – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Охриѓанец со дрвен предмет нападнал жител на Горно Лакочереј

Post Views: 9 На 18.12.2021 година во 19:15 часот во СВР Охрид приведен е Ј.А. (31) од Охрид. Тој претходно на пресекот на улиците „7 ноември” и „Питу Гули” во Охрид го нарушил јавниот ред и мир и со дрвен предмет физички го нападнал И.Н. (59) од охридското село Горно Лакочереј – информираат од СВР Охрид. СВР Охрид против напаѓачот, врз основа на членот 386 од Кривичниот законик, ќе поднесе кривична пријава.

Continue reading

Не е точно дека со вакцините против ковид ќе ве убијат

Post Views: 1 Наспроти тврдењето во постот дека вакцините убиваат, многупати е покажано и во научни студии и емпириски во секојдневниот живот, дека ризикот од ковид и неговите компликации е далеку поголем од ризикот од вакцините и нивните несакани ефекти. Познатите ризици од ковид-19 и неговите компликации како долготрајни здравствени проблеми и смрт, надалеку натежнуваат над потенцијалните ризици да се има ретка несакана реакција од вакцината, пишува на веб-страницата на Центарот за контрола и превенција на болести во САД. Во однос на тврдењето од постот дека дел од профитот на...

Continue reading

Пациентка предизвикала пожар во ковид болница во Бугарија

Post Views: 9 Пациентка предизвика пожар во Одделот за ковид во болницата во Русе, јавија бугарските електронски медиуми. Како што јави дописникот на МИА од Софија, пациентката била приклучена на двоен извор на кислород, но ја симнала маската од лицето и со запалка почнала да бара предмет што и паднал вечерта под нејзиниот кревет. Близината на огнот до кислородот ја запалил маската и предизвикал пожар. Само поради брзата и соодветна реакција на дежурниот тим, пожарот брзо е локализиран во Одделот за ковид во болницата Русе. Навремената реакција ја помогнала и самата пациентка, која...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top