Post Views: 15
На седницата одржана на ден 14.12.2021 година Владата ја донесе одлуката за доделување на средства за финансирање на проекти на планските региони.
Со одлуката во рамките на проектот: “ Подобрена енергетска ефикасност во јавните објекти во Југозападниот плански регион” одобрени се 3.500.000 денари за подпроектот: “Реконструкција на Задружниот дом во село Требеништа / втора фаза”.
Со одобрените средства целосно ќе биде завршена реконструкцијата на објектот ( приземје и кат и внатрешен и надворешен дел ), без големата сала.По реконструкцијата приземјето ќе се користи...
Post Views: 13
Овој Фејсбук пост е типичен пример за недостиг контекст (missing context). Тој пренесува содржина со намерно изоставување на важни информации, а крајната цел е да дезинформира и да ја потврди тезата дека земањето брисеви на школските деца, може да донесе компликации, па дури и да е опасно по живот. Студијата споделена во постот навистина известува за последиците, но во објавата е пропуштено да се каже клучното од оваа студија, дека „фреквенцијата на компликации е исклучително мала“.
Пред почеткот на најавениот скрининг кај учениците, пост на Фејсбук ги повикува родителите...
Post Views: 17
Турската лира падна на рекордно ниско ниво откако претседателот Реџеп Таип Ердоган спроведе нова „чистка“ на Централната банка. Ердоган смени тројца членови на Комитетот за монетарна политика на Централната банка (МПЦ) и назначи двајца нови членови.
Заменик-гувернерите Семих Туменанд и Угур Намик Кучук се отстранети, заедно со уште еден член на МПЦ, Абдула Џавас, а Ердоган го назначи Таху Чакмак за заменик гувернер на централната банка и Јусуф Тун за член на МПЦ.
Кучук е единствениот член на монетарниот комитет кој се спротивстави на одлуката на Централната банка да...
Post Views: 5
Народното собрание на Бугарија со 146 гласови „за“ го ратификуваше договорот за донирање 51.480 дози на вакцина „Фајзер“ на Македонија.
Дозите на вакцини што ќе се донираат се со сериски броеви FA7083, FC8736 и FA4632 и со рок на траење до 30 септември 2021 година. Донацијата е вредна 1.560.635 лева.
Министерот Кацаров им објасни на новинарите дека ова е прва донација на вакцини за Македонија. Според Кацаров, требало да се изврши во јуни, но поради процедурите кои се вон наша контрола, тоа не успеало и последователно, самата Република Македонија се откажала.
Сега сум...
Post Views: 13
Meсната заедница на село Враништа за утре најавува нов протест, преку кој бараат селото да добие нова канализациона и обновување на постоечката водоводна мрежа.
Протестот ќе се одржи во периодот од 16:00 до 17:00 часот кај „Шумски мост“.
На претходниот протест што се одржа на 15-ти август, мештаните потенцираа дека за овој проблем се обратиле до Општина Струга и Министерството за транспорт и врски, но не добиле никаков одговор.
Освен водоводна и канализациона мрежа, тие бараат пешачки и велосипедски патеки и зелени паркови со цел заштита на животната средина и можност...
Post Views: 10
Согласно Владината одлука за измена на начинот на достава на решенијата за изолација на лица позитивни на КОВИД-19 и на нивни контакти, ве информираме дека од денеска е во функција платформата на која секој граѓанин кој има потреба да дојде до сопственото решение за изолација ќе има пристап единствено до своето решение без да има увид во податоците на другите граѓани на кои им е издадено решение за изолација.
Пристапот е можен преку банер на веб-страницата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (http://dszi.gov.mk/) кој ве носи до порталот Вакцинација.мк или...
Post Views: 2
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска претпладне регистрирала нова серија земјотреси во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин. Според опсерваториските податоци, епицентрите биле во соседна Грција.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, мво Битола и околината најмногу бил почувствуван земјотресот во 10 часот и 46 минути, со локална Рихтерова магнитуда 3.0 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Претходните неколку дена во подрачјето на Лерин имаше серија посилни...
Post Views: 10
Собранието на Северна Македонија денеска треба да ја одржи 57. седница на која меѓу точките на дневен ред се и измените на Законот за работни односи во второ читање со кои се предвидува недела да биде прогласена за неработен ден.
Предложеното законско решение е ставено како втора точка, а според образложението, одредбите од законот треба да почнат да важат од 1 јануари.
Пратениците ќе расправаат и за други законски решенија меѓу кои и за измените на Законот за основно образование, за законите за финансиска поддршка за намалување на на последиците предизвикани од пандемијата...
Post Views: 0
Ковид-19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2 , вирус од фамилијата коронавирус првично откриен во Кина во декември 2019 година. Докажано е дека коронавирусите се големо семејство на вируси за кои е познато дека предизвикуваат болести кои варираат од обична настинка до посериозни заболувања како Респираторен Синдром од Блискиот Исток (БИРС) и Сериозен Акутен Респираторен Синдром (САРС). Не е точно ниту тврдењето дека нема пандемија, во март минaтата година СЗО прогласи пандемија на ковид-19, а досега во светот има вкупно 240.940.937 потврдени случаи, а бројот на...
Post Views: 3
При пожар кој избувнал синоќа во станбена зграда во јужен Тајван загинаа најмалку 46 лица, а 41 се повредени, соопштија денеска надлежните. 13 катницата што се запалила се наоѓа во градот Каосиунг.
Во соопштението на противпожарната служба е посочено дека пожарот бил многу силен и за кратко време уништил многу катови. Надлежните денеска по гасењето на пожарот извршија увид и започнаа истрага за утврдување на причините.
Видеото објавено на тајванската телевизија прикажува портокалови пламени и чад како излегуваат од долните катови на зградата, додека пожарникарите прскаат...
Post Views: 1
На 8 септември 1991 година со убедливо мнозинство, 95 отсто од вкупниот број на македонски граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на прашањето за создавање на самостојна и независна македонска држава.
На гласањето, според официјалните податоци од 1.495.626 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85 отсто, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани односно 95,09 отсто.
Во официјалниот извештај на Комисијата за спроведување на Референдумот се вели дека за начинот на кој бил спроведен...
Post Views: 10
Во средните училишта во Струга денес започна онлајн настава. Комисијата за заразни болести, прифати дел од барањата на кризниот штаб, но дел ги одби. Онлајн настава е дозволена само во првите 7 дена во средните училишта, а основните училишта започнаа со настава со физичко присуство.
Во средното стручно училиште „Нико Нестор” за 1400 ученици на два наставни јазици македонски и албански, наставата се одвива онлајн, освен практичниот дел која задолжително е со физичко присуство.
Денес наставата во училиштето Нико Нестор Струга започна онлајн и функционира беспрекорно,...