„Звуците на животниот ритам“ во Охрид

Post Views: 4 Интернационалниот ликовен караван, „Звуците на урбаниот пејзаж“ по четврти пат организира изложба во Охрид. Охриѓани, а и гостите ќе можат да видат дела на 45 излагачи од 7 земји од светот. Најголемиот дел од нив се од македонски автори. Овојпат изложбата е насловена како „Звуците на животниот ритам“. Колекционерот Тихо Кондов, вели дека и овојпат претежно се изложени дела од млади автори бидејќи целта на оваа колонија е да се промовираат токму таквите сликари. „Секако, додава тој сликите мора да поседуваат висок квалитет“. Инаку делата се работени во повеќе техники...

Continue reading

Првата награда за животно дело на фестивалот „Средновековен Охрид“ ќе му биде доделена на Вангел Деребан

Post Views: 1 Oд организациониот одбор потенцираат- „Деребан е човекот кој важи за достоен наследник на средновековните мајстори“. Наградата за животно дело на првиот фестивал- Средновековен Охрид, оди во рацете на Вангел Деребан. Како што велат од организациониот одбор на фестивалот, човекот кој важи за достоен наследник на средновековните мајстори. „Вангел Деребан е човекот кој целиот свој живот им го посвети на сребрените нишки на филигранот, исткаени со имагинација и маестрална вештина, човекот кој го пронесе својот занает низ времето и просторот“, потенцира Јасмина Пакашки,...

Continue reading

Започна судењето на осомниченот за тројно убиство

Post Views: 19 Радески отфрли две од обвиненијата- го призна само убиството на Трајче Цоцески. За претходно дадените изјави во кои ги признал и останатите две убиства рече дека ги дал под присила. Во охридскиот Основен суд започна судскиот процес против Лазе Радески, осомничен дека ги извршил убиствата на тројцата дилери на девизи: Трајче Цоцески, Спиро Ставрески и Раим Рахип.   За разлика од двете изјави дадени во текот на истражната постапка во кои ги признал убиствата, Радески денес даде поинаков исказ. Го призна убиството само на Трајче Цоцески. За останатите две убиства се изјасна...

Continue reading

Стартува првиот историски фестивал „Средновековен Охрид“

Post Views: 5 Утре во 17 часот,  почнува  првиот историски фестивал, „Средновековен Охрид“.   Во текот на четирите  фестивалски денови, средновековниот базар ќе биде отворен  од 9.30 до 15.30 и попладне од 17. 30 до 23.30 часот. „Посетителите не само што ќе може да купуваат занаетчиски  производи, туку ќе може и самите да се вклучат во  изработката. Ќе биде доделена и награда Чувар на традицијата“, вели Јасмина Пакашки задолжена за односи за јавност. Предвидени се голем број настапи на музички групи, хорови и солисти, меѓу кои се „Баклава“ и Гиш како и ренесансни танци од групи од...

Continue reading

Притворени двајца охриѓани поради сомнение дека продавале наркотични дроги

Post Views: 11 Поради постоење основано сомнение дека се сторители на кривично дело ,,Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори,, Секторот за внатрешни работи Охрид до Основното Јавно обвинителство во Охрид, поднесе кривична пријава против лицата О.Н. роден 1983 година и Д.Р. родена 1981 година и двајцата од Охрид.   На ден 29.08.2008 година, околу 23 часот и 30 минути кај лицето О.Н. познат дилер и уживател на опојни дроги, пронајдени се три опаковки опојна дрога-хероин наменети за продажба. Дрогата е одземена во момент на...

Continue reading

За соијалните случаи, нема бесплатни учебници

Post Views: 1 Надлежните во Охрид креваат раменици- од Министерството за образование се уште не им испратиле допис со кој ќе ги информираат како треба да се реализира оваа владина одлука. Голем број од корисниците на социјална помош секојдневно се обраќаат до Центарот за социјални грижи. Неинформирани, учебниците ги бараат во  оваа институција.Од Центарот за социјални грижи објаснуваат дека нивна обврска е само да им издадат потврди на семејствата кои добиваат социјална парична помош. До сега, издадени се 230 потврди.  Раководните лица во училиштата велат дека од Министерството...

Continue reading

Охридските египќани атакуваат на две советнички места

Post Views: 25 Партијата Сојуз на египќани од Охрид ја започна својата предизборна кампања. Од таму велат дека на претстојните локални избори сеуште не знаат дали ќе настапуваат самостојно или во коалиција со ВМРО ДПМНЕ, но без оглед на тоа очекуваат да добијат барем две советнички места. Председателот на партијата Петрит Хусеин потенцира дека египќаните го заслужуваат тоа бидејќи се рамноправен субјект кој егзистира во оваа држава. Охридските египќани се надеваат дека набрзо ќе биде имплементиран Законот за заштита и унапредување на припадниците на заедниците под 20%. Тие бараат...

Continue reading

Нема да има фестивал „Сирење и вино“

Post Views: 1 Фестивалот „ Сирење и вино “, кој годинава требаше да се одржи по петти пат, е откажан. Иако за тоа имале подршка од градоначалникот Петрески и декларативно ветување за финасиска помош од Министерството за земјоделство, по три одлагања на термините за одржувањето, сепак фестивал нема да има. „Министерството за земјоделство не издвои  пари. Иако министерот лично ми вети и даде амин за одржување на фестивалот“, кажува  Љуљзим Фејзулаи, член на управен одбор на федерација на макеонските фармери. Фестивалот на кој се промовираше македонското сирење и вино пропадна за само...

Continue reading

Бројот на пловните објекти постојано расте

Post Views: 0 Така пловната флота во државава ја достигна бројката од 5 бродови и 2800 глисери и чамци. Сопствениците на пловните објекти велат дека е време да се изгарди современа марина. На тој начин нивните лисери и чамци ќе бидат побезбедни. Министерството за транспорт и врски даде зелено светло за изградба на современо пристаниште на охридското крајбрежје. За реализирање на овој зафат сега се  потребни измени во деталниот уранистичи план. Во постечкиот план е предвидено проширување на старото пристаниште, но неофцијално дознаваме дека сега во опција се две можности. Покрај постојното...

Continue reading

Интересот за згрижување на децата во градинката „Јасна Ристеска“ се поголем

Post Views: 1 Од вчера започна новата учебна година и во детската градинка „Јасна Ристеска“. 615 нови дечиња ќе се образуваат и воспитуваат во оваа  предшколска установа, а најавено е запишување на уште 107 деца.Директорката на оваа установа, Марина Петровска вели дека од година во година бројот на децата кои се згрижуваат во петте објекти со кои располага градинаката е се поголем. Оваа претшколска установа  врши згрижувачка и воспитно образовна дејност и тоа нудејќи полудневен  и целодневен престој. Во првиот случај вклучен е еден оброк, а во вториот три оброци. Земајќи ги во предвид...

Continue reading

СВР Охрид им ветува поголема безбедност на учениците

Post Views: 5 Униформирани полициски службеници денес можеа да се забележат како патролираат во близина на основните и средни училишта. Причина е подигањето на степенот на безбедност на учениците при доаѓањето и заминувањето од училиште. „ Секогаш ја преминувам улицата на пешачки премин, но возачите некогаш застануваат, некогаш не“ – велат основците. Со цел да се спречат било какви инциденти во близина на училиштата, од СВР- Охрид започнаа превентивно да дејствуваат. Се опоменуваа учесниците во сообраќајот кои не се придржуваа на пропишаните правила и прописи. Се делеше и...

Continue reading

Образованието приоритет за Општина Охрид

Post Views: 1 Образованието и понатаму приоритет за Општина Охрид. Градоначалникот Александар Петрески вели дека и во оваа учебна година како и во изминатите локалната најмногу ќе инвестира во основните и средните училишта во градов. Новата учебна година започнува без некои поголеми проблеми. Петрески потенцира дека за време на летниот распуст во поголемиот број училишта биле исвршени повеќе зафати за подобрување на условите за работа. Во училиштето Св. ,,Климент Охридски,, ставен е нов покрив над спортската сала, а заменет е и дотраениот паркет, стар триесет години. ОУ „Братство...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top