korpa za otpadoci

Ниту законот не ги натера комуналците да постават канти за отпад по охридската чаршија

Post Views: 2 Јп „Комуналец“ сеуште нема поставено садови за отпад по охридската чаршија. На тоа го обврзува Законот за јавна чистота кој стапи на сила пред една недела. Според најавите на премиерот Никола Груевски од денес започна ригорозна примена на овој закон, но општина Охрид сеуште не е подготвена за негово спроведување. Од „Комуналец“ велат дека тие располагаат со потребните садови, почнувајќи од контењери , канти за отпад и корпи за селектирање на отпадот. Се чека локалната да одреди на кои локации ќе бидат сместени. Боро Павлоски, директорот на „Комуналец“ вели дека градските...

Continue reading

evropska cista Makedonija

Утре се одвива Владината акција „ Заедно за чиста и Европска Македонија “

Post Views: 1    Во текот на утрешниот ден ќе се одвива  владина акција „ Заедно за чиста и Европска Македонија “. Ќе се чисти околината на  Охрид, и патните правци кон Кичево, Буково и Св.Наум. Граѓаните  недоволно информирани, а оние кои чуле за неа ја поздравуваат. Акцијата за чистење на околината ја подржуваат  и охридските советници. Но, некои како Перо Петрески Калимеро  реагираат зошто таа не  е помасовна организирана како што беше акцијата  со садењето на садници.Во акцијата „ Заедно за чиста и Европска Македонија“ на локално ниво е вклучено ЈП „Охридски комуналец “,...

Continue reading

avtobiografija

Промовирана Автобиографијата на фудбалскиот судија Димче Стојкоски Лепиот

Post Views: 1 Димче Стојкоски Лепиот во  родното Белчишта ја открил убавината на  фудбалот, за потоа во периодот од 1961 до 1970 година да игра во охридските фудбалски клубови Металец и Застава во Охрид. За неговата љубов кон фудбалот зборува и следната анегдота која се случила на неговата свадба. Најпрво го одиграл фудбалскиот натпревар , па пото аотишол на свадбената церемонија. Неговата богата спортска кариера и развојот на фудбалот во Охрид ги преточил во неколку книги. Најнова е неговата Автобиографија на која рецензенти се Митко Кузманоски и Илија Кафеџиоски. Неговата кариера...

Continue reading

strujomer

Ќе светне во становите на новоизградените стамбени згради во Охрид

Post Views: 72 Станарите од новоизградените згради во Охрид не можат да се вселат бидејќи не се приклучени на електричната мрежа. Ваков е случајот и со зградата кај  некогашната автобуска станица. Оваа состојба трае веќе неколку месеци наназад па трпението на граѓаните е при крај. Од Есм Евн велат дека проблемот не лежи кај нив. Златко Попоски, портпарол на Есм Евн објаснува дека градежното претпријатие кое е изведувач на овие згради спрема нив ги има подмирено сите трошоци за изградба на трафостаници и приклучоци за електрична енергија. Ние сме подготвени да ја извршиме нашета обврска,...

Continue reading

penzionerski dom

Денот на пензионерите одбележан во Охрид

Post Views: 11 Здружението на пензионери во градов успешно функционира повеќе од 50 години и се бори за остварување на правата на оваа категорија граѓани. Од здружението велат дека се задоволни од условите за работа. Пензионерите од Охрид го прославија 20ти септември, Денот  на пензионерите. На овој ден во 1946 година е донесен првиот Закон за пензиско и инвалидско осигурување од страна на Собранието на Демократска федеративна република Југославија. Здружението на пензионери во Охрид постои од 1950 година. Во почетокот, како што кажува актуелниот претседател Ѓорѓи Трпчевски условите...

Continue reading

Грозданов ја обвинува Локалната за уште еден сомнителен тендер на Локалната

Post Views: 1 Пратеникот Цветко Грозданов ја обвини Локалната самоуправа за објавен тендер кој се коси со законските прописи. Според него, тој се објавува за градежни зафати кои се веќе изведени. Ја обвини локалната власт и дека објавува конкурс за вработување за  работни места кои се веќе пополнети. Пратеникот од ВМРО- ДПМНЕ, Цветко Грозданов ја обвини Локалната самоуправа дека објавила тендер кој не е во согласнот со законските прописи. Според него, Локалната власт го објавила тендерот вреден 2 и пол милиони евра, за градежни зафати кои веќе се изведени. Грозданов потенцираше дека...

Continue reading

Со предавања се одбележува Неделата за борба против туберкулозата

Post Views: 3 Во Охрид во 2007 се регистрирани 22 случаи, а во Македонија 563 болни од ова болест. Иако болеста на сиромаштијата во светот е во подем, за среќа во Македонија е во опаѓање. Во светот годишно се разболуваат  9 милиони, од кои умираат 2 милиони луѓе. И покрај фактот што на удар од ова заболување се младите адолесценти  и работоспособното население, се почесто е заболувањето и меѓу пензионерите. Дел од нив се со мали примања, напуштени и сами во селата, нема кој да се грижи за нивната исхрана и хигиенските навики,  вели волонтерот во ЦК д-р Славица Петровска. За тоа ќе...

Continue reading

Членовите на Сојузот на борци од Охрид оваа зима ќе се смрзнуваат

Post Views: 4 Сојузот на борци почитувачи на ликот и делото на Јосип Броз Тито од Охрид, локалната го смести во несоодветен простор, велат неговите членови. Оваа организација веќе неколку месеци функционира во канцеларии на некогашната барака на градежното претпријатие Гранит. „Во бараката нема добра електрична инсталација па зимава не ќе можиме да се грееме“, вели Крсте Крстаноски претседателот на оваа организација.   „Проблемите настанаа, кажува Крстаноски, откога локалната пред повеќе од пет месеци насилно  не исели од просториите кои ги имавме во старата библиотека која беше...

Continue reading

Законот за Јавна чистота во Охрид нема кој да го спроведува

Post Views: 1 Општинскиот комунален инспекторат не е подготвен за спроведување на Законот за јавна чистота. Овој закон стапи во сила пред три дена и со него јасно и прецизно се уредени условите и начинот на одржувањето на јавната чистота. Надлежни лица за контрола и инспекциски надзор на спроведувањето на законот се униформиран полициски службеник, државен комунален инспектор, општински комунален инспектор и комунален редар. Началникот на Општинскиот комунален инспекторат, Танас Танаскоски, вели дека тие немаат комунални редари и допрва треба да  ангажираат лица кои ќе го спроведуваат...

Continue reading

охридска чаршија

Американска компанија ќе инвестира во Охрид

Post Views: 0 Американска компанија од областа на автомобилизмот ќе отвори погон во Охрид. Станува збор за компанија која се занимава со производство на авто делови и која има повеќе фабрики во Европа. Ова денес го најави вицепремиерот Зоран Ставрески при неговата работна посета на Охрид. Тој додаде дека на крајот на наредната недела Владата ќе усвои одлука за потпишување меморандум за соработка со американска компанија. Во првата фаза планирано е да се вработат 600 лица, а во втората фаза бројот на вработени ќе се зголеми за 1200. „Ова е значајна инвестиција за Охрид и  за Македонија,...

Continue reading

„Духот на Охрид“, сеуште актуелен

Post Views: 10 После финалната презентација на проектот „Духот на Охрид“, не стивнуваат реакциите. Негативни критики од сите страни, додека позитивни оценки дадоа само оние кои беа влкучени во реализацијата на овој проект. Веб страната, чијашто изработка беше една од компонентите на овој проект, е приказна засебе. И најобичните лаици, кои ќе седнат пред компјутер со намера да дојдат до било каква информација за Охрид, неговото географско, културно, историско наследство, како и сместувачките капацитети со кои тој располага, ќе приметат дека веб страната наликува на „ремек дело“ на...

Continue reading

Започна акцијата за јакнење на јавната свест за безбедноста во сообраќајот

Post Views: 3 Започна акцијата за јакнење на јавната свест за безбедноста во сообраќајот. Целта на акцијата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ е да ја подигне свеста на возачите и да едуцира во полето на сообраќајната култура и безбедноста во сообраќајот. Посебно тоа се однесува на најмладите, децата. Оваа акција започна од Охрид каде првачињата од сите основни училишта во градов практично можеа да видат што е тоа зебра, сообраќајна сигнализација, а имаа и непосреден контакт со сообраќајните полицајци. Носител на акцијата е Републичкиот завод за безбедност кој секоја година организира...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top