Post Views: 0
Современиот, динамичен начин на живеење го зема својот данок- депресијата како заболување е се почеста. По кардиоваскуларните болести, се наоѓа на високото второ место.Од страна на стручните лица, токму депресијата се наведува како една од причините за зголемувањето на бројот на самоубиства. Според д- р Јулија Василеска, психијатар, ова заболување е резултат и на меѓусебната негрижа. Советува- обрнете внимание на однесувањето на вашите најблиски. Секоја поголема промена во функционирањето на поединецот може да е знак за ментално растројство.
„ Тоа значи, ако постои...
Post Views: 0
„Премиерот Никола Груески се обидува да ги најде виновниците и да објасни зошто Македонија ќе доживее неуспех во однос на прашањето за влез во Европската Унија.“
„Јас пак, се обидувам да го убедам него и сите останати дека ова е периодот во кој што треба да вложиме максимални напори за да се постигне успехот“, ги коментира говорите на премиерот кон македонската јавност, претседателот на државата Бранко Црвенкоски.
За демаркацијата на државната граница кон Косово, претседателот Црвенкоски нема информации од Државната комисија за одбележување на границата до каде е...
Post Views: 0
Започна рушењето на куќата на Уранија. Работите ќе се одвиваат во три фази. Денес започна првата од нив, во која е предвидено демонтирање на кровот и на првиот и вториот кат. Оваа фаза треба да заврши до крајот на септември. Градбата ќе се руши до ниво на камените ѕидови на кои ќе се врши санација. Предвидено е и статичко зајакнување на куќата.
„Во претходниов период извршено е демонтирање на сите вредни елементи од ентериерот на куќата кои се заштитени на соодветен начин“, вели Тања паскали бунташеска, директорката на Завод и музеј.
„Таваните се извадени, конзервирани...
Post Views: 0
Жителите од улицата Петар Чауле се жалат дека повеќе од три години немаат улично осветлување. Тоа е и причината што делови од овој простор во центарот на градот, на многумина им служат како замена за јавни тоалети. Надлежните ветуваат наскоро решавање на проблемот.
Измет и смрдеа, повеќе од три години се шират под прозорците на куќите на улицата Петар Чауле, која се наоѓа во непосредна близина на градскиот плоштад. За ваквата состојба, жителите како основна причина го наведуваат фактот што неколку години оваа улица се наоѓа во мрак. Не функционира уличното осветлување....
Post Views: 5
Охридското Езеро, заедно со Пелистерските очи и пештерите Врело кај Матка се природните убавини кои можеби ќе ја претставуваат Македонија на светскиот избор за седум нови чуда на природата. Тоа ќе зависи од бројот на освоени гласови на отворената интернет страница на светскиот избор на нови седум чуда www.new7wonders.com.
Во тек е гласањето за Охридското Езеро кое досега има освоено над 300 гласа. Наскоро на веб страницата ќе може да се гласа и за Пелистерските очи и за пештерите Врело. Гласањето ќе трае до 31-ви декември годинава.
За да влезе Охридското езеро...
Post Views: 1
На празничниот ден 8 ми септември многу од трговците во Охридската чаршија работеа. Сопствeниците на објектите не го почитуваа законот за работното време. Но, напладне продавачите одненадеж почнаа да ги затвараат дуќаните. Дуќанџиите се исплашиле од инспекциска контрола.
Трудовите инспектори негираат дека вршеле засилени контроли. Велат дека лажната вест ја прошириле самите дуќанџии.
Од трудовата инспекција ги потсетуваат работодавачите дека нивна обврска е да го почитуваат работното време,вклучувајќи ги и празничните денови. Засега почитувањето на законските...
Post Views: 2
Празникот на македонската независност, Локалната самоуправа свечено го одбележа со отпочнување на изградбата на улицата Источна Трансверзала. Градежниот зафат на оваа улица во голем дел ќе го растерети градскиот сообраќаен метеж од Туристичка и центарот кон населбите Билјанини извори, Горна Влашка маала, Видобишта и 15-ти Корпус.
На граѓаните ќе им се скрати должината на патот до плажите и до Св. Наум, истакна градоначалникот Петрески. Првичните активности за изградба на улицата, поставување на тампон и пробивањето на улицата локалната самоуправа ќе ја чинат околу...
Post Views: 0
Станува збор значајна личност, уметник и скулптор, професор и фамилијарен човек- потенцира авторот на монографијата Јорданка Матова.
Идејата да се напише монографија за познатиот скулптор Стефан Нестороски се родила уште пред неколку години, објаснува Јорданка Матова- историчар на уметност и автор на делото. Монографијата била предвидена да претставува дел од заедничкиот проект со професор д- р Борис Петковски- насловена како: „ Сликарството во Охрид во 20 век“. За жал професор Петковски починал во 2005 година, по што Матова продолжила самостојно да ја реализира идејата....
Post Views: 12
Поставувањето на нов претседател се наметна како потреба откога Владо Стефаноски, досегашниот извршител на оваа функција заплива во пратеничките води.
Општинскиот комитет на Вмро Дпмне бара нов претседател. Големи се шансите во претседателската фотеља да седне припадничка на понежниот пол. Пријавувањето на кандидатите сеуште трае.
Инаку поставувањето на нов претседател се наметна како потреба откога Владо Стефаноски, досегашниот извршител на оваа функција заплива во пратеничките води. Овие две функции се косат со статутот на партијата, но и новите обврски на Стефаноски...
Post Views: 2
Свечено отворен првиот историски фестивал во Охрид, „Средновековен Охрид“.
На првиот историски фестивал „ Средновековен Охрид, обраќање имаше Градоначалникот Александар Петрески кој пред присутните рече дека иако Локалната самоуправа нема ингеренции во сферата на културата, само годинава подржала над 100 манифестации, затоа што Охрид го заслужува тоа, за да има успешна и продолжена туристичката сезона.
Благодарност до ентузијастите кои за кратко време успеаа да ја реализраат идејата упати и Лилјана Попоска од ДОМ, поборник за поголем развој на туризмот.
На просторот...
Post Views: 5
Судскиот процес против Лазе Радески, обвинет за убиство на продавачите на девизи, Раим Ракип, Спиро Ставрески и Трајче Цоцески, продолжи со распит на оштетените во Основниот суд во Охрид.
Први пред судот се појавија синот и ќерката на Раим Ракип, Љале и Мехмет Бајрам Ракип. Тие спротивно на исказот на обвинетиот, изјавија дека тој многу добро се познавал со нивниот татко. Радески, рекоа тие, често доаѓал до нивната куќа и го барал Раим кој му раситнувал, но исто така и му позајмувал помали износи на пари за што како што кажаа не водел евиденција. Синот на покојниот...
Post Views: 11
На пет дена по отпочнувањето на учебната година, Министерството за образование, им даде зелено светло на книжарниците да започнат со реализација на владината одлука за давање бесплатни учебници на децата од социјално загрозени семејства. Имено, дури денес надлежното министерство достави официјален допис до книжарниците, со кој им се дозволува да ги примаат нарачките од училиштата за бесплатните учебници.
Димитар Саков од книжарниците на „Просветно дело“ во Охрид, објаснува дека основните и средни училишта од денес може да ги доставуваат потврдите кај нив, а книжарниците...