Заменик министерот, Мирјана Секулоска се сретна со охриѓани

Post Views: 6 Заменик министерот за информатичко општество Мирјана Секулоска дојде во Охрид на средба со граѓаните. Секулоска ќе ги сослуша своите сограѓани и проблемите какао и предлозите ќе ги достави до  Владата, каде што ќе се бара решение во ресорните министерства. При  посетата проговори и за проектот Компјутер за секое дете. Заменик министерот Мирјана Секулоска потенцира дека целосно е спроведена компјутеризација  на средните училишта со што ќе се постигне висок ефект во едукацијата  на учениците. Во основните училиште е во тек  имплементирањето, а причината за задоцнувањето...

Continue reading

Се врати животот на дел од Студенчишкото блато

Post Views: 5 Околу 1. 200 метри квадратни простор од Студенчишкото блато вратени се во првобитна состојба- наместо шут и цврст отпад, засадени се автентични блатни растенија. На простор од околу 1. 200 метри квадратни обновен  е и вратен животот на Студенчишкото блато.  Отстранет е цврстиот отпад кој се трупал со години, а на негово место засадени се автентични блатни растенија. Дел од нив и природно никнаа. Извршени се научни испитувања за утврдуавње на сегашната состојба на блатото и живиот свет во него. Овие активности се дел од првата фаза од проектот за заштита на Студенчишкото...

Continue reading

Започнаа комбинаториките околу идниот градоначалник на Охрид

Post Views: 3 Oд редовите на Вмро Дпмне како најсериозен кандидат се споменува името на актуелниот државен секретар на Министерството за животна средина. Дејан Паноски, најсериозен кандидат за градоначалник на Охрид од редовите на Вмро Дпмне. Актуелниот државен секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање и активен член на владеачката партијата, оваа информација ниту ја потврдува ниту ја негира. Тој вели дека се зависи од волјата на граѓаните и партијата. Инаку Дејан Паноски, охридската јавност го знае од времето на спроведувањето на Проектот за заштита на Охридското...

Continue reading

Годинава во охридската болница на свет се донесени 423 бебиња

Post Views: 7 Бројот на машки и женски деца е сразмерно ист, вели началникот на ова одделение д-р Ѓоко Танески. Минатата 2007 година пак, бројот на новороденчињата бил 676. Статистиката покажува дека во општина Охрид минатата година, стапката на природен прираст изнесувала 0,2 промили. Д-р Ѓоко Танески додава дека бројот на новороденчиња е преполовен, споредено од пред 10 години. Исто така и бројот на жени од други општини кои доаѓаат да се породат тука е значително намален  во споредба со минатите години. Покрај гинеколозите, кои се грижат за безбеден тек на породувањето, за здравјето...

Continue reading

Започна вториот уписен рок на „Факултетот за туризам и угостителство“

Post Views: 2 Денес започна вториот уписен рок на универзитетите во земјава. На охридскиот Факултет за туризам и угостителство по завршувањето на првиот уписен рок, останаа празни уште 122 места. Најголем интерес, идните академски граѓани, покажале за насоките осигурување, туризам и за од минатата година воведената насока- безбедност и финансиска контрола. „На насоката Осигурување се изучуваат голем број економски предмети, па така по завршувањето дипломираните студенти може да најдат вработување во банка, осигурителни друштва, да работаат како брокери“, вели проф. Цветко Андреевски....

Continue reading

Сензационално откритие „Кониковско Евангелие“ од 19 век

Post Views: 8 Името го добива по редакторот на текстот, Павле Божингропски од селото Кониково, Воденско. Ова значајно откритие е пронајдено во Александриската патријаршиска библиотека, од страна на финскиот професор Јоуко Линдстет, специјалист по Грчки јазик, кој ја увидел јазичната разлика. Кониковското Евангелие дава сигнал, дека имало движење да се пишува на македонски јазик што се зборувал на територијата на Грција, во тогашната Отоманска империја, вели добриот познавач на македоснкиот јазик и историја, американскиот славист, Проф. Д-р Виктор Фридман. Од откривањето на Кониковското...

Continue reading

Одбележан Светскиот ден на прва помош

Post Views: 6 Светскиот ден на прва помош одбележан во Охрид. Под мотото „ Првата помош спасува живот“ волонтерите на Црвениот крст на градскиот плоштад симулираа најразлични ситуации каде има потреба од укажување прва помош. Денес за прв пат се воведе и една новина при одбележувањето на Светскиот ден на првата помош. Заедно со сообраќајната полиција при СВР Охрид беше спроведена симулациона вежба на давање прва помош при повреди во сообраќајна незгода. Инаку овој ден со различни активности се одбележува во уште 200 земји од светот. Екипа од Црвениот крст од Охрид составена од четворица...

Continue reading

Охрид го загуби духот. Многу пари – малку музика

Post Views: 5 Се изврши финалната промоција на проектот Духот на Охрид. Вклучените во проектот со позитивни оценки. Се поставува прашењето- колку производите добиени со проектот го имаат квалитетот- неопходен да го привлече интересот на префинетите странски туристи. Секторот за Локален економски развој го промовира финалниот резултат на проектот Духот на Охрид, чија изработка траеше една година. Резултатот од оваа едногодишна, според вклучените во проектот- макотрпна работа се: дигитален атлас, веб страница и промотивно цд за Охрид на англиски јазик.   За градоначалникот Александар...

Continue reading

Холанѓани дипломираат со охридска архитектура

Post Views: 7 Тамара Амерлан пред повеќе од две години за прв пат го посетила Охрид и се заљубила во неговата архитектура. Тамара која тогаш сеуште  студирала  архитектура во Холандија  си поставила за цел нејзината дипломска работа да биде токму за охридските градби. За таа цел минативе години во повеќе наврати доаѓала во Охрид и прибирала податоци . Во тоа многу и помаогнал секторот за урбанизам во општина Охрид како и Заводот за заштита на спомениците. Тамара вели: „го знам секое катче и секоја уличка во градов“. „Одев боса со цел да го почувствувам плочникот во чаршијата како...

Continue reading

Холандски студенти го испитуваат квалитетот на водата во Охридското езеро

Post Views: 3 25 студенти и 4 професори од Водно- еколошкиот факултет од Холандија, деновиве вршат испитувања на квалитетот на водата во Охридското езеро. Анализите ги вршат применувајќи современа лабораториска апаратура.   „Почнавме да земаме примероци. Во моментов сме кај Коселска река, потоа ќе земаме и од неколку локации од крајбрежјето. Со себе носиме инструменти кои се наоѓаат во хотел Климетица каде и ги извршуваме анализите“, вели Митра Баскоска- Александре, асистент на Водно- еколошки фкултет од Холандија. Како што потенцираат холандските студенти, го избрале Охридското езеро...

Continue reading

Загрозен статусот на работниците велат од синдикатот

Post Views: 5 На работниците им се скратија деновите за годишен одмор од 26 на 20. Покрај тоа, повеќе нема да имаат увид во плаќањето на придонесите за пензии и здравствено осигурување, се озакони  неограничено време за работа во ноќна смена, се усвои можноста за прогласување на технолошки вишок и вработување веднаш некој друг, не се дозволува прекфалификација при променети услови. Ова се некои од новините  во Законот за работни односи кои стапија нa сила пред 10 –тина дена. Со нив се кршат  правата на работниците, вели претседтелот на општинската синдикална организација Драган...

Continue reading

На охридскиот пазар плаќаш за десет килограми , а добиваш осум

Post Views: 15 Продавачите на зеленчук на охридскиот пазар стоката ја мерат на небаждарени ваги, се жалат купувачите. Особено сега кога е сезона на зимници и зеленчук се купува на големо, купувачите плаќаат многу повеќе, а добиваат многу помалку. Некои од продавачите зеленчукот го мерат и на ваги стари повеќе од десет години. Пазарниот државен инспекторат синоќа изврши 40 контроли на охридскиот пазар, со цел да се види коку се почитува Законот за трговија, Законот за метрологија и за заштита на потрошувачите. Ѓорѓи Бошалев, началникот на пазарната  инспекција вели дека при контролата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top