soobrakajna Bukovo

Две жртви во сообраќајна незгода

Post Views: 6 Во тешка сообраќајна незгода која се случи на магистралниот пат Охрид- Ресен животот го загубија двајца млади охриѓани. Службите од Свр Охрид ги испитуваат причините поради кои дошло до несреќата. Синоќа во тешка сообраќајна незгода животот го загубија Влатко П. роден 1977 година и Наумче А. роден 1985 година, двајцата од Охрид. Несреќата се случи во 21 часот, во близина на депонијата ,, Буково“, на магистралниот пат Охрид-Ресен. Стефан Димоски, портпарол на Свр Охрид  вели дека сообраќајната незгода се случила во моментот кога возачот на товарно возило-влекач марка...

Continue reading

Sv.Kliment Ohridski

Австралијанци се прошетаа по основното училиште Св. Климент Охридски

Post Views: 9 Двајца професори и осум средношколци од Австралија кои имаат македонско потекло денес го посетија училиштето Св. Климент Охридски со цел да се запознаат со начоинот на кој тоа работи. Пред се се интересираа за изучувањето на македонскиот јазик бидејќи тој се изучува и во некои градови во Австралија во кои живеат поголемт број на наши иселеници. Поголемиот дел од децата кои веќе неколку дена престојуваат во Охрид биле и претходно во Македонија. Тие се воодушевени од нејзините убавини и планираат повторно да ја посетат нашата држава. Во Австралија веќе неколку години го...

Continue reading

lions logo

Охрид представен како што заслужува

Post Views: 3 Станува збор за септемвриското издание на официјалната публикација на „Lions international “. Во статијата Охрид е претставен како „Другиот град на светлината“. „Можеби Париз е познат како град на светлината, но постои уште еден помал град кој го одзема здивот и го заслужува ваквиот епитет“- со овие зборови започнува статијата за Охрид, објавена на две страници во септемвриското издание на магазинот „Lions international“ Станува збор за официјалната публикација на оваа меѓународна хуманитарна организација, која секој месец ја добиваат над милион и двеста илјади членови,...

Continue reading

strategija

Охрид пред нов предизвик да стигне до седум милиони евра

Post Views: 2 Со средства од меѓународните претпристапни фондови ќе се развива Југозападниот регион во Македонија. Треба само луѓе кои ќе знаат и умеат да  изработат прооекти. Седум милиони евра се на дофат, доколку  Охрид, зеадно со уште 13 општини од Југозападниот регион,  знаат како да ги добијат. Дел од овие средства ќе се издвојат од буџетот на државата, а дел ќе се обезбедат од меѓународните претпристапни фондови, вели Аница Палацо Претставник на ГТЗ. Со законот  за рамномерен регионален развој, кој беше донесен пред една година, Македонија е поделена на 8 региони кои треба...

Continue reading

ohridski starogradski sredbi flaer

Возобновен фестивалот Охридски староградски средби

Post Views: 1 Се возобнови фестивалот на староградска песна. На сцената на Центарот за култура , по пауза од повеќе од 15 години, ќе се одржи вечер посветена на староградскиот мелос. Ќе настапат ансамбли од градов и земјава. „Годинава фестивалот ќе биде една вечер. Ќе има богата програма, ќе настапат ансамбли кои ја негуваат староградската песна. Од охридските ансамбли ќе настапат возобновената пејачка група Ахрида и Езерски вез“, вели Боцевска.    Охридските староградски средби датираат од 1975 година, но фестивалот згаснал на почетокот на девеесеттите. Годинава се возобновува од...

Continue reading

Повторно прашања, но без одговор

Post Views: 9 Општинската Вмро Дпмне и денес повторно упати многу  прашања на адреса на градоначалникот Александар Петрески. Од таму тврдат дека пред периодот на транзиција, Охрид бил една од општините во Македонија со највисок степен на економски развој. Па Се прашуваат, каде е сега и што направила општината и локалната самоуправа, за иницијализација на стопанскиот развој во Охрид и охридско. „Ги следиме електронските, печатените медиуми, ги следиме веб страните на локалните самоуправи низ Македонија. Слушаме и гледаме за странски инвестиции во Струмица, Битола, Гевгелија, Кочани…...

Continue reading

Zoran Strezovski

Општинаската организација на „ДОМ“ од Охрид, доби нов претседател

Post Views: 7 Вчера на  изборното собрание се одлучи за прв човек на партијата да биде поставен Зоран Стрезоски, магистар на науки од областа на туризмот, регионален менаџер на Скопски саем. За потпретседатели се избрани се избрани Емилија Колевска, Рада Арнаудова и Зоран Паскали. За секретар е избран Драги Танески, а организационен секретар, Летка Филипова. Од партијата најавија поголема отвореност кон граѓаните и решавање на секојдневните проблеми.

Continue reading

Cekostina

Стопирана продажабата на државното градежно земјиште во Чекоштина

Post Views: 63 Државата се испазари, па се попишмани за продадени парцели во нејзина соспственост. Станува збор за земјиштето во месноста Чекоштина за која во месец април беше распишана лицитација за продажба на градежно земјиште. Од предвидените 81 тогаш се продадоа 31 градежна парцела.Три месеци подоцна со објаснување дека земјиштето е археолошки локалитет дел од сопственицит едобија известување дека продажбаат е поништена.Парите им се вратени. Инволвираните институции не даваат прецизен одговор за чиј превид станува збор. Од секторт за урбанизам потврдуваат дека продажбата била...

Continue reading

velosipedist

Локалната самоуправа ќе ги преуредува старите, а ќе гради и нови велосипедски патеки

Post Views: 6 Ќе се преуредуваат старите велосипедски патеки, а ќе се градат и нови- најави градоначалникот Петрески. Со тоа Охрид ќе се приклучи кон светската кампања за подигање на јавната свест од штетноста на прекумерното користење автомобили. „Постоечките патеки ќе ги обележиме, издвоиме од пешачките и обоиме со посебна боја. Како што знаете на Булеварот Туристичка има велосипедски патеки, но тие не се користат“, вели Петрески.   Подршка за реализирање на ваквата идеја, Локалната самоуправа доби од Министерството за животна средина и просторно планирање. Еден од нашите приоритети...

Continue reading

Aleksandar Petreski

Охридскиот градоначалник се врати од работна посета на Ерусалим

Post Views: 1 Александар Петрески се  врати од Ерусалим, Израел  каде што со 50 -тина колеги од светот, покрај разгледувањето на светиот град,  учествуавале и на заеднички работилници. Петрески вели заедно со своите колеги од светот разменале  искуства како најдобро да управуваат со градовите.Петрески потенцира дека на средбата во Ерусалим  се констатирало  дека општина Охрид располага со најмал буџет, а  исто така и со градоначалнички ингеренции. Основа на живеењето на општините од каде што доаѓаат градоначалниците во светот  е градот и во него е основата како да функционира државаат ...

Continue reading

Кој ќе биде претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ?

Post Views: 3 Се потесен станува кругот на кандиадати-  заинтересирани да седнат во претседателската фотелја на општинската ВМРО- ДПМНЕ. Од првично 25 пријавени кандидати, три члената коимисија задолжена да ја врши селекцијата, изборот го свела на четворица од нив. Неофицијално, меѓу нив се спомнуваат имињата на првиот човек на фестивалот Охридско лето, Тони Симоноски, директорот на охридскиот аеродром Борче Стефаноски и директорот на Заводот за здравствена заштита, Атанас Михаилов.Во текот на наредната недела се очекува да биде познато кој ќе биде новиот Претседател на Општинскиот...

Continue reading

eko proizvodi logo

Само еден од охридските хотели покажал интерес за еколошки стандарди

Post Views: 0 На дебатата за прифаќање на еколошките критериуми за туристичко сместување и детергентите за рачно миење на садовите која се одржуваа по втор пат, од 120 поканети одзивот беше слаб. Хотелиерите или сметаат дека прават доволно за животната средина или пак сеуште е ниска нивната еколошка свест, вели Јадранка Иванова од Министерството за животна средина. На работилницата за примена на еко критериумите од хотелиерите присуствуваше единствено менаџерот од хотел Силекс, Љупчо Милковски. Менаџерот Милкоски вели дека е корисно во нивното работење да се применуваат критериумите ...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top