Post Views: 67
На први октомври, ЈП „Охридски Комуналец“ ќе започне кампања насловена како „Препознатливо чист“, за успешно спроведување на законот за јавна чистота во Охрид.
Во првата фаза граѓаните ќе добијат со сметката за ѓубре, промотивен материјал. Во флаерите ќе бидат наведени обврските како граѓаните да се однесуваат со отпадот и шутот. Од ЈП „Охридски Комуналец“ нагласуваат дека е потребно од Секторот за урбанизам конечно да ги дефинираат местата во чаршијата каде да се постават корпите за отпад и отпушоци, „за да не се случува како во минатиов период, комуналците да...
Post Views: 8
О.У. „Св. Климент Охридски“ Охрид се вклучи во проектот ( Културата без граници) чии носител е училиште од Виена , Австрија, а финансиски е подржан од Министерството за просвета на Виена.
По тој повод делегацијата на училиштето составена од директорот на училиштето Славица Илиќ и наставникот по англиски јазик проф. Марина Шокева престојуваше во Виена од 22. 09. 2008 до 26. 09. 2008. Покрај училиштето домаќин од Виена и ОУ „св. Климент Охридски“ Охрид, во овој проект засега се вклучени по едно училиште од Република Србија и Република Црна Гора. Планирано е проектот...
Post Views: 4
Туристичките работници предлагаат субвенции кои ќе придонесат за зголемување на бројот на странски туристи во земјава.
Доколку предлогот се усвои од страна на владата, тоа ќе значи дека финансиски би се помагале субјектите кои ќе ги донесат странските гости. Се надеваат дека субвенционирањето на туризмот ќе профункционира на почетокот од идната година.
Со воведување на механизми за субвенционирање на туризмот во голема мера ќе се придонесе за зголемување на бројот на странски гости во земјава- е заклучокот од вчера одржаната трибина од страна на ДОМ. На неа учествуваа...
Post Views: 10
Охридската јагула ќе исчезне доколку не се решат еколошките црни точки во езерото- предупредуваат стручните лица.
По пастрмката, опасност од изумирање и прети и на охридската јагула. Стручните лица предупредуваат- таа целосно ќе исчезне доколку наскоро не се реши проблемот со таканаречените црни еколошки точки во езерото. Дополнителен фактор кој ја влошува состојбата е постојаното опаѓање на нивото на водата во езерото.
„Доколку нивото на водата во езерото и понатаму опаѓа, а проблемот со загадувањето на езерото кај Пештани, реките Грашница и Сатеска не се реши, сите...
Post Views: 5
Под мотото “Спорт за сите, сите за спорт“ утре ќе се одржи првиот отворен спортски ден во Охрид. Граѓаните ќе можат да уживаат во презентацијата на повеќе од 20 спортски дисциплини кои се негуваат во градов, а при тоа и да конзумираат здрава храна.
Спортски хепенинг под мотото “Спорт за сите, сите за спорт“ ќе се одржи утре на терените на СРЦ “Билјанини Извори”. Првиот спортски отворен ден е во организација на ЈП “Билјанини Извори”, Црвен крст-Охрид и Сојузот за училишен спорт- Охрид . Охриѓани утре ќе можат да уживаат во презентацијата на повеќе од 20 спортски дисциплини...
Post Views: 8
„Многу од нас ќе бидат приморани да станат албанци или роми иако тоа не го сакаат“, велат охридските египќани.
„Под итно бараме прием кај премиерот Никола Груевски како би му ги кажале проблемите со кои се соочуваме“, додаваат тие.
Египќаните од Охрид и понатаму ги бараат своите права кои им припаѓаат согласно уставот на РМ. Сакаат едно пратеничко место во собранието на РМ да им биде загарантирано по примерот на косовскиот модел за што подршка бараат од охридските пратеници.
Од партијата Сојуз на египќани велат дека, уште утре ќе поднесат барање до претседателот на...
Post Views: 0
Законот за јавна чистота предизвика силна реакција кај граѓаните. Се посочуваат станарите од колективните згради за живеење кои се грижат за животната средина , но и оние кои ја занемаруваат околината.
Пример за грижа на својата средина се станарите од зградата на улицата Гоце Делчев, во населбата Далјан.
Душан Симјаноски станар од зградата, укажува на соседот Ламбе кој беспрекорно се грижи за просторот пред зградата, а при тоа соседите му помагаат со тоа што не фрлаат смет, вели Симјаноски.
Граѓаните сметаат дека постојат луѓе кои се грижат за животната средина,...
Post Views: 4
Главна тема беа активностите што се преземаат за заштита на езерото, од страна на двете земји. Како што дознаваме министрите за животна средина и просторно планирање од Македонија, Јакупи и од Албанија, Џували покажале силна политичка волја да се заштити овој природен ресурс.
На средбата се постигнати неколку конкретни договори. Еден од нив е преземање на заеднички проект за заштита на трската како еден важен филтер за квалитетот на водата, но и неколку дополнителни.
Да се ревидира извештајот од 2002 година за состојбата на Охридското езеро, и да се забрза изградбата...
Post Views: 6
Неодамна, донесениот Закон за јавна чистота и неговата примена во градов беше темата на денешната прес конференција на Вмро – Дпмне.
Пратеничката Анита Кипаризовска Крстеска, се осврна на незаконското трошење на наменски средства наплатени од граѓаните по разни основи од страна на ЈП „Комуналец“. Таа кажа дека не е дозволиво да се трошат пари собарани од ѓубретарина или погребални услуги за финансирање на чистење улици, поставување на канти за смет или уредување на паркови и зеленило.Прaтеничката Кипаризовска Крстеска потенцираше дека општината не размислува...
Post Views: 5
Во Охрид, денеска почна дводневна Регионална конференција за Европска безбедносна одбранбена политика. Оваа конференција, е прва од ваков вид во регионот.
Ќе се стави акцент на важноста од натамошното развивање на Европската безбедносна и одбранбена политика,а во тесна врска со напорите на земјите од регионот кон европската интеграција. Домаќин на конференцијата е министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Коњановски. На конференцијата, покрај делегации од преку 20 земји од регионот и Европа, присуствува и министерот за одбрана на Босна и Херцеговина,...
Post Views: 10
Во Лондон во периодот од 25 октомври до 22 март 2009 година ќе биде поставена изложба насловена како “ Византија 330 -1453 “.
Во Kралската Aкадемија на Уметностите, ќе бидат презентирани и икони од постојната поставка на Галеријата икони од Охрид. Станува збор за осум икони од периодот на среден век од т.н. ренесанса на палелозите.
Иконите кои ќе бидат изложени во Лондон, припаѓаат во самиот врв на византиското сликарство. Учеството на изложбата е признание и за нашата земја која располага со огромно културно наследство. Нити една голема светска изложба посветена ...
Post Views: 10
„Охридската медиумска заедница изгуби двајца свои музички работници кои со својата креативност создаваа музика која ги правеше охриѓани посреќни“, беше речено на денешната комеморативна седница.
Здружението на новинари од градов по повод трагичниот настан одржа комеморативна седница. На своите трагично загинати колеги, диџеј Пантер и диџеј Бруце охридските новинари им одадоа почит со едноминутно молчење
„Охридската медиумска заедница изгуби двајца свои музички работници кои со својата креативност создаваа музика која ги правеше охриѓани посреќни“, рече новинарот Симон...