Post Views: 0
Високите цени кои ги понудија хотелските работници според градоначалникот на Охрид се причина за слабата туристичка сезона. Хотелиерите пак велат, цените не се високи, градот нема визија како да развива туризам.
Туристичката сезона која помина според оценките на охридскиот градоначалник е послаба од ланската. За тоа има повеќе фактори од кои Петрески ги издвојува високите цени кои ги понудија хотелиерите во градов. Тој вели дека менаџерите на хотелите треба да се подзамислат што прават и за наредново лето да ги корегираат цените ако не сакаат нивните објекти да останат...
Post Views: 11
„Во моментов, измените на Изборниот законик се стопирани, а со нив се предвидуваше зголемување на бројот на партениците од 120 на 133. Од нив 3 пратенички места би биле за преставиците од дијаспората , а 10 за преставниците на помалите етнички заедници“, вели пратеничката од ВМРО ДМНЕ Анита Кипаризовска Крстеска.
Таа потенцира дека во претходниот парламентарен состав имала поднесено предлог Закон за измена на Изборниот Законик во делот на Законот за помалите етнички заедници.
„Тој влезе во процедура, но не се расправаше заради предвремените избори, но се надевам...
Post Views: 1
Охриѓани заработија 67 казни за непочитување на Законот за јавна чистота.
Униформираните полицајци ги изрекле овие казни во рок од една недела, од 22 септември кога на стапи на сила Законот за јавна чистота, па се до 29 септември. Но, само два дена потоа бројката достигна од 148 изречени казни. Од нив 4 се однесуваат на правни лица вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Три лица прифатиле да ја заменат казната со општокорисна работа.
Униформираните полицајци во земјава, пак за една недела напишале 537 казни за граѓаните кои го прекршиле законот по разни...
Post Views: 5
Од денес па до крајот на месецов Меѓуопштинскиот центар за Социјална работа од Охрид ќе врши годишна обнова на документација потребна за остварување на правото на социјална парична помош за потенцијалните корисници. За овие лица во центарот веќе постои предмет во кој е внесена целокупната нивна документација па не е потребно нејзино дополнување. Сепак истите се должни да ги пријават сите промени во семејството доколку во изминатава година дошло до тоа, како на пример нов член во семејството, вработување на некој од членовите, напуштање на заедницата и тн. За оние пак...
Post Views: 34
Охридските советници бараат конечно да се реши хаосот кој во лето се создава со недозволено поставените столици и маси на градскиот плоштад и околу него. Тие бараат целосен извештај колкава е користа на општината од поставувањето на урбаната опрема во летниот период.
Централното градско подрачје и ова лето личеше на панаѓур. Ова е констатација на поголемиот број охридски советници кои на последната седница побараа за нареднава сезона да се реши хаосот со недозволено поставените столчиња и маси по градскиот плоштад и околу него.
Градоначалникот на Охрид се правда дека...
Post Views: 3
Општинскиот инспекторат вчера ги стопира градежните работи на индивидуална куќа на улицата „Климентска“. Причината е констатирање отстапки од дадената локација и недозволено навлегување во туѓ имот. Граѓаните кои живеат во непосредна близина на овој објект веќе месеци наназад правдата ја бараат во институците на системот.
Павел Филев вели дека куќата покрај тоа што излегува од дозволената локација, се гради и врз остатоци на верски објект. „Триесетина години наназад на овој простор немаше никаков објект бидејќи на тоа место се наоѓаат остатоци од базилика“, објаснува...
Post Views: 15
На просторот кај старата библиотека нема ништо да се гради, вели градоначалникот Александар Петрески. Гласините кои деновиве провејуваат низ охридската чаршија се само шпекулации, додава тој.
На овој простор веќе започна реализацијата на заедничкиот проект на Локалната самоуправа и Заводот за заштита на спомениците. Пред изготвувањето на проектот Завод и музеј изготви заштитно- конзерваторски основи за урбанизација на тој дел од градот. Со нив беше предвидена реконструкција на јужната кула од Долна порта и дел од периметралните ѕидови од подградието на Самоиловата тврдина...
Post Views: 6
Молејќи се за здравје и благсостојба тие запалија свеќи во малата црква изградена на самиот брег на Охридското езеро. Собраните пари ќе се донираат за доизградба на црквата кај градските гробишта.
Осми пат по ред, над 400 верници се собра во Лагадин да го одбележат верскиот празник Вера, Нада, Љуба и нивната мајка, великомаченица Софија.Палејќи свеќи во малата црква, изградена 2000 година на брегот на езерото, тие се помолија за здравје, љубов и благосостојба.
„Се слави верата, надата, љубовта кон ближните. Од сите најголема е љубовта која останува вечна“ – порача...
Post Views: 23
Медицинските истражувања покажуваат дека најчест причинител за појава на рак на грлото на матката е ХПВ вирусот.
Кај 90 насто од заболените лица е откриено присуството на овој канцероген вирус. За превенција на ова заболување, Владата на РМ е четврта во светот која донесе одлука од оваа година бесплатна вакцинација на девојчиња од 9 до 15 години, вели д-р Владимир Поповски заменик Министер.
Гинеколозите потенцираат дека има 100 подтипови од хуман папилома вирусот, а од нив 30 може да предизвикаат промени на грлото на матката кои водат кон добивање на рак на грло...
Post Views: 5
Заменикот министер за здравство д-р Владимир Поповски, оствари средби со граѓаните од Пештани и Трпејца, како дел од активностите на Владата за транспарентно работење.
Д-р Поповски рече дека во Охрид дошол пред се да ги чуе проблемите на граѓаните и непосредно да ги запознае состојбите во примарното здравство. При тоа Д-р Владимир Поповски кажа дека граѓаните ставиле забелешки на работата на итната медицинска помош во овие две населени места,но и на други локални проблеми од останатите министерства кои министерот ќе ги проследи понатака.
Денешната средба со граѓаните...
Post Views: 5
Советниците нема да решаваат каде ќе бидат поставени јавните тоалети во градов. Секторот за урбанизам изготвува проект каде тие ќе бидат лоцирани.
На дневен ред на денешната седница на Советот на општина Охрид не се најде ниту една точка во врска со Законот за јавна чистота. Иако овој закон веќе две недели е на сила , а за негово успешно спроведување општината треба да одреди локации за јавни тоалети, советниците денес немаа можност да дискутираат за оваа проблематика.
Владо Чингоски, претседателот на советот на општина Охрид вели дека не бил поднесен никаков предлог...
Post Views: 2
Донесувањето на ДУП за дел од урбана заедница 16„Рача“ Урбан Блок 16.2 опфат 1 денес ги разбранува охридските советници. 57-та седница на Советот на општина Охрид поради оваа точка два часа неможеше да започне бидејќи не беше усвоен дневниот ред. Пратеничката група на Н.П. бараше таа да биде симната од дневен ред со објаснување, дека урбанистичките планови треба да се носат глобално, а не парцијално. Некои граѓани се фаворизирани за разлика од некои други кои со години наназад не можат да добијат локација, рече советникот Томе Гиноски.
Од Секторот за урбанизам потенцираа...