Post Views: 17
Оваа учебна година со салите ќе стопанисуваат училиштата. Промените во ваквата состојба ќе се случат со влегувањето на општината во втората фаза на децентрализација.
Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти, „Билјанини извори“, не стопанисува со спортските сали во средните и основните училишта во градов. При неговото формирање се најавуваше дека овие спортски објекти ќе бидат под негова ингеренција, но засега сосјбата е ваква, вели Иван Цветкоски, директор на ЈП „Билјанини извори“.
Една од причините што со спортските сали и оваа година ќе стопанисуваат...
Post Views: 7
Просторот кај спортскиот рекреативен центар Билјанини извори месеци наназад е целосно запуштен и обраснат со трње.
Станарите од зградите кај охридатите, реагираат дека просторот пред нивните станбените објекти во кои живеат воопшто не се средува. Подолг период, овој дел од градот е зараснат со треви и трње. Ваквата гледка не му доликува на простор покрај кој постојано минуваат гостите кои престојуваат во градов, коментираат граѓаните.
Од Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти ја прифаќаат одговорноста за ваквиот изглед. Објаснуваат- за да се превземат...
Post Views: 30
Наскоро во Охрид се очекува странци да градат луксузни куќи во две елитни населби, во Горица и пред Пештани.
За градење на хациенди со базени покрај охридското крајбрежие голем интерес пројавиле богати Израелци, вели охридскиот градоначалник. Со новите измени во Законот за градежно земјиште се очекува странците да го зголемат ивестирањето во недвижнини во нашиот град додава тој. Нашите граѓани, пак 120 типизирани станови за домување ќе може да градат во населбата
Чекоштина, по скорешното усвојување на деталниот урбанистички план. Со градбата во овој дел ќе...
Post Views: 11
Заложници на дрогата стануваат десетгодишни деца. Со цел да се стави бариера на нејзиниот прогрес, МВР заедно со Црвениот крст од Охрид организираа предавања по основните училишта во градов.
Во Охрид има 300 регистрирани нарко зависници. 200 од нив се уживатели на марихуана, 10 се зависници од кокаин, а 20 од хероин. Ова се податоци со кои официјално располага Министерството за внатрешни работи, но од таму велат дека оваа бројка реално е многу поголема.
Со цел да се стави бариера на ваквиот огромен прогрес на користењето на дрогата, МВР заедно со Црвениот Крст од Охрид...
Post Views: 2
Во заводите за здравствена заштита и во гинеколошките ординации започна да се спроведува вакцинирањето против хуман папилома вирусот, за девојчињата на возарст од 9 до 15 години.
Вакцинирањето ќе се одвива во приватната, специјална ординација по гинекологија и акушерство Превентива од Струга која располага со 100 вакцини и Охридскиот завод за здравствена заштита со 30 бесплатни вакцини .
Д-р Јованка Стурлакова Коровешовска, епидемиолог од Заводот за здравствена заштита вели дека интересот за бесплатните вакцини е огромен. Добиле мала доза на вакцини, но им било ветено...
Post Views: 3
Каде се наоѓа нашата земја на патот кон европската унија- е една од темите на кои се разговараше од страна на присутните. Конференцијата е во организација на македонската Паневропска унија.
Република Македонија го има дадено својот удел во европската традиција, култура, начин на живеење и тој влог од минатото е своевидна гаранција за наша успешна европска иднина на која работиме. Ова беше потенцирано на Меѓународната конференција насловена како: Македонија во Европската унија- Одредница за Европа.
Конференцијата, која викендов се одржува во Охрид, е во организација на...
Post Views: 6
Од лидерската средба во понеделник не треба да се очекува премногу, таа може да биде само добар вовед за она што допрва ни претстои, изјави Министерот за надворешни работи на РМ, Антонио Милошоски.
„Во секој случај позитивно ја оценувам средбата и што премиерот ја свика. Оваа средба може да биде добар вовед во она што допрва ни претстои. Од како евентуално ќе имаме нов предлог за името, тогаш ќе треба со сета сериозност и одговорност, сите политички чинители, повторно да завземат конечен став кој на најдобар начин ќе ги застапува македонските интереси“ , рече министерот...
Post Views: 9
Имињата кои се споменуваат како можни кандидати за претседатели на ОК на ВМРО ДПМНЕ и за идни градоначалници, за Владо Стефаноски се само шпекулација.
Пратеникот Владо Стефаноски и сеуште актуелниот претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ денес пред новинарите рече дека сите имиња кои се споменуваат како можни идни претседатели на Охридската ВМРО се само шпекулација. Тој вели дека изборот е во тек, но досега ниту еден кандидат не бил на интервју кај премиерот Груевски кој ќе одлучи кој ќе биде избран.
Стефаноски ги негира и гласините околу имињата на кандидатите...
Post Views: 2
Може да се очекува зголемување на каматните стапки на банкарските кредити, оценуваат експертите. Заедно со новинарите тие учествуваат на работилница- „Медиумите, информациите за пазарот на капитал и јакнење на корпоративната одговорност“.
Глобалната финансиска криза нема да има директно влијание врз македонскиот пазар на капитал. Може да се очекува зголемување на каматните стапки на банкарските кредити, оценија експертите. Според нив, домашните компании се во добра кондиција. Цената на нивните акции паѓа, но главно, поради психолошкиот ефект кај инвеститорите, а не...
Post Views: 1
Македонските владици расправаат- дали на името Македонска православна црква ќе биде додадено и Охридска архиепископија.
Македонските Владици и претставници од сите епархии и институции на МПЦ учествуваат на Црковно народен собор во Калишта кој почнува денес.Неофицијално, највисоките црковни великодостојници ќе расправаат дали на името Македонска православна црква ќе биде додадено и Охридска Архиепископија.
Владиката Тимотеј ги отфрла ваквите информации. Според него, на Црковно народниот собор викендов нема да има расправа за промена на името. Владиката Тимотеј изјави...
Post Views: 9
Дејан Паноски веќе нема да ја извршува функцијата Државен секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање
Дејан Паноски веќе нема да ја извршува функцијата Државен секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање. Ова денес официјално беше потврдено на пресс конференцијата на ВМРО ДПМНЕ. Паноски отсега па натаму ќе работи како Државен советник за води со седиште во Охрид, вели пратеникот Владо Стефаноски.
Паноски, кој функцијата Државен секретар ја извршуваше повеќе од една година ни потврди дека се враќа во Охрид. Новото работно...
Post Views: 2
На дел од улицата 7-ми Ноември пешаците неможат да се движат поради немањето тротоар, а на некои места тој што го има е толку тесен што двајца не можат да се разминат.
Овој проблем се провлекува години наназад а деновиве и на нашиот портал www.tvm.com.mk повеќе граѓани реагираа во врска со истиот. Во годишната програма за патишта на Локалната самоуправа оваа улица е ставена како приоритет.
Шикалоски вели дека веќе е изготвен проект и за уредување на коловозот непосредно до Основното училиште „Братсво единство“. Ова е од голема важност за учениците кои секојдневно ја...