Четворица руски туристи пронајдени мртви во сауна во Албанија

Post Views: 2 Четворица руски туристи се пронајдени мртви во хотел во зоната Ќерет, во познатото албанско приморско гратче Каваја. Нивните тела биле пронајдени во хотелската сауна. Основано се сомнева дека причина за смртта е задушување. Нивното отсуство ги загрижило другите туристи од групата со која биле заедно пристигнати, по што го известиле персоналот на хотелот. Околу 22:20 часот во Ќерет, Каваја, во просториите на хотелска сауна, пронајдени се мртви четири лица, две жени и двајца мажи, државјани на Русија. Телата се дадени на обдукција. Истрагата е во тек. За настанот е известена...

Continue reading

Потврдени 14 жртви во пожарот во модуларната болница во Тетово

Post Views: 4 Четиринаесет лица го загубија животот во катастрофалниот пожар кој вчеравечер ја зафати модуларната болница во Тетово во која беа хоспитализирани 24 пациенти заболени од коронавирус. Сите настрадани се пациенти, а меѓу повредените има и медицински персонал. Обвинителството потврди дека тие се извлечени од уништената болница и предадени на Институтот за судска медицина заради идентификација. Ноќеска петмина обвинители заедно со форензичките тимови од крим техника вршеа увид во уништената болница. Земени се изјави од вработените во Ковид центарот, а ќе се прегледуваат...

Continue reading

Струшките кајакари ќе веслаат за поддршка на лицата со ретки болести

Post Views: 0 Струшките кајакари, ентузијасти и поддржувачи на лицата со ретки болести, под мотото „Весламе за ретките“ во сабота на 4-ти септември по втор пат ќе ги разбрануваат водите на реката Црн Дрим и Глобочичкото езеро. Настанот е во организација и партнерство со струшкиот хотел „Боград“ и Спортскиот клуб „Соларис“, а на него се очекува да земат учество 30-тина кајакари меѓу кои и лица со ретки болести. Стартот е на плажата кај селото Враништа во 09:00 часот, а со овој несекојдневен настан се дава поддршка на наголемата заедница во светот, претставувана од 300 милиони пациенти...

Continue reading

Најавеното зголемување на температурите не е закана за предвремено потерување на овошките

Post Views: 3 Зголемувањето на утринските и на дневните температури кое се прогнозира за оваа недела, од -2 до 5 и од 3 до 15 степени, не претставува закана за предвремено потерување на овошките. Според агрометеоролозите, ваквите временски услови сеуште им годат на земјоделските култури во услови на презимување. Останува и препораката, доколку почвените услови дозволуваат, земјоделците да почнат или да продолжат со кроење на виновата лоза и овошките зошто операцијата е обемна, а битно е да се заврши навреме. Снежната покривка на планините влева надеж за полнење на акумулациите кои...

Continue reading

Жител на Албанија фатен со 30 кг риба кај Сатеска

Post Views: 1 Жител на Албанија вчера беше фатен со 30 кг свежа риба кај Сатеска. На (17.01.2022) од страна на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал при Регионален центар Запад кај месноста Сатеска Струга, при извршен преглед на патничко моторно возило ,,опел зафира“ со албански регистарски ознаки, управувано од Ј.А. (52), државјанин на Република Албанија, беа пронајдени и запленети 265 парчиња свежа риба, со вкупна тежина од околу 30 килограми, а сокриени во багажниот простор на возилото. Против Ј.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира портпаролот...

Continue reading

Сообраќајна несреќа на „Туристичка“, повредени две лица

Post Views: 23 Сообраќајна несреќа се случи утрово на кружниот тек помеѓу булеварот „Туристичка“ и улицата „Стив Наумов“ во Охрид. Во несреќата учествувале две возила. Според првичните информации во незгодата полесно се повредени две лица, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, во изјава за ОХРИД 24. Димоски додаде дека во моментот увид вршат полициски екипи, по што ќе бидат познати причините кои довеле до незгодата.       Извор/Охрид24 Фото/ОхридПрес

Continue reading

Скринингот во училиштата нема за цел да ги убие децата

Post Views: 3 Пандемијата од коронавирусот не е измислена, таа е реална а тоа го покажуваат бројките на новозаразени и починати од вирусот. Тестовите со кои се детектира присуство на коронавирусот не се ништо друго освен стапче на чиј врв има памук со кој се зема брис од грло и нос. Овие тестови се безбедни и во никој случај не можат да ви наштетат. Земањето брис не е ништо ново. Скринингот во училиштата има за цел да покаже колкава е трансмисијата на вирусот, а не да ги убива децата, како што се тврди во постот. Тестирање врз учениците се прави во повеќе европски држави. Пост на Фејсбук шири...

Continue reading

Бил Клинтон хоспитализиран поради инфекција

Post Views: 2 Поранешниот американски претседател Бил Клинтон е примен во болница во Калифорнија поради инфекција што не е поврзана со ковид-19 и „закрепнува“, објави синоќа неговиот портпарол. 75 годишниот Клинтон беше примен во болница во вторникот вечерта. Тој останува во болница за постојано следење – соопштија лекарите, наведувајќи дека по дводневниот третман добро реагирал на антибиотици. Медицинскиот тим во Калифорнија е во постојан контакт со медицинскиот тим на претседателот со седиште во Њујорк, вклучувајќи го и неговиот кардиолог, се додава во изјавата на докторите...

Continue reading

Пожар во болницата во Тетово

Изгоре модуларната болница во Тетово, има и жртви

Post Views: 2 Во пожарот што избувна околу 21 часот, целосно изгоре модуларната ковид-болница во Клиничкиот центар во Тетово. Министерството за здравство потврди дека во пожарот има и жртви, но точниот број на загинати сѐ уште се утврдува. Пожарот е веќе изгаснат, а повредените се транспортираат во Скопје. Полицијата ги отстрани присутните и во секој момент се очекува да почне увидот кој треба да ја утврди причината за пожарот.  На терен е и министерот за здравство Венко Филипче, а таму е и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, која во кратката изјава рече дека исто така нема...

Continue reading

Сообраќајот во Струга еден од главните проблеми на граѓаните

Post Views: 12 Сообраќајот во Струга еден од главните проблеми на кои се жалат граѓаните. Во рубриката на ТВМ телевизија „Ти си твојот град”, пристигнаа неколку пријави, кои се однесуваат на проблеми од сообраќајната сфера. Пребрзо возење, непочитување сообраќајна сигнализација, недостаток на соодветни сообраќајни решенија, непрописно паркирање, се дел од забелешките на стружани. Граѓаните ни пишуваат:  „Во Струга колите се паркират на тротоари, стават 4 жмигавци и се паркират сред пат, блокирајќи го собраќајот. Не знам каде се крие полицијата, ама освен пајакот што се шета...

Continue reading

Донесено решение за користење на спортските терени на СРЦ „Билјанини извори“

Post Views: 18 Градоначалникот на Општина Охрид донесе решение за користење на средства од буџетот на Општината преку субвенционирање на трошоци за користење на спортските терени на СРЦ „Билјанини извори“. Добитниците може да ги погледнете на следниот линк Од Општина Охрид ги повикуваат добитниците на финасиски средства во рок од 10 (десет) работни дена од денот на објавувањето да се пријават во Секторот за спорт, млади и НВО за потпишување на договорите.

Continue reading

20-ТИНА АКТИВИСТИ СОБРАА НАД 50 ВРЕЌИ ЃУБРЕ ВО ДАЛЈАН

Post Views: 2 Дваесеттина активисти денеска собраа над 50 големи вреќи со ѓубре од крајбрежјето кај Далјан. Во организација на „Чист Охрид“ и „Не Биди Ѓубре“, а заедно со „Енхелеус“ и останати граѓани на крајбрежјето кај плажите „Партизан“ и „Мизо“ собравме најразличен отпад, од цврст отпад, па се до пластика. Продолжуваме заедно да работиме за поубав и чист Охрид – велат активистите.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top