Post Views: 18
Меѓународните набљудувачи кои гo следеа вчерашниот втор круг претседателски и локални избори во Македонија, првичните согледувања за текот на изборниот процес ќе ги презентираат денеска на прес-конференција во Скопје, соопшти Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.
Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за следење на вториот изборен круг ја сочинуваат 172 набљудувачи од 30 земји. Покрај нив, акредитирани од ДИК беа уште 372 странски монитори.
{loadposition content9}
Post Views: 5
Интернационалната полициска асоцијација-регион Охрид и Планинска спасителна служба при Црвениот Крст Охрид, потпишаа меморандум за соработка.
Меморандумот што беше потпишан во Оперативниот и тренинг центар на Планинарската спасителна служба, подразбира унапредување на меѓусебните односи, организација, изведување и учество на заеднички вежбовни активности и едукативни работилници и други настани од областа на безбедноста, јакнење на професионалните компетенции, размена на искуства, знаења, взаемна помош и поддршка на полето на безбедноста, едукација и изведување практична...
Post Views: 1
Во текот на изминатото деноноќие (21/22.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 572 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.
Post Views: 5
Опасноста од поплави и понатаму останува на снага во Хрватска, бидејќи доаѓа нов бран од Словенија и прети на општините Јасеновац и Велика Горица.
Доаѓањето на бранот се очекува во вторник, сите служби се на терен, а помага и војската.
Во општините Јасеновац, Лекеник и Липовлјани е прогласена вонредна состојба за опасност од поплави, а евакуацијата е можна на жителите на Требеж, Плесмо, и Краљеви Велики.
Повеќе вода контролирано се испушта од браната Требеж.
Во делови на Чичка полјана водата се излеа преку патиштата и дворовите од куќите, но водостојот расте, вели извештајот...
Post Views: 5
Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска и утре во Истанбул ќе учествува на вториот годишен форум на Алијансата на цивилизации.
На форумот, чиј домаќин е Владата на Турција, ќе партиципираат политички лидери на преку 50 земји, претставници на меѓународни и регионални тела, на донаторски организации, на фондации и граѓански здруженија. Најавено е и учеството на американскиот претседател Барак Обама, на вториот ден од конференцијата.
Воведни обраќања ќе имаат турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Владата на Шпанија Хозе Луис Родригез Запатеро,...
Post Views: 10
Република Бугарија од секоја пратка на вакцини против Ковид-19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира и на нашата земја, информира Министерот за здравство Венко Филипче.
Ова утрово беше одлучено на владината седница во Софија каде имав и свое обраќање, напиша министерот на својот Фејсбук профил.
Со оваа одлука, во нашата земја вакцини против Ковид-19 ќе стигнуваат во исто време, како и во останатите земји членки на Европската Унија. Бугарија како членка на ЕУ ја имаше таа привилегија да прави директни преговори со повеќе произведувачи. Благодарение...
Post Views: 1
Американскиот бизнисмен Нејл Емилфарб и неговата “Stratex group” е новиот сопственик на марината во Будва.
“Stratex group” како што пренесуваат подгоричките медиуми, ја превзема будванската марина за износ од три милиони евра, а новиот сопственик ветил дека во развој ќе вложи уште 45 милиони евра.
Нејл Емилфарб е еден од главните инвеститори во резиденцијалниот комплекс на вили “Dukljanski vrtovi” во Завали.
“Stratex group” е еден од најголемите инвеститори во Црна Гора, и покрај вложувањата во Завали, инвестирала во многу проекти во Котор и Колашин.
Post Views: 1
Грчкиот премиер Костас Караманлис на средбата што денеска треба да ја има со американскиот претседател Барак Обама сака да стави „особен акцент” на прашањето за спорот за името на Македонија.
Грчките медиуми пренесоа во петокот дека Караманлис успеал да ја добие долго бараната средба со Обама.
Средбата е предвидена во францускиот град Стразбур, каде Обама и Караманлис присуствуваат на самитот на НАТО.
На средбата ќе стане збор и за грчко-турските односи и за кипарското прашење, објави атинскиот весник „Катимерини“.
{loadposition content9}
Post Views: 2
Министерството за труд и социјална политика заедно со UNDP ја креираа првата мобилна апликација за помош и поддршка на жртвите на насилство ,,Биди безбедна”, достапна на три јазици: македонски, албански и ромски.
Апликацијата ќе им помогне на жртвите на семејно насилство брзо и едноставно да побараат помош и поддршка, без разлика на времето и местото на кое се наоѓаат кога се во опасност или кога имаат потреба од поддршка.
Со вклучување на геолокаторот само со еден клик жртвите го испраќаат својот мобилен телефонски број и точната локација на која што се наоѓаат до Националната...
Post Views: 3
Во САД бројот на заразени со коронавирус достигна 104.837 лица, со што ги надмина Кина и Италија и во моментов таму има најголем број заболени.Досега во САД починаа 1.711 лица од вирусот, а целосно заздравеа 894.
Американскиот претседател, Доналд Трамп изјави дека САД во наредните 100 дена ќе произведат 100.000 вентилатори неопходни за борбата против епидемијата со коронавирусот, јави „Ројтерс“.
Градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио предупреди дека за Њујорк, кој е епицентар на заразата во САД, април ќе биде потежок од март, а мај потежок од април, и дека на градот...
Post Views: 5
Авион со 200 патници и екипажот бил грабнат на летот од Адис Абеба за Рим и принудно слетал во Женева, соопштила Швајцарската полиција. Сите патници се безбедни а леталото е во сопственост на Етиoпска авиокомпанија.
Како што е соопштено, уапсен е еден грабнувач, нема повредени а ситуацијата била под контрола.
Летот број 702 полетал од Адис Абеба околу 22.30 и требало да пристигне утрово околу 5.00 во Рим. Сепак авионот продолжил за Женева и слетал околу 6.00, а аеродромот во Женева бил веднаш затворен.
„Авионот принудно слетал, а слетувањео било безбедно. Сите 200 патници...
Post Views: 14
Под мото „60 години НАТО се доста!”, за денеска напладне во Скопје е најавен мировен протест против воената алијанса и против зачленувањето на Македонија во неа.
Протестот, како што е најавено. ќе почне пред фонтаната пред Градскиот парк по што демонстрантите ќе одат прво пред Генералштабот, а потоа до плоштадот „Македонија”. Таму се планира делење на памфлети со аргументација зошто, според организаторите, на Македонија не и е потребно зачленувањето во НАТО.
Организатор е граѓанската коалиција „НАТО – доста е!”, а протестот е дел од се-европската кампања...