Post Views: 0
Кога бил дете, неговиот татко му ја оставил во наследство винаријата на североисток од Италија, меѓутоа Марио Морети Полегато не останал во фамилијарниот бизнис, а денес сепак е милијардер кој стои зад познатата компанија Geox.
Кога во една прилика бил на одмор во пустината Навада, увидел дека од прошетката нозете му зовреле и дека му било неудобно во обувките, па морал да исече дупки на чевлите и увидел дека му е подобро. Така дошол до идеја да произведува обувки која ќе бидат со дупчиња и водоотпорни.
“Поминаа три години како работев на тој патент, кој веднаш го понудив...
Post Views: 0
Државната изборна комисија изутринава го заврши разгледувањето на преостанатите 34 приговори, кои беа поднесени од ПЕИ, коалицијата „Заедно за Шуто Оризари“, ВМРО-НП, СДСМ и од СДУ.
Беше усвоен еден приговор од ПЕИ, за избирачкото место 1872, во селото Заграчани, општина Струга. Во изводот од избирачкиот список, во ова избирачко место, се запишани 1011 избирачи. Во првиот дел од седницата, што почна завчера, беше усвоен и приговорот од ДУИ, за избирачкото место 2337 во општината Арачиново. Остатанатите 93 приговори беа одбиени.
До ДИК во законски предвидените крајни...
Post Views: 1
Градскиот кеј во Охрид конечно ќе добие нов современ, но автентичен изглед. Владата одобри средства за реконструкција на едно од најпрепознатливите обележја на градот.
Реконструкцијата, која се очекува да започне на пролет и ќе трае околу 12 месеци е предвидено да опфати должина од 992 метри квадратни на крајбрежниот дел во градската зона. Првично се одобрени средства во висина од 38 милиони денари, но целиот проект ќе чини 90 милиони кои дополнително ќе бидат обезбедени.
„Со гордост можам да кажам дека Општна Охрид влезе на листата со 38 милиони денари за реконструкција...
Post Views: 4
Соработниците на сајтот „Викиликс“, и неговите редовни читатели биле шпионирани од тајните служби на САД и Велика Британија покажуваат новите документи на поранешниот соработник на НСА Едвард Сноуден.
Според овие документи Агенцијата за национална безбедност (НСА) на САД во 2010 година го ставила основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж на списокот на лица, кои подлежат на следење и истрага поради серијата пораки за војната во Авганистан.
Во еден документ од 2012 година стои дека британскиот партнер на НСА, Центарот за владини комуникации, исто така, ги шпионирал „Викиликс“,...
Post Views: 8
Македонија и Албанија ќе потпишат спогодба за соработка на полето на поштенските и електронските комуникацииМинистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска во Охрид ќе има средба со министерот за транспорт на Албанија Сокол Олдаши.
Двајцата министри ќе потпишат спогодба за соработка на полето на поштенските и електронските комуникации помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Во текот на изминатото деноноќие (22/23.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 592 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.
Post Views: 6
Разрешен претседателот на струшкиот Совет, Абдула Ќазимоски. На негово место како претседавач беше поставен Ристе Ќушкоски. Тоа се случи по предлог дополнување на дневниот ред со точка Разрешување на претседателот на Советот, на денешната седница на Советот на општина Струга, побарана од страна на Муамед Истрефи советникот од ДПА. Абдула Ќазимоски укажа дека со едно вакво предлог барање прекршени биле неколку деловнички прописи согласно статутот на Советот на општина Струга.
„За да се одржи координација за денешната седница, одговорот од администрацијата беше дека истата...
Post Views: 0
Соработниците на полицијата на Украина не користат огнено оружје, за да го спречат нередот во Киев, пренесе „ИТАР-ТАСС“, повикувајќи се на соопштение на украинското Министерство за внатрешни работи.
„За време на обезбедувањето на јавниот ред и локализирањето на масовните немири во центарот на Киев, соработниците на полицијата и војниците од внатрешните сили на Министерството за внатрешни работи на Украина, не користат огнено оружје“, се наведува во текстот на соопштението.
Во него се додава дека земајќи ја предвид природата на повредите на загинатите цивили и карактеристиките...
Post Views: 2
Државната изборна комисија (ДИК) прифати само еден од досега разгледаните 61 приговори за вториот круг на локалните избори.
На седницата што ја прекина доцна синоќа, ДИК го уважи само приговорот од ДУИ за избирачкото место 2327 во Арачиново, на кое се запишани 1921 избирачи.
Сите други приговори поднесени од ДУИ, ДПА, ВМРО – ДПМНЕ и група избирачи беа одбиени, соопшти ДИК.
Разгледувањето на преостанатите 34 приговори за вториот круг на изборите за градоначалници и советници ќе продолжи денеска.
Приговорите се поднесени од СДСМ, ВМРО – Народна, ПЕИ, СДУ и коалицијата...
Post Views: 11
На синоќешната седница Владата ја разгледа и усвои информацијата со анализа и акцискиот план за Преспанското Езеро, подготвена од Експертската работна група за Преспанско Eзеро.
Владата ги задолжи надлежните институции утврдени во Акцискиот план за Преспанско Eзеро, да обезбедат финансиски средства за реализација на мерките на Акцискиот план за Преспанското Езеро, и во таа насока донесе Одлука за одобрување првични средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година во износ од 44.000.000 денари на општина Ресен, за решавање на проблемот со состојбата...
Post Views: 2
Јапонската автомобилска компанија објавила дека ќе повлече од употреба 1,9 милиони Приуси во цел свет поради проблемот поврзан со хибридниот состав кој може да доведе до застој на возилото.
Се работи за моделот Приус, произведен помеѓу 2009 и 2014 година, трета генерација на најпродаваниот хибриден автомобил во светот, кој работи на погон на бензин и електрична енергија.
„Во најлош случај, автомобилот може само да застане за време на возењето. Тоа го сметаме за можен сигурносен проблем, што го објаснува ова повлекување“, истакнал потпаролот на Тојота.
Производителот...
Post Views: 1
Грција се надева дека новоизбраниот македонски претседател Ѓорге Иванов ќе работи на решавање на прашањето за уставното име на Македонија, во согласност со одлуките на НАТО и ЕУ.
Претседателските избори во Македонија направија “чекор напред за приближување кон европските изборни норми“, изјави синоќа портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Јоргос Кумуцакос.
Сепак, тој додаде дека “мора да продолжат реформските напори за да се овозможи исполнување на критериумите за приближување на државата кон евроатлантските институции“.
Кумуцакос ја пренесе и оценката...