Post Views: 2
Кандидатот за градоначалник Петрески ги потсети премиерот и неговиот против кандидат како се станува градоначалник.
Да не е смешно, навистина е премногу жално кои министри и премиер го водат македонскиот народи не е измислена мерка со која може да се измери дното на глупоста ја започна Петрески денешната прес конференција. Пет министри и двајца заменици министри одржаа научна трибина, Зошто на Охрид му треба градоначалник како Кирил Трендафилов истакна Петрески. При тоа тој го потсети премиерот како се станува градоначалник.
Господине Груески „не полициски специјалци,...
Post Views: 0
Невработените работници со над 25 години работен стаж , жртвите на транзицијата уште еднаш укажаа дека Владата не го прифаќа нивното брање за водење социјален дијалог , истакна претседателот на оваа категорија граѓани Иван Николоски.
„Владата не сака да помисли дека како категорија на граѓани сме доведени до питачки стап. Оваа влада не го прифати ни нашето барање за социјален дијалог, едноставно не сакаат ни да чујат за дијалог, а камоли решавање на нашиот проблем “ рече Николоски. Владата во нас гледа безвредни граѓани, а вредиме само на денот на изборите. Им требаме...
Post Views: 5
Трендфилов задоволен од одлуката ВМРО НП што во вториот изборен круг застана зад неговата кандидатура.
Подршка на Трендафилов му даде и министерот за надворешни работи Антонио Милошески. Неговото просуство во Охрид новинарите го искористија за актуелни прашања. На прашањето за членството на Македонија во нато, Милошески рече.
„Сите граѓани на Р Македонија се свесни кој го попречи влагувањето на Македонија во НАТО, но тоа ни на граѓаните ни на институциите не влијае демотивирачки. Ние ќе продолжиме со нашите напори, членството во НАТО се докажува со дела и со посветеност....
Post Views: 7
„Кандидатот за градончалник на ВМРО ДПМНЕ е слика без тон. Тонот се пушта од Скопје и тоа само кога нема што да каже премиерот“, рече портпаролот на OО на СДСМ.
На денешната пресс конференција се обрати д-р Томислав Тунтев,член на советот на Општина Охрид.Тој рече:
„Едно е сигурно, од мене идниот градоначалник нема да има мира.
„Картите се отворија, маските паднаа. Во ДПМНЕ во Охрид, нема ниту П од најавената позитивна изборна кампања“, рече портпаролот на ОО на СДСМ, Лидија Апостолоска.
„Ај што поразот во првиот круг го прогласија за победа, ај што од централата од...
Post Views: 4
Граѓанскиот сектор и кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ потпишаа меморандум за соработка и декларација за еколошко и урбанистичко планирање на град Охрид. Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ го подржа и советник од минатиот состав од советот Перо Петрески Калимеро.
„Наша констатација е дека досега граѓанските организации стигнуваа само до медиумите. Тука завршуваше нашата работа.Од идната локална самоуправа и од градоначалникот очекуваме уште поголема и поинтензивна соработка, поготово во решавањето на горливите еколошки проблеми со кои се соочува Охрид“, рече Киселинов....
Post Views: 2
Сосема логично е владините министри да се во Охрид бидејќи во градов се реализираат неколку капитални проекти. Ова беше потенцирано на денешната трибина која се одржа во хотел Милениум.
Во изминатиов период не се водеше доволно грижа за културното наследство во регионов.
„Сигурна сум дека кандидатот од ВМРО- ДПМНЕ е човекот кој има чувство за културните вредности и ќе води грижа за нив согласно одредбите и препораките на УНЕСКО“.
Ова го потенцира министерот за култура, Елизабета Канческа- Милеска, на денес одржаната трибина насловена: Зошто на Охрид му е потребен...
Post Views: 2
„Нашите приоритети произлегуваат од реалните и елементарни потреби на граѓаните, а не од фикс – идеите на поединци кои се во голем расчекор со времето и економските услови во кои живеат граѓаните на Охрид“ потенцираше кандидатот за градоначалник од СДСМ, Александар Петрески при денешната посета на Пештани. „Позначајно е да се довршат водоводните и канализациони системи, започнатата реконструкција и санација на патната мрежа, одколку да се трошат милионски износи за наколни живеалишта и скапи непотребни реклами“ додаде кандидатот за градоначалник.
„Сигурни сме...
Post Views: 6
Кулминираат меѓупартиските обвинувања. Конфузијата кај граѓаните се зголемува. Денеска, на најавената ексклузивна прес конференција, ОК на ВМРО ДПМНЕ презентираше документација со која, како што рекоа, се докажува непоправливото уништување на ликот на Охрид од сомнителна група на таканаречени инвеститори. Портпаролот на ОК Јованчо Секуловски, пред новинарите покажа купопродажен договор за 2 стана, склучен при крајот на минатата година, помеѓу ТД „Дебој инжинеринг“ а по овластување на ТД „Кула градба“, од една страна и фирмата „Еуро Инвест 2007“, претставувана од управителот...
Post Views: 20
Странците, во овој период споредено со лани, за 30 до 50 проценти во помал број го посетиле градов и оствариле ноќевања.
Намалени се резервациите за еднодневните семинари со користење на услуги на сала и храна. „На меѓународните саеми во Лондон и Берлин се осетија притисоци од големите туроператори, кои бараат намалување на цените на туристичките аранжмани“ вели Дончо Танески, претседател на ХОТАМ и додава „Дека економската криза си го прави своето, покажуваат и резултатите од моменталната ситуација, каде што имаме намален број на туристите кои во март и април доаѓале...
Post Views: 14
Филип Рикер, американскиот амбасадор во Македонија, денес одржа средба со четворицата кандидати за градоначалници на Охрид и Струга. Во Охрид, Рикер ги седна на иста маса охридските противкандидати Кирил Трендафилов-Нанче и Александар Петрески, но и струшките Рамиз Мерко и Фијат Цаноски. Филип Рикер ја потенцираше добро познатата порака, дека за добра репутација на целата земја потребно е да се повторат регуларностите од првиот изборен круг.
„Најважно е секој граѓанин да чувствува дека може да им верува на лидерите на локално и централно ниво“ рече Рикер. Охридските...
Post Views: 3
„Темата на денешната прес-конференција е долгот во кој што, буквално, се дави Општина Охрид, но и начините на негово разрешување“, рече кандидатот за градоначалник на на ВМРО ДПМНЕ.
„Сите знаеме дека Општина Охрид е прездолжена, нејзиното функционирање е отежнато, најголем дел од плаќањата одат преку цесии и компензации, а за жал за нормално функционирање на општината се користат и сметките на „Комуналец“, „Проаква“ . Јас, заедно со голем тим на експерти од економските и правните науки утврдивме предлог програма за решавање на овој проблем“, рече Трендафилов.
„Втората...
Post Views: 6
Едногодишните преговори со локалната самопуправа, вродија плод.Она што ни вети, градоначалникот го исполна, велат од овие невладини организации.
Градоначалникот Александар Петрески,ги пушти во употреба новите простории на центарот Порака и ансамблот Македонка. „Овие локации градоначалникот ни ги додели пред година и пол. Локланата самоуправа максимално се заложи во решевањето на нашиот просторен проблем, на што сме максимално задоволни, затоа што конечно некој се сети и на нас, и нашите нереализирани желби“, рече претседателот на невладината организација Порака.
На...