Post Views: 3
За Велигденските празници граѓаните не се откажуваат од традиционалното јагнешко месо.
Покрај јунешкото, свинското и пилешкото месо на престојните Велигденски празници, на трпезата граѓаните ќе го имаат и традиционалното јагнешко месо. Граѓаните, и покрај високата цена го бараат јагнешкото месо и го купуваат секој според своите финансиски можности.
Во охридските месарници има квалитетна понуда на јагнешко месо кое се продава по цена од 280 до 300 денари по килограм. Цената на јагнешкото месо зависи од поднебјето од каде што се набавува, вели Марија Петкоска, од...
Post Views: 9
„Зад нас е уште еден изборен циклус на локалните избори и нема да ја коментирам одлуката на ДИК до која поднесовме приговори“ истакна Кирил Трендафилов Нанче на денешната прес конфренција.
Со изборот на старо новиот грaдоначлник не очекувам промени и генерално овој избор ќе е на штета на Охрид додаде тој.
Нанче истакна дека не се чувствува како губитник на овие локални избори. Кирил Трендафилов упати благодарност до сите граѓани кои го дале својот глас за него. Тоа за мене е обврска, да работам и понатака заедно со Владата за реализација на ветените проекти...
Post Views: 2
Со оваа спогодба двете земји се обврзаа да ја потикнуваат соработката во реализиација на повеќе проекти во овие две полиња.
Покрај унапредување на соработката во областа на поштенските услуги и телекомуникации ,се раговараше и за проекти од патната инфраструктура.Посебно се осврнаа на доизгрдба на делницата Скопје- Дебар – Тирана истакна .
Двајцата министри за транспорт и врски, Јанакиески-Олдаши се задоволни од досегашната соработка и во јуни најавија отварање на долгоочекуваната бродска линија Охрид – Поградец. За подетален договор колку пати ќе сообраќа оваа...
Post Views: 3
По изведбата на преставите „Пепелашка“ и „ Децата на дедо мраз “, децата од драмското студио при ЦК Григор Прличев , ќе се престават со „Итрините на Итар Пејо“, во драматизација и режија на Ташко Лаброски.
Вистинско задоволство беше 6 месечната работа со децата од студиото кои се интерсираа и сакаа да научат што е можно повеќе за сценските и говорните вежби вели Лаброски.
Децата го сакаат театарот, а тоа го потврдува одличниот прием на двете одржани престави. „Пепелашка“ со 15 изведби ја видоа околу 5000 посетители, а скоро истиот интерес го предизвика и преставата...
Post Views: 1
Неговиот настап има длабок хуманитарен каракактер, а е во организација на две министерства, за култура и за наука и образование вели Драгана Боцеска директор, на Центарот за Култура, Григор Прличев.
„Имаме несекојдневна можност вон туристичката сезона да настапува нашиот, светски познатиот оперски пејач за влезница од само 100 денари вели Боцевска“.
На локално ниво Центарот за Култура, Григор Прличев овој хуманитарен концерт го организира со општинската организација на Црвениот крст. Нивните волонтери се веќе вклучени во продажбата на влезниците истакнува Анета Јованоска,...
Post Views: 2
На состанокот учествуваа претставници од локалната самоуправа, од јавните претпријатија, инспекциските органи, како и претставници на невладините организации.
„Заштита на потрошувачите во доменот на услугите од јавен интерес“ беше тема на трибината што ја организираше Организацијата на потрошувачи на Република Македонија во Охрид.
„Во делот на заштитата на потрошувачките права, најголем проблем граѓаните имаат со услугите од јавен интерес, без разлика дали се работи за приватни провајдери или јавни претпријатија на локално и државно ниво“, вели Татјана Тасевска од...
Post Views: 4
„Годинава, Охрид инфраструктурно ќе го средиме комплетно, за потоа да можеме да работиме понатака“, вели градоначалникот Александар Петрески.
Започнаа комунални зафати, со кои Охрид се подготвува за престојните празници и почетокот на туристичката сезона. Денеска се асфалтираше крак од улицата Димитар Влахов.
„На овој простор имаме и мал проблем со еден граѓанин. Тој дел ќе биде заобиколен, се додека не се реши спорот.“ За целосно убав изглед на централното градско подраче, градоначалникот порача дека и граѓаните треба да допринесат за тоа.
Зафатите кои започнаа денеска...
Post Views: 2
Новиот состав на охридскиот совет ќе се состане на 15 април. Седницата ја свикува екс претседавачот, а потоа со неа ќе раководи најстариот советник, се до избирањето на првиот човек на советот.
Претставници од сите политички партии кои партиципираат во новиот состав на Советот на општина Охрид, денеска се состанаа со екс претседвачот на советот, Владо Чингоски. На неформалната средба, присуствуваа сите носители на советничките листи како и оние кои станаа членови на советот. Присутните се договорија на 15 април, среда, во 12 часот да биде конститутивната седница на...
Post Views: 6
Граѓаните од ромска националност денес го прославуваат 8- ми април – Светскиот ден на Ромите.
„Она што се уште не се променало е односот на околината кон нас“, велат членовите на ромското семејство Шемо.
„И ден денес има поединци кои го оспоруваат нашиот идентитет. Тоа е навистина апсурд со оглед на фактот дека живееме во едно ново време- во 21 век“, вели најстариот член на ромската фамилија Шемо.
Тој се надева дека разликите наскоро ќе исчезнат.
„Среќен сум што за разлика од минатото, сега ромите го продолжуваат своето средно образование и стануваат академски граѓани....
Post Views: 4
„Она што во моментов го прави Трендафилов е само доказ дека се подготвува терен за веќе видено сценарио“, рече кандидатот на СДСМ Александар Петрески, на денешната прес – конференција.
Тој додаде дека не постои ниту една единствена издржана причина за било какво прегласување, освен силната лична амбиција на Трендафилов по секоја цена, да стане градоначалник.
„На сите им е јасно како ден, кој победи на изборите за градоначалник во Охрид. Тоа им е јасно на граѓаните од Охрид, на цела Македонија, на сите претставници од меѓународната заедница. Тоа им е јасно дури...
Post Views: 4
Екологистите од Охрид бараат конечно да се реши проблемот со рибокрадците во Охридското езеро. Тие порачаа и дека треба да се формира едно мешовито претпријатие меѓу Македонија и Албанија, со цел да се стави целосна контрола на езерото.
„Од денеска започнуваме да работиме пожестоко, со цел да се решат еклошките проблеми кои ги потенциравме во изборната кампања. Денеска се навршуваат 9 години од почнувањето на нашите заложби за состојбата со рибниот фонд во Охридското езеро и 6 години откако беше одземена концесијата на АД „Охридска пастрмка“, кое стопанисуваше со езерото“ ...
Post Views: 5
Претседателот на ОИК денес со негирање на обвинувањата за нелегални дејствија. „Не се точни тврдењата дека самоволно сме вршеле исправки во записниците од избирачките одбори“, тврдат членовите на Општинската изборна комисија.
„Не би сакале јавноста да стекне погрешен впечаток дека ОИК работела спротивно на законот“, рече претседателот на ОИК, Марика Анѓелеска.
Од друга страна, членот на ОИК Ѓорѓи Бошалески со свој став: „Дали тоа е точно, должна е да одлучува Државната изборна комисија, а не општинската“.
Со демонстративното напуштање на прес-конференцијата Ѓорѓи...