Борис Трајанов со хуманитарен концерт во Охрид

Македонскиот баритон, со светско реноме,  Борис Трајанов во  Охрид ќе пее наполитански арии.

 |  Валентина Нелоска  | 
plakat
плакат

Неговиот настап има длабок  хуманитарен каракактер, а е во организација на две министерства, за култура и за наука и образование вели Драгана Боцеска директор, на Центарот за Култура, Григор Прличев.

„Имаме несекојдневна можност вон туристичката сезона да настапува нашиот, светски познатиот оперски  пејач за влезница од само 100 денари вели Боцевска“.

Јованоска и БоцевскаНа локално ниво Центарот за Култура, Григор Прличев овој хуманитарен концерт го организира со општинската организација на Црвениот крст. Нивните волонтери се веќе вклучени во продажбата на влезниците истакнува Анета Јованоска, волонетер на ОО на ЦК. Таа вели се надеваме дека салата ќе биде претесна за посетителите , кои ќе дојдат да го слушнат прекрасниот глас на Трајанов и дека охриѓани ќе можат да ја покажат својата хуманост и духовно да се збогатат“.  Средствата од концертот ќе бидат наменети за лекување на 8 годишниот Јован Колоски, а дел за набавка на музички нагледни средства за потребите на посебната паралелка во ОУ Св Климент Охридски.

Концертот на баритонот, Борис Трајанов ќе се одржи на 12 април, во  19 часот во ЦК Григор Прлиечев, а ќе биде придружуван од мандолинскиот оркестар  под раководство на  Рамадан Шукри.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top