Post Views: 0
Македонија да има што повеќе Зелени општини. Од ДОМ предлагаат политичките чинители и надлежните институции да усвојат Декларација за зелена Македонија.
Зелените општини значат подобро утре за македонските граѓани, значат европска Македонија, стои во предлог Декларацијата што ја предложи ДОМ.
Партијата за Демократска обнова на Македонија – ДОМ, предлага политичките чинители и надлежните институции да усвојат Декларација за зелени општини во Македонија. Со овој документ тие би се обврзале на конкретни мерки за заштита на животната средина, што е една од главните...
Post Views: 2
Денеска во светот и Македонија се одбележува денот на планетата земја.
„На листата, еколошки најчисти земји на светско ниво,Македонија е рангирана на 74 место, а во европски рамки е на самото дно.Од нас како поединци зависи нашето опкружување.Секоја мала еколошка постапка помножена со голем број луѓе дава добробит за целата наша планета“, вели Ѓоко Зороски.
Секретарот на билатералниот секретаријат на охридското езеро, Дејан Паноски, вели дека во периодот на политички драми кои се случуваат во светот и во периодот на економските глобални кризи сеуште пред нас стои надвисната...
Post Views: 11
Протести во Лескоец поради изградба на базна станица за мобилна телефонија на кров на приватна куќа.
Граѓаните по трет пат покажуваат единство и велат дека ќе направат се антената да не се постави. Од Локалната самоуправа појаснуваат – документацијата за градба ја издало Министрството за транспорт и врски.
Жителите на Лескоец денеска протестираа. Тие неколку часови го стопираа сообраќајот на улицата „Тоде Лупески“, искажувајќи го со тоа револтот поради поставувањето на антена од мобилен оператор на кровот од куќата на еден нивни сограѓанин. Лесковчани, по однос...
Post Views: 1
Членови на Здружението на граѓани „Христо Узунов“ одржаа мирен протест против решението на Уставниот суд за укинување на одлуката за воведување веронаука во македонското основно образование.
Сметаат дека ваквата одлука на Уставниот суд, донесена минатата недела, е погрешна. „Подобро нашите деца да учат за верата, одколку да тргнат по лоши патиштаё“ вели Никола Шишкоски, претседателот на ова граѓанско здружение.
Веронауката беше воведена во македонското основно образование во септември минатата година, а истиот месец Либерално-демократската партија ја обжали пред Уставниот...
Post Views: 2
Жените се повеќе се вклучуваат во политиката. Тие секаат активно да учествуваат во донесувањето на одлуки кои ќе бидат во интерес на сите.
ТВМ разговараше со советничка од НСДП во новиот градски совет ,Верица Хајба.
1. Дали сте почувствувале дека жените се дискриминирани кога станува збор за политиката?
На еден извесен начин сум почувствувала дека се дискриминирани. Тука малку вината лежи и во жените, затоа што не наоѓаат сила, храброст да бидат упорни, истрајни понаметливи за да се изборат за своето место во политиката.
2. Еве вие активно влегувате во политиката,...
Post Views: 0
„Раководниот кадар и администрaцијата треба постојано да се докажуваат во работата“, – вели градоначалникот Петрески.
Граѓаните се поделени во рамислувањата како во минатиот четири годишен период функционираа инспекциските комунални служби и останата општинска администрација. Некои се задоволи, а некои не. На тоа градоначалникот Александар
Петрески истакнува дека иако тимот кој победува не се менува ничие работно место не е загарантирано, од сите во престојниот период ќе бара поголема одговорност во работата.
Првиот човек на градот појаснува дека раководниот...
Post Views: 58
Туристичките работници незадоволни коментираат- „за жал најчесто тоа се луѓе кои не ги поседуваат потребните знаења“.
Од Министерството за економија објаснуваат- „ова не е нова категорија, ново е што повеќе нема да се толерираат оние кои ќе работаат спротивно на законот“.
Ќе се казнуваат Туристичките агенции чии групи ќе патуваат во странство без овластен придружник. Станува збор за лице- задолжено да ја прати групата до крајната дестинација, но не и да ја води до туристичките знаменитости на земјата. Поточно, да ги познава најзначајните туристички региони во светот...
Post Views: 5
Тој за ТВ М истакна дека посебно внимание во својата работа ќе посветува на состојбата со националниот парк.
Од неодамна во рамките на Државниот Инспекторат за животна средина при министерството за животна средина и просторно планирање за Охрид е назначен Државен инспектор за природа. Согласно законот овластувањата на Инспекторот се насочени кон забрана за собирање на заштитени растителни видови, забрана на отстрел на заштитени животни, забрана на промет со природно богатство, воедно и ја информира јавноста за состојбата со зачуваност на природата конкретно во Охридскиот...
Post Views: 4
Вината од таму ја насочуваат кон општината затоа што досега не го подржувале проектот на Владата.
Ваквите обвинувања ги негира градоначалникот Александар Петрески. „ Во досегашните разговори со одговорните лица од ресорното министерство се посочуваа локации кои воопшто не доаѓаат во предвид да се прифатат категорично потенцира Петрески. Се посочуваа детската градинка и угостителското училиште додава тој.
Не држи идејата во образовни институции да се дели храна, или во центарот на градот каде што во близина се наоѓаат хотелите“ вели тој. Градоначалникот вели ја...
Post Views: 1
Таа денес заедно со 20 – тина нејзини пријатели, сместени на ова одделение се помолија и запалија свеќа и се помолија за здравје во Св. Климентовата црква на Плаошник.
На нивните лица се чувствуваше среќа. Активистите од Црвениот крст им овозможија да ја почуствуваат пред Велигденската атмосфера. Овој излет на Плаошник за старите лица, штитеници на геријатриското одделение им го овозможија 10 –тина волонтери на Црвениот крст. Прошетката е во рамките на програмата на социјално – хуманитарните активности вели СашоТочков претседател на Црвен Крст Охрид...
Post Views: 2
Денешниот најавен штрајк се реализираше. ТВМ исконтактира со претседателот на Струковиот синдикат на Контролата на летање Александар Тасевски, кој ни потврди дека денес штрајкуваат, но не како што беше првично најавено 6 часа, туку 2.
Како што реча Тасевски, одлуката ја преиначиле само за денешниот штрајк, за да излезат во пресрет на молбата на Здружението на туристички агенции на Македонија, да се овозможи реализација на понудените туристички аранжмани, и додаде:
„Доколку владата не покажа разбирање по однос на нашите барања за проблемот кој што настана, тогаш ние...
Post Views: 3
Трите паралеки со околу 15 -тина деца со посебни потреби од основното училиште Св „Климент Охридски“ добија ксилофони, блок-флејти, ударалки. Децата ја сакаат убавата музика, а посебно позитивната која ги развеселува вели педагогот од ова училиште Лидија Размоска.
Координаторот за млади од Црвениот крст-Охрид, упати благодарност до сите кои го посетија концертот, и со купената влезница ја нахранија душата со хуманост и убава музика испоплнета од баритонот, Борис Трајанов и мандолинскиот оркестар на Рамадан Шукри. Анета Јованоска Црвен крст Охрид истакна дека...