Post Views: 5
Огромен е интересот за купување билети за свеченото отварање на 49-то издание на фестивалот Охридско лето и настапот на маестро Енио Мориконе.
Влезниците се продаваат по цена од 30, 40 и 50 евра, а веќе се резервирани и 50 посто од местата на античкиот театар вели директорот на Фестивалот Охридско лето, Тони Симоноски. Резервации за влезници има и од соседните држави.Светски познатиот композитор и диригент Енио Мориконе кој во Охрид доаѓа со неговата филхармонија, ќе изведува композиции во траење од 1 час и 15 минути.
Проектот на настапот е насловен како „Беше еднаш...
Post Views: 1
Никој неможе да им стави крај на сопствениците на кафулиња кои распространувајки ја својата урбана опрема зафаќаат се поголем простор од сообраќајницата.
Од секторот за урбанизам велат, дозвола за маси и столови имаат само за метар и половина.
Жардињери, маси, столови. Улицата Цар Самоил запоседната од двете страни. Сопствениците на кафулињата во овој дел на Охрид, како да се натпреваруваат кој ќе извади повеќе и што помасивна урбана опрема, зафаќајќи го просторот од сообраќајницата. Раководителот на секторот за урбанизам решениото на овој проблем го гледа во новиот...
Post Views: 1
Од улиците како што се Самоилова, Коста Абраш и 8-ми Септември, кои пред 4 години добија улична канализација, се шири неподнослива реа реагираат граѓани.
Од МЈП Проаква потврдуваат дека постои ваков проблем и ја објаснуваат причината на што се должи оваа појава. Ќато Хусеин од МЈП Проаква појаснуваДека при намален воздушен притисок има поголеми испарувања од кои шахтите мирисаат.Капацит се утврдени сериски како што постојат на светските пазари и не се правени посебно за Охрид.
Стручните лица од Проаква ги отфрлаат можностите дека воопшто има место за сомнеж во...
Post Views: 3
Вевчанецот Боже Јанкоски, кој бил печалбар во Словенија, заедно со неговото семејство се пример како со чесно и домаќинско работење може успешно да се работи и дома.
Тие започнале свој бизнис во областа на пекарството најпрво во Вевчани, па Струга за сега да се прошират со млечен ресторан и во Охрид.Леб со кромид, компири и маслинки, голем број на печива се производи со врвен квалитет. Оние кои ги вкусиле производите на „Алмико“ топло ги препорачуваат на Охриѓани.
Производите се работени со врвна технологија и по Хасап системот во прехранбената индустрија. Производството...
Post Views: 4
Синоќа во патничко моторно возило пронајдени се седум пакувања опојна дрога Марихуана. При акцијата од слобода е лишено едно лице, додека две се сеуште во бегство.
Против лицето Г.Р. роден 1983 година од Дебар, Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава,поради основано сомнение дека сторил кривично дело ,,Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Во возилото пронајдени се седум пакувања опојна дрога Марихуана во вкупна вредност од околу 4.7 килограми. Се работи за чиста и високо-квалитетна дрога...
Post Views: 1
Гитаристот, Дамјан Пејчиноски на 11 јуни во Лондон, Велика Британија ќе настапува на Интернационалниот музучки фестивал „Гитар Идол 2009“. Од пријавените над 1000 гитаристи , тој е избран заедно со уште 11 музичари од целиот свет за настап на Лондонскиот интернационален музички фестивал.
Патувањето и престојот во Лондон се на негов трошок иако ја преставува Македонија и Охрид. Тој се обратил до Министреството за култура за финансика подршка, но добил одговор дека нема средстава за ваква намена. Од локалната самоуправа пак сеуште чека одговор.
Пејчиноски ќе изведува...
Post Views: 1
Со филм на познатиот режисер Коста Гаврас, на 28 јуни, ќе се отвори годинешното, второ по ред издание на Фестивалот за француски филм во Охрид. Станува збор за последното дело на Гаврас, филмот „ Западно од рајот“ .
Во текот на петте дена, колку што ќе трае фестивалот, љубителите на филмската уметност ќе имаат можност да проследат селекција на над 12 проекции од најновата француска продукција. Меѓу нив се и филмовите: Серафин на Прувост, лауреатот на наградата ЦЕзар во 2009, Последниот ден од остатокот на твојот живот на Безансон. Постои можност охридската публика да...
Post Views: 1
Советникот Борис Стефаноски, од Вмро Дпмне иако најави дека нивната советничка група ќе свика седница доколку тоа не го направи претседавачот до крајот на неделава, не кажа конкретен термин.
Стефаноски, кажа дека денес бил закажан состанок од страна на советникот на грдаоначалникот на кој ќе се формираа Комисиите, а очекувал да се утврди и датум за седницата. Но, тој непријатно се изненадил затоа што состанокот не се одржал. Стефаноски смета дека на овој начин намерно се одолговлекува датумот за одржување на седницата.
Од друга страна, советникот на градоначалникот...
Post Views: 0
Европската унија треба да собере храброст и ги прими земјите од регионот во свое друштво.Со тоа ќе се намалат и нивните, но и нашите проблеми.
Визната либерализација на земјите од регионот и понатаму им задава главоболка на земјите од регионов. Што поскорото влегување во друштвото на Европската унија беше тема на неофицијалните разговори на претставниците на Македонија, Црна Гора, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина и Србија. Официјално пак, тие се сретнаа да разговараат за миграцијата, бегалците и азилот во рамки на еднодневниот регионален форум на МАРРИ иницијативата...
Post Views: 1
Станоиздавачите на средба со надлежните ги повторија старите проблеми, на кои добро платежните туристи им се жалат и бегаат од Охрид.
Голем број од нив ги наведоа добро познатите проблеми како што се бучавоста од кафулињата, немањето јавни тоалети, паркинг просторот, недоволната хигиена, дивите станоиздавчи.
Јасминка Фргачиќ од Вила „Нина“ истакна дека ако Охрид сака да развива елитен туризам проблемите мора да ги реши. Бучавоста е добро познат проблем кој со години се провлекува и никако да се реши, а гостите од бучавоста веднаш си заминуваат. Сега надлежните ветуваат...
Post Views: 4
За овој проблем, редакцијата на ТВМ во неколку наврати известуваше за безмилосната узурпација на зелениот појас. Но, со амин на советниците од минатиот состав, кои го изменија деталниот урбанистички план за крајбрежјето, се дозволи градба на паркинг простори на потегот од хотелот Ројал до хотелот Стил Гарден.
Бидејќи касата на локалната самоуправа немала пари за оваа намена тоа право им беше отстапено на хотелиерите сами да инвестираат во градењето на паркинг просторите пред нивните објекти.Објективот на нашата камера денес не регистрира ништо ново. Пред сите...
Post Views: 1
Родителите на трето одделенците загрижени за безбедноста на своите деца, по веста дека се организира излет во училиштата со брод до Св. Наум.
Излетот засега го има реализрано само ОУ „Григор Прличев“. Раководителите на останатите училишта се уште не се одлучиле како ќе ја изведат ескуризјата.
Родителите се плашат за безбедноста на децата кои треба да патуваат повеќе од еден час на брод.Повеќе училишта сеуште не ја имаат реализирано пролетната ескурзија и чекаат согласност од родителите. Директорот на ОУ Христо Узунов, Оливија Јанева Пирузева вели дека сеуште не одлучиле...