Post Views: 2
10-тиот Конгрес на СДСМ што се одржа вчера во Центарот за култура Охрид, влегува во историјата на оваа политичка партија, заради длабоката кадровска промена на партиските органи и раководните функции.
Во рок од еден час беа познати членовите на Централниот и Надзорниот одбор во чии што состав влегоа нови членови кои досега не биле ниту кандидати ниту членови на Централниот Одбор на СДСМ. Портпаролот на СДСМ Емилијан Станковиќ изјави дека 10 тиот конгрес е потврда пред граѓаните на Р Македонија, за ветениот кадровско политички потенцијал, во кој доминираат кадри со Високо...
Post Views: 21
Тој со своите 83 години се бори да го одржи во живот занаетот кој исчезнува. Чичко Милан 60 години го работи овој занает, и вели цел живот сум работел како опинчар и ништо друго. Белески во далечната 1939 година заминува во Заечар, кај мајсторот Александар Костиќ, преку организацијата Привредник и 4 години го изучува опинчарскиот занет. Со носталгија во очите се сеќава на минатите времиња, кога имало работа па се правеле опинци од гума, подоцна од кожа , па амути и уздии за коњи, а сега работите се многу изменети вели мајстор Белески.
Златни времиња беа годините...
Post Views: 0
ОО на Црвениот крст денеска претстави дел од тимот спасувачи од единицата за безбедност на вода, кој стои на располагање и за оваа туристичка сезона Тимот е екипиран и со луѓе и со медицинска опрема.
Секоја година расте бројот на заинтереираните кандидати за спасители. Од неколку во 2004 год, сега тимот брои преку 130 членови. Спасителите од единицата за безбедност на вода се обучени според меѓународни стандарди и критериуми, вели претседателот на ОО на Црвениот крст.
Според законските норми 660 метри квадратни обележана водена површина треба да има 1 спасител, до 1500...
Post Views: 3
Продолжуваат хуманите активности на Лајонс клубот “Охрид“. Генерално, основната мисија на лајонс клубовите е помагање на загрозени категории на граѓани, како и на сите оние на кои помошта им е неопходна. Тоа се покажа и синоќа, на свечениот бал со кој беше одблежана двегодишнината од постоењето на Лајонс клубот “Охрид“. Паричните средства, собрани на оваа свеченост, ќе бидат искористени за опремување на Клубот на слепи лица во Охрид.
Најзначаен дел на вечерта беше промоцијата на десетте најдобри ученици од проектот „Топ 10“. Станува збор за проект со кој беа опфатени...
Post Views: 2
Владата и понатаму не се изјаснува во врска со барањето на Хотелско- туристичката асоцијација за намалување на Данокот на додадена вредност од 18 на 5%.
Официјален одговор нема. Неофицијално пак- годинава тоа нема да се случи затоа што во државниот буџет нема пари за таа намена.
Тоа значи дека, пропаѓа во вода надежта на хотелиерите, оваа сезона да формираат цени со кои ќе може рамноправно да им конкурираат на оние во регионот.
Во тренд се ефтините аранжмани кои придонесуваат и за поголем број гости, потенцираат експертите по туризам. За да можеме и ние да ги понудиме...
Post Views: 6
Оваа бројка можеби ќе е нешто повисока во шпицот на сезоната, тврдат туристичките работници.Овој продолжен викенд во градов најзастапени се домашните гости и туристите од соседна Србија кои по традиција се на Охридската ревиера. Но има и такви кои се првпат овде.
Има и такви гости кои после 20 години повторно се во Охрид. Тоа се наши иселеници во Австралија. За овој брачен пар, моментите кои ги минуваат во Охрид се посебни во животот.
Хотелските капацитети во градов се во целост подготвени да ги примат првите гости. Во моментов тие се исполнети 80%, што ги задоволува...
Post Views: 1
Од почетокот на годинава со Владина одлука се забрануваат енергетските пијалоци да се конзумираат од страна на малолетниците.
Ѓорѓи Бошалески раководител на пазaрната инспекција вели дека во продавниците не е дозволено да се продаваат овие пијалоци во продавниците на лица под 18 години.
Колку се штетни овие безалкохолни пијалоци побаравме одговор од нутриционистот и дијетичарот, при факултетот за туризам и угостителство, доцент д-р Ангела Василеска. Д-р Василеска објаснува дека енергетските пијалоци во својот состав содржат кофеин, таурин, гуарана и гликоза кои имаат...
Post Views: 13
Од триесет контролирани моторни и патнички возила, три патнички возила се исклучени од сообраќај заради недозволено испуштање на штетни издувни гасови.
На неколку пункта во градот се вршеше контрола на патнички и товарни моторни возила по повод Денот на екологијата 5 јуни. Стефан Димоски, портапарол на СВР Охрид, потенцираше дека акцијата има за цел да се подигне еколошката и безбедносната култура кај учесниците во сообраќајот.
Во акцијата при контрола на системот за испуштање на согорени гасови, покрај полицијата се вклучија и авто мото „Васил Стефоски“ и Здружението...
Post Views: 20
По повод Меѓународниот ден на екологијата, 5 јуни, Женскиот центар „ Бисера“ го избра најубаво уредениот двор во Охрид. Одлучи тоа да биде приватниот парк на семејството Деребанови, кој се наоѓа во стариот дел од градот, во непосредна близина на ресторанот Св. Софија.
„ Дворот е огледало на домот и домаќинката“ , вели Билјана Деребанова, на која денес и беше врачена пофалницата за најубав двор. Потенцира дека нејзина голема љубов се цвеќата и поради тоа, своето слободно време најчесто го минува грижејќи се за различните растенија кои се засадени во нејзиниот двор.
„...
Post Views: 5
Противпожарната единица стигнала навреме, но во цистерната немало вода, тврдат сопствениците на времениот објект. Тие велат дека пожарот е подметнат.
Огнените јазици во целост го проголтаа шанкот, од кој остана само неговиот скелет. Првичната проценка е дека материјалната штета изнесува околу 50 ооо евра. Еден од сопствениците на шанкот Зафир Петроски, вели дека Охридската Против Пожарната единица, стигнала многу брзо по пријавувањето на настанот, но не интревенирала навреме.
Пожарникарот Блажески Љубен, кој синоќа бил дел од дежурната екипа која интервенирала при пожарот,...
Post Views: 8
Советот на град Охрид конечно се состана. Претседавач, нити се предложи, нити се избра. Долгоочекуваната седница ќе се запамети по паузите, а не по сработеното.
По конститутивната седница одржана на 15 април, на советниците им требаа скоро два месеци за повторно да се седнат во советничките клупи. Од Денешниот работен ден Советниците, повеќе време поминаа во фоајето, отколку на своите работни места. На дневен ред имаше само една точка Избор на претседавач на советот, и истата се одложи. Немаше предлози за претседавач, и покрај тоа што и ВМРО И СДСМ до вчера најавуваа...
Post Views: 26
Утревечер, преставата „Црна Птица“ ќе се прикажува на сцената на Ценатрот за култура Григор Прличев, од скопскиот Буден Театар.
Текстот е напишан од современиот британски автор Давид Харовер. На светските театарски сцени преставата прави бум вели Ленак. Беше тешко да се добијат авторските права , но ги добивме затоа што мислевме дека вреди да се занимаваме со овој тип драматургија вели Ленак.
Текстот е љубовен со современо напишани дијалози, живи и конкретни ликови од реалноста. Преставата беше предизвик за сите нас додава Ленак.Во театарската престава ликот на...