ezero

Руралниот туризам во слаб подем

Post Views: 2 Охридското подрачје покрај езерскиот туризам има голем капацитет за развој на еко или селски туризам. Природни убавини има на претек во селата како што се Лакочереј, Скребатно, Елшани, Велестово од цркви па се до излетнички места. Во околината постои и ликовна Галерија сместена во селото Белчишта, а која досега не им е презентирана на туристите иако поседува околу 500 уметнички дела од домашни и странски уметници.Секторот за туристички и локален економски развој организира  разни манифестации како Ѓомлезијадата или  Лето 2009 со кои  нуди и развој на руралниот туризам.Но,...

Continue reading

semafor

Од први јули летен режим на сообраќај

Post Views: 1 Советниците денеска ја изгласаа оваа одлука, но со забелешка дека на Охрид му недостасува сообраќајна студија за режим на сообраќај за преку цела година. Советниците ја изгласаа Предлог Одлуката  за изменување на одлуката за организирање на режимот на сообраќај во општина Охрид. Градските избраници денес презентираа идеи за подобро организиран сообраќај во Охрид, но сепак на крај дадоа зелено светло за летниот режим на сообраќај, идентичен на оној од мината година. Советничката од НСДП, Верица Хајба, не се согласува со моменталниот статус на сообраќајниот режим иако...

Continue reading

logo

Како се трошат буџетските пари

Post Views: 1 Изгласана Предлог  одлука  за усвојување на Извештајот за  остварување   на буџетот за периодот од 01.01.-31.03. 2009 год. Советниците од ВМРО ДПМНЕ со низа забелешки за потрошените пари. Советниците од ВМРО ДПМНЕ со низа забелешки за потошените пари.„Џабе ќе бидат жалопојките некој не блокирал, со ваков буџет ќе си се блокираме сами“, рече советникот Дејан Паноски. „Прв пат го гледаме извештајот за потрошените средства од буџетот за општина Охрид. Ваков слаб извештај, немам видено, вели советникот Дејан Паноски. Но и покрај забелешките изнесени од страна на  советниците...

Continue reading

logo

Кој ја сака Проаква?

Post Views: 14 Од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница обвинуваа дека во Проаква недомаќински се работи, a првиот човек на Проаква, Бранислав Трпчевски, рече дека во претпријатието не тече мед и млеко, но се работи регуларно што е покажано и бред бројните ревизии. По однос на усвојувањето на тромесечните финансиски извештаи за работењето на Проаква, на денешната седница на советот на општина Охрид, настана голема дискусија со сериозни обвинувања. Тука генерално политиката по се изгледа има добро вмешано прсти. Советничката на ВМРО-ДПМНЕ Јованка Дамоска посочи низа забелешки во врска со...

Continue reading

znaminja

Прва работна седница на советот на општината

Post Views: 2 Денеска советот на општина Охрид ја одржа третата седница, на која се расправаше по обемен дневен ред од 25 предлог одлуки. На седницата се отворија жестоки расправии за именување членови на надзорните и управните одбори на Јавните претпријатија, каде доминираа политичките препукувања. Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Борис Стефановски, како крајно неприфатливи ги оцена моменталните случувања со назначувањето на членовите на надзорните и управните одбори во ЈП. Тој истакна дека со вклучување на членови од победничката листа, би се подобрила состојбата во советот...

Continue reading

dup

Се работи во секторот за урбанизам

Post Views: 3 Изгласана и предлог одлуката за усвојување на извештајот за рализација на програмата за изработка на урбанистички планови. Очекувано, за оваа точка советниците од ВМРО ДПМНЕ со одредени забелешки. Градските избраници ја прифатија Предлог одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови на општина Охрид за првиот квартал од 2009 год. На денешната седница советниците од ВМРО ДПМНЕ со низа забелешки и за оваа точка. „На состанокот кој го одржавме, сите образложенија беа прифатени  од комисијата и донесовме заклучок дека...

Continue reading

logo

Разиграни ора во Охрид

Post Views: 7 Свое присуство потврдиле фолклорни групи од Европа и светот со повеќе од илјада членови. Ова представува голем придонес во развојот на туризмот во Охрид. „Разиграно оро“  маѓународен фестивал за фолклор по трет пат започнува на 25ти јуни и ќе трае до 29ти јуни. Свое присуство потврдиле фолклорни групи од целиот свет со повеќе од илјада членови. Охриѓани и посетителите во градот можат многу да очекуваат од понудата на фестивалот вели Павловски. Ансамблот за народни песни и ора „Македонка“ од Охрид во соработка со локалната самоуправа по трет пат годинава овозможуваат...

Continue reading

eksponat

Белчишта – Македонската Бретања

Post Views: 2 Интернационалната уметничка колонија „ Дебрца“ го одбележува 25 годишниот јубилеј од нејзиното постоење. Колонијата  сместена во прекрасен објект и местоположба  во селото Белчишта е вистински творечки рај за уметниците од дома и странство вели еден од  учесниците , академски сликар Мето  Ѓорѓиески од Скопје. Ликовниот уметник и педагог Ацо Таневски учествува по втор пат на интернационалната ликовна колонија„ Дебрца“.Тој по 8 години  повторно се враќа на уметничката колонија и  не го крие одушевувањето од  од новите услови за творење. Првиот човек на колонијата и нејзиниот...

Continue reading

tabla

Проблемите на Дебрца

Post Views: 32 Нема органзиран откуп на земјоделските производи во општина Дебрца се жалат жителите. На само 25 километри од Охрид е селото  Белчишта  едно од 30-те населени места во општината Дебрца. Во него живеат околу 350 жители кои претежно се занимаваат со земјоделство и помалку со сточарство. Белчиштани порано имале сигурен, организиран откуп на производите од селската задруга, а сега се препуштени сами на себе. Немаат пласман на производите, а градот им е далеку за да го продаваат она малку што ќе го произведат објаснуваат жителите. Земјоделците кои произведуваат компир, пченка,...

Continue reading

fasadi

Најнов тренд во градов се фасадите шеќерли тонови

Post Views: 9 Зелени, црвени, портокалови, жолти фасади на згради и куќи  е  најновиот тренд во градежништвото. Граѓаните реагираат  на ваквите неспецифични бои  за Охрид. Некои се смирени, a  други пак дречливи. Стручните лица сепак овој тренд на бои го објаснуваат  со фактот дека секое време си носи свој белег. Дипломираниот инжинер архитект, Цветанка Тодорова Лекоска од „Лего инжинеринг“ кажува дека  во 70 –те години објектите се карактеризирале со чист натур бетон, како што се Охридскиот Архив, Пензионерскиот дом, а сега се јавува нов тренд на фасадите кој се карактеризира со...

Continue reading

столб

Поставени инфо столбови

Post Views: 3 Агенцијата за промоција и подршка на туризмот започнува со поставување на туристички инфо столбови на граничните премини и двата аеродроми. Истите ќе содржат промотивни материјали со помош на кои туристите при влез во земјава ќе можат да се запознаат со туристичките потенцијали.Агенцијата ги повикува туристичките субјекти да го достават својот промотивен материјал како истиот би се дистрибуирал до граничнита премини. Поставувањето на материјалот ќе биде без никаква надокнада што представува уште еден чекор во подршка на бизнис секторот во туризмот. „Поставени се пунктови...

Continue reading

kapetan

Охридските плажи се безбедни

Post Views: 2 Закупците на плажите веќе потпишале договори со црвениот крст за ангажирање на спасители, кои годинава ќе ги има во доволен број на капалиштата. „Охридските капалишта се безбедни. Тие ги исполнуваат условите за сигурност за капачите согласно,законските правила и прописи“, вели капетанот од Охридската капетанија. Црвениот крст неодамна го претстави тимот спасувачи кој годинава будно ќе ги надгледува Охридските плажи.Тимот е екипиран и со луѓе и со медицинска опрема. Секоја година расте бројот на заинтереираните кандидати за спасители. Од неколку во 2004 год, сега тимот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top