Post Views: 1
СВР Охрид, ќе ги информира граѓаните како да се заштитат од кражби.
Овој проект има превентивен и едукативен карактер,за граѓаните, вели портпаролот на СВР Охрид. Статистиката покажува дека најголемиот број кривични дела кражба се резултат на навниманието на граѓаните.
Спречете дрска кражба, внимавајте на својот паричник, заштитете го вашиот автомобил,се само дел од предупредувањата кои СВР Охрид ги упатува кон граѓаните и туристите.
„Досегашните анализи на секторот за внатрешни работи укажуваат дека граѓаните мора да бидат повнимателни со чувањето на своите добра“,...
Post Views: 1
Официјалните податоци од светската туристичка организација за земјите од Европа,поразителни. Бројот на туристи драстично мал и во Охрид.
Светската економска криза го зеде својот данок во туризмот.Официјалните податоци од светската туристичка организација, за првите четири месеци од меѓународните туристички движења се поразителни. Само за Европа истите бележат пад од 10%. Катастрофално е намален бројот на туристи и кај нас, вели Дончо Таневски претс. на здружението на хотелиери.
Во изминативе години, најголем број од туристите на Охридското крајбрежје, беа гости од нашите...
Post Views: 0
При првиот бран на гости во Охрид, жителите од стариот дел на градов останаа без вода.
Досега ќе се средеше проблемот со водоснабдувањето во овој дел на Охрид, ако Заводот за заштита на спомениците на културата не ги закочеше градежните зафати, вели првиот човек на Проаква.
Жителите од Стариот дел на Охрид веќе почуствуваа проблем во водоснабдувањето. Првиот бран на гости, и зголемениот протек на вода во повисоките делови од стариот дел, ги секна чешмите во Месокастро. Овој проблем одамна требаше да биде решен, велат од Проаква.
Уште на почетокот од месец мај, Ј.П...
Post Views: 0
Како причина за намалувањето, почесниот Претседател на Здружението на Авто школите на Македонија, Цане Горѓиески ги наведува слабостите во Законот за безбедност на патишата. Две години по неговата примена финансиски губат сите, од граѓаните, авто школите до испитните центри вели Горѓиески.
Родителите на своите деца најчесто им го уплатуваат износот за обука на возачкиот испит и реагираат на висината на цената која засега изнесува некаде околу 400 евра. Со просечни примања од 10.000 денари родителите не можат да платат обука за возење кој а чини околу 27.000 денари....
Post Views: 1
Имер Селмани рече дека мора да се бараат виновници. Граѓаните со поделени ставови околу најновите политички случувања.
Дали на повидок е пад на владата? Само за два дена разрешени три министри и двајца државни секретари. Македонската јавност очекува објаснување од државниот врв за ваквиот потег.
Претседателот на Нова Демократија Имер Селмани вчера од Охрид даде свој коментар околу реконструкцијата на Владата. Тој рече дека оваа кадровска промена нема да ги реши проблемите. Според него треба редизајнирање, правилен пристап кон реалните проблеми и нудење на решенија...
Post Views: 17
Приказната за Филомена, од неодамна ставена на хартија. Ме измачуваше судбината на мајка ми се додека не ја запишав, вели нејзината керка Тодорка.
Охридските стории за Билјана, Фросина, Деспина, не се единствени. Стружани ја раскажуваат приказната на Филомена заробена во чувствата на првата љубов, и нејзината сурова вистина. Тодорка Митреска целиот свој живот на товар ја носи нејзината мајка и сите слики поврзани со животот поминат по желба на нејзиниот татко.
Да се живее без љубов е казна, се сеќава Митреска на солзите на нејзината мајка. Често ја слушав како ми...
Post Views: 4
Заливот на коските, по осум месеци од отварањето, станува туристичка атракција, со исклучителниот археолошки комплекс, единствен во овој дел од Европа.
Од ден на ден е се попривлечен музејски простор за голем број туристи, и домашни и странски.Овој Музеј на вода, само пред стартот на туристичката сезона го посетиле 12 илјади посетители, и е навистина добра бројка вели задоволно директорот на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска. Музејскиот комплекс е нов и атрактивен, иако, посетеноста не е ништо помала и во другите музејски простори како што е Самоиловата...
Post Views: 0
Сите погледи кон небото. Денот на отворање на фестивалот „Охрдиско лето е тука но, дали грандиозниот настап на Мориконе ќе пропадне во вода?
Дали постои друга опција, освен античкиот театар како место за почеток овој гламурозен настан? Спортската сала Билјанини извори која изминативе години беше каква таква опција, годинава неможе просторно да му излези во пресрет на организаторот на фестивалот. Останува да видиме кои опции се во игра, ако воопшто ги има и дали Спортската сала се враќа повторно во игра како опција?
{loadposition content9}
Post Views: 9
Реакција на група граѓани од месноста Даљан. Стојан Стојаноски, во име на поголема група граѓани, жители крај Грашница, реагира на вчерашната изјава на директорот на Ј.П „Проаква“, Бранислав Трпчевски.
Фекалиите кои што се влеваат во езерото во делот кај Грашница, според граѓаните, се резулатат на неработењето на колекторскиот систем,заради заштеда на електрична енергија.
Трпчевски вчера изјави дека тоа се случува поради приклучувањето на диво во атмосферската инсталација и фрлање цврст отпад во фекалната.
Стојан Стојаноски, во име на групата граѓани жители крај Грашница,...
Post Views: 1
Денеска од касарната „Михајло Апостолски“ Охрид, свечено беше испратен македонскиот армиски контигент во мировната мисија „ИСАФ“ Авганистан. Нашите војници беа испратени со достојни пораки упатени од високиот државен врв.
Свечениот чин на испраќањето на македонските војници во Авганистан помина на високо државно ниво. Во присуство на Претседателот на РМ и врховен командант на армијата Ѓорѓе Иванов, македонските војници учесници на мировната мисија „ИСАФ“, беа назначени како најдобри македонски амбасадори на демократијата подготвени за најголемата и најсложена мисија....
Post Views: 8
Сопствениците на кафулињата на Самоилова, од ден на ден поставуваат се помасивна урбана опрема која ја стеснува улицата. Раководителот на секторот за урбанизам, Бранко Арнаудовски пред еден месец за ТВМ кажа дека во времените дозволи кои ги издаваат, сопствениците на угостителските објекти имаат дозвола да постават минимална урбана опрема.Реалната слика на терен покажува нешто сосема друго. Ионака тесната улица и без урбана опрема, сега речиси и ја губи својата функција на сообраќајница. Со овој секојдневен проблем се соочуваат жителите од Месокастро, за кои, во одредени...
Post Views: 0
Фестивалот на народни песни и ора „Балкански фестивал“, завршува утре со настапот на ансамбли од Грција и Србија. Гостите учесници на фестивалот воодушевени од организацијата, од убавините на Охрид и од луѓето во градот.
Вечерва настапува токму ансамблот од Хрватска, по него следат и ансамблите од Северен Кипар, Никозија и Косово. Со претстсавување на културните друштва од Грција и Србија завршува овогодинешниот Балкански фестивал. Со свое присуство нема да не удостои најавуваната атракција од Нигерија-Африка.
„Фестивалот е можност на многубројни фолклорни групи од земјава...