Возачката дозвола станува луксуз

Опаѓа  бројот на кандидати за обука на возачи.

 |  Валентина Нелоска  | 

Како причина за намалувањето, почесниот Претседател на Здружението на Авто школите на Македонија, Цане Горѓиески ги  наведува слабостите во Законот за безбедност на патишата. Две години по неговата примена финансиски губат сите, од граѓаните, авто школите до испитните центри вели Горѓиески.

Avto skolaРодителите на своите деца најчесто им го уплатуваат износот за обука на возачкиот испит и  реагираат на висината на цената која засега изнесува некаде околу 400 евра. Со просечни примања од 10.000 денари родителите не можат да платат обука за возење кој а чини околу 27.000 денари. Така возачката дозвола се почесто станува лукзсуз велат поголем дел од родителите.

За да ги покријат финасиските загуби во работењето  испитувачите најчесто ги паѓаат кандидатите. Ретко кој од кандидатите од прв пат го полага испитот. Тоа доведува до зголемување на трошоците и ги одвраќа кандидатите од полагање вели Горѓиески. Потенцира дека граѓаните покрај високата цена се жалат и на односот на испитувачите во испитните центри.

„Испитувачите се однесуваат дрско кон кандидатите, не велам дека треба да положат ако не знаат, но се должни да укажат зошто кандидатот не може да положи во тој  момент“, нагласува Горѓиески.   

Како израз на незадоволство од овие состојби во штрајк стапија Авто школите. Засега протестот е ставен во мирување до средината на месец август. Се очекува Авто школите со предлагачот на законот, Министерството за внатрешни работи,  да ги изменат  бројните  пропусти во Законот за безбедност, потенцира Горѓиески.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top