Post Views: 20
Денеска беше потпишан меморандум помеѓу Атлетската Федерација на Македонија и градоначалникот.
„Со овој зафат, започна да се реализираат моите заложби кај Билјани извори да се изгради мал олимписки центар“, рече градоначалникот Александар Петрески.
Атлетската Федерација на Македонија претставувана од претседателот, Цветко Грозданов и Општина Охрид, т.е градоначалникот Александар Петрески, денеска потпишаа меморандум за изградба на атлетска патека.
„Овој меморандум се склучува врз основа на веке склучената соработка помеѓу Атлетската Федерација на Македонија , Македонскиот...
Post Views: 1
Во одбрана од високите температури, Црвениот крст во соработка со „ИЛИНА“ од денес и во наредните три дена ќе дели вода на минувачите.
Медицински екипи ќе вршат мерење на крвен притисок и ќе интервенираат доколку за тоа има потреба.
„Летните горештини се очекува да го достигнат максимумот, а тоа претставува голем ризик по нашето здравје, па треба да се придржуваме до оние основни правила за да се заштитиме“, вели Сашо Точко.
Граѓаните ја поддржуваат ваквата акција и велат дека во овие жешки денови треба почесто да има вакви случувања со цел за превенција на здравјето.
„Акцијата...
Post Views: 5
Уште еден белег по кој Охрид ќе биде препознатлив. На цитаделата кај долна порта ново откритие.
Санацијата и реставрацијата на бедемските ѕидини на Самоиловата тврдина , продолжува со забрзано темпо. Реставрацијата се спроведува во фази, зависно од стредствата добиеми од министервото за култура, велат од завод и музеј.
„Долна потра била од огромно значење за некогашен Охрид“, вели Паскали.
„На ова место пронајдена е уште една кула, која е со многу поголеми димензии од оваа која што во моментов се реставрира.Од завод и музеј најавуваат нејзина санација и доиздрадба...
Post Views: 0
Ова прашање им се постави на одговорните на локално и државно ниво на денешниот состанок кој го одржа Комисијата за туризам и локален економски развој . Претседателот на Комисијата Верица Хајба преку бројни анализи ја изнесе состојбат во туризмот во Охрид, според која оваа економска гранка трпи невидени загуби.
„Приватните станоиздавачи се физички лица кои што се занимаваат со работа од помал обем“, рече Ѓоко Бошалески одговорниот на Државниот пазарен инспекторат.
Тој додаде дека законот е јасен и одговорноста паѓа на општинската инспекција за туризам.
Гоце Симоноски...
Post Views: 0
Веќе два дена кај комплексот „Билјанини извори“ охриѓани и бројните туристи имаат невообичаена глетка.
Пред контењерите во овој дел од градот оставен е сток со сено. Од комуналниот инспекторат незнаат кој е сторителот за соодветно да го санкционираат. Напомош го повикаа Комуналец. „Само вака ќе влеземе во Европа“, иронично коментираат бројните минувачи кои пазарат во двата големи маркети во населбата Билајнини извори.
Во вакви и слични случаи граѓаните најчесто вината ја фрлаат на ЈП Охридски Комуналец. Отаму објаснуваат дека поплаките се упатени на погрешна адреса....
Post Views: 1
Завод и музеј овој период подготвува збирка од Охридски килими, преку кој се претставува нашиот идентитет. Збирката засега е недостапна за јавноста, поради недостаток на изложбен простор.
Македоските етнолошки педмети се од непроценливо богатство. Преку нив се презетира културата и богатството на една земја. Во Охридскиот регион сеуште има голем број на рачно изработени килими. Дел од нив, сопствениците сеуште себично ги чуваат во подрумите, а останатите предавајки ги на завод и музеј, одлучиле тие да се достапни до сите. Минатата година завод и музеј конкурираше до...
Post Views: 0
Општинскиот инспекторат ќе става крај на узурпацијата на јавните површини и објекти од страна на правни субјекти за нивно сопствено рекламирање.
Паричните казни предвидени со законот кои се прилично високи, се надеваме дека ќе ја подигнат свеста на оние кои бескрупулозно истиот го прекршуваат, велат од инспекторатот.
Согласно законот за јавна чистота ЗАБРАНЕТО е лепење на плакати и соопштенија на јавни места кои не се предвидени за таква намена, посочува Танас Танаскоски од општинскиот инспекторат. Редно е да сетави крај на оваа безобразна навика, вели тој.
Казните предвидени...
Post Views: 8
Во организација на фондацијата „Културна помош“ од Холандија и здружението „Јавна соба“ од Македонија од денес до 26ти овој месец , Охрид ќе биде домаќин на Холандски филмски фестивал насловен како „ Високи достигнувања од ниската земја“.
Традиционалните, длабоки и втемелени врски се основа за организацијата на овој фестивал, кој ќе придонесе за продолжување на туристичката сезона, вели Тони Тунтев, заменик на градоначалникот на Охрид.
Холандскиот филмски фестивал е замислен како ротирачки фестивал, чија појдовна точка е Охрид. Истиот има за цел да ја анимира публиката...
Post Views: 1
Ова е уште една група која ги негува старите народни песни што е доказ дека младите се повеќе се заинтересирани за македонскиот етно фолклор кој е надалеку прочуен.
Етно атракција на Охридско лето. „Монистра“ е македонска група која во јавноста е присутна од 2002 год. Гостувањето на Охридско лето не е случајно, вели Тони Симоновски директорот на фестивалот. Тој додава дека се работи за музичари кои ги имаат освоено сите симпатии како на домашната така и на светската публика.
Менаџерот на Македонската етно група „Монистра“ Бранко Јовевски, вели дека чест е што настапуваат...
Post Views: 9
Деталната реконструкција што се изврши врз судската зграда при Основен суд во Охрид, освен што ќе ги подобри условите за работа со странките, ќе овозможи и поголема транспарентност.
Основниот суд од Охрид се отвара пред јавноста. Инвестицијата од 600 000 американски долари добиени преку проектот на Светска банка за правна и правосудна имплементација, ги подобри условите за работа во Охридскиот суд. Тоа се однесува на вработените во судот како и на граѓаните кои се странки во судот. Податокот дека во 2008 година драстично е намален бројот на судски предмети претставува...
Post Views: 0
Мора да го има Св. Наум во централното градско подрачје, велат иницијаторите на проектот – охридските пратеници.
„Св. Климент и Св. Наум треба да се еден до друг. Ако го додадеме фактот дека во близина се нивните учители Светите Кирил и Методи, тогаш имаме целина“, велат охридските пратеници Александар Николовски и Цветко Грозданов.
Тие денеска јавно ја изнесоа идејата и нивна заложба, во централното градско подрачје, наспроти рибниот ресторан, да се постави спомен одбележје на Св. Наум Охридски чудотворец.
„За оваа иницијатива размислувавме многу долг период,...
Post Views: 0
Ако природата сиот раскош и убавина ги истурила во Охрид, не може а да не се наметне прашањето, зошто години, па и децении наназад потфрламе во основата за исполнување на целта на туризмот – неговата организација.
Охрид, со својата местоположба и природни убавини, никого неможе да остави рамнодушен. Убавините на Плаошник, архитeктурата во стариот дел на градот, локалитетот „Заливот на коските“, манастирскиот комплекс Св. Наум, 365-те цркви, природната убавица Галичица, секако бисерот на Охрид – Охридското езеро, може да го направат град на вечноста. Но, Охрид...