Лето во Охрид, културен, туристички и социлошки феномен

Ако природата сиот раскош и убавина ги истурила во Охрид, не може а да не се наметне прашањето, зошто години, па и децении наназад потфрламе во основата за исполнување на целта на туризмот – неговата организација.

 |  Николовска Биљана  | 
zmii
змии

Ако природата сиот раскош и убавина ги истурила во Охрид, не може а да не се наметне прашањето, зошто години, па и децении наназад потфрламе во основата за исполнување на целта на туризмот – неговата организација.

tezgiОхрид, со својата местоположба и природни убавини, никого неможе да остави рамнодушен. Убавините на Плаошник, архитeктурата во стариот дел на градот,  локалитетот  „Заливот на коските“, манастирскиот комплекс Св. Наум, 365-те цркви, природната убавица Галичица, секако бисерот на Охрид – Охридското езеро, може да го направат град на вечноста. Но, Охрид во моментов очигледно е жртва на бројни интереси, кои даваат сосема поинаква слика.  

Туризмот во Охрид вечно во транзиција. Научно, тој претставува комплексна економска гранка. Неговата комплексност произлегува од големиот број понуди што се нудат на гостинот, кои меѓу себе треба беспрекорно да функционираат за да се постигне целта – туристот да замине задоволен од Охрид.

Се би било поинаку, доколку постои стабилна соработка помеѓу властите на централно и локално ниво, во насока на создавање заедничка стратегија со визија како Охрид да се развива во поглед на туризмот. Тоа, за жал, во Охрид очигледно затајува.  

kejТуристите се погласни со своите изјави од типот дека Охрид пред се е прескап, хигиената во градот не е на потребното ниво, доминира прегласната музика, неизбежно видлив е кич на пренатрупаните тезги, узурпиран простор насекаде, кафулињата со хаотично распослани маси и столици, плажи без спасувачки екипи, езеро во кое владее хаос од педалинки и скутери, таксисти кои во сезона работат без таксиметар и уште многу други работи, кои евидентно туризмот во Охрид го водат во пропаст.

За да го доживее Охрид со очите на туристите, екипата на ТВМ тргна во предвечерна прошетка низ чаршијата, започнувајќи од Чинарот па се до старото музичко училиште. Наидовме на се и сешто. Да почнеме од почеток. Улични забавувачи од секаков вид, кои сами си ја одредуваат локацијата за изведба, водени од принципот „каде повеќе луѓе, таму и јас“. Праматарските тезги нудат од игла до локомотива. Низ лавиринтот од тезги се може да се сретнем освен корпи за отпадоци.

Попатна станица е мини плоштадот пред трговскиот центар „АМАМ“. До минатата година, единственото место каде можеа да се набават половни книги,  што претсатвуваше еден мал културен одраз на градот, денес под инвазија на нешто што е на граница на кичот. Ова место е пазар на производи со плагијати на познатите охридски обележја, но со катастрофално лоша изработка. Што се купува туристиот, како автентичен сувенир од Охрид, ниту Министерството за култура знае, ниту пак некоја друга надлежна институција. Сертификат – што ли беше тоа! Како и секоја сезона и годинава присутни момчињата со змиите. Дали и колку тие влекачи се безопасни, нема гаранција, одговорноста си ја сноси секој за себе. Од друга страна, што е со правата на кутрите влекачи?

По животинското доживување, следува најголемиот културен шок за туристот. Охридскиот плоштад, местото на кое се поклонува и самиот Св. Климент, е приказна сама за себе. Тука не се знае кој јаде, кој пие и кој плаќа. Бројните кафулиња, покрај тоа што максимално го имаат искористено дозволениот простор со претрупани маси и столици, узурпирале и дел од она малку шеталиште кое е останато надвор од белата линија. Во однос на бучавоста, не само што е превисока, уште и се натпреваруваат кој погласна музика ќе пушти. А за видот на музиката…….добро, за вкусовите не се расправа. За цените и да не зборуваме. Охридските угостителски објекти немаат конкуренција во високите цени.  Впечаток е дека цените се превисоки за услугата што се добива и задоволството на крај станува горко. За останатата понуда на плоштадот, доволно е да се каже пченки, пуканки, палачинки, пица на парче, мини крофни, нереализирани уметници, жонглери и циркусот е тука!

Патешествието продолжува накај охридскиот кеј, преку кружниот ток кој некојпат беше сообраќајница, а денес паркинг кој работи со сомнително одобрение. Пред влезот на кружниот ток има видно поставен знак на кој добро се чита забраната за паркирање во периодот од 20:00 часот до 05:00 наутро. Оваа забрана не се почитувала години наназад, па така и годинава. Хаос од паркирани возила и метеж од луѓе кои не можат да се разминат – стандардна слика за „паркингот“. А, забраната за паркирање е донесена за тие, туристите, да можат непречено да се шетаат и да уживаат во глетката кон стариот дел на градот.

Грдата слика продолжува по кејот на езерото. Просторот е се потесен од реквизитите за детска забава, кои ги има насекаде. Повторно се наметнува прашањето за безбедноста на корисниците. Но, кој да се грижи за тоа?  Нема место каде да се седне, бидејќи пред секоја клупа има некаков „артист“ или тезга,  а камоли гостите да можат да уживаат во погледот кон езерското пространство.
И кејот не е поштеден од узурпација. На јавната површина поставени маси и столици од угостителските објекти – дел легално, дел не. А на прашањето кој воопшто дозволил поставување на урбана опрема на самото шеталиште, како одговор добивате само поткренати раменици и тивок коментар од типот „..платив онаму каде што требаше“.

И за крај, ако сето ова не ве засити, тука е лесковачката скара на секој чекор, чија миризба секој турист долго ќе ја памети. Ем лесковачка, ем во Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top